Добредојде, Кикирики.
Земено предвид цената, одржување и достапност на делови и годината, Поло ти е најпаметна опција доколку не те интересира посилен и постартен мотор.
Сузуки, најдобронамерно ти препорачувам од далеку да заобиколуваш.
Тоа само ако купуваш на ново и си знаеш точно како е возено...
Една препорака, без разлика кое возило ќе го бендисаш.
Ако некој инсистира дека ти продава нешто што е многу добро сочувано, а не можеш да увидиш однадвор што е како е
тогаш ти инсистирај на проверка овде ->
https://mkautoekspertiz.mkЌе ти кажат сè од A до Ш.
Ако не лажел продавачот, ќе си ја купиш колата и ќе ја платиш проверката околу 100-тина евра.
Ако лаже - тој нека плаќа.
П.С. Арно вика членот Vladic погоре - Клио е добитна комбинација, со оглед параметрите.