Здраво момци, како што е редот да отвориме нова тема.
Некои од вас веќе знаат, се решив да ја сменам 166
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25609.0.html зошто веќе ја имав подолг период и редно време беше за промена.
После доооолго време во потрага на друг автомобил, мизерен избор со нереални цени, на крај изборот падна на најдобрата можна опција за мене - повторно Алфа овој пат 159
. Пробав да се убедам, да не бидам класичен фанбој, дадов шанса на останатите конкуренти ама сепак, ниеден бренд не ми "легна" ни приблжно како Алфа Ромео. Сега да не претеруваме, зборам за во тој буџет и тој ранг. Во потрага, најдалеку што отидов беше BMW E60, ама кога видов што се продава за какви цени си реков fuck it, не вреди.
И кога би бил искрен, меракот за 159 беше најголем ама кај нас се во толку лоша состојба што не вреди да се ризикува,цело време пратев огласи и не начекав ништо асално.
Колата не е купена од оглас, купена од познаник кој поради проширување на фамилијата мораше да купи нешто пофункционално и поголемо
. Колата беше 2 дена кај мене, ја возев, ја однесов кај Тони да ја провери, ја кренавме на дигалка видовме што треба и на крај бидна работата.
Најболните точки кои се претпознатливи за овој модел(да чукнам во дрво) ги нема сега за сега(значи серво,летва,М32,корозија на преден трап итн..)
Колата е земена за фер цена и има голем простор за средување со оглед на тоа што буџетот за друга кола беше прилично поголем
.
Како што кажав, 1.9 jtdm 120hp 8v без фамозните клапни. На саатот покажува 209.000, според мои проценки има приближно 300.000. Има 18" OEM бандажи со 235/45/18 гуми.
Кога ја земав, сменето е уље,филтри и казанче за антифриз. Колата има тазе сменето сет ламела, за тоа се надевам сум раат.
Приоритетно што е за менување, моментално е термостат(ќе гледам или Behr или Mahle), дава грешка за некој греач треба да се испитаат, дискови и плочки, и пловакот за гориво не дава вредност, односно цело време трепка и покажува 0, најверојатно има некој прекин во инсталацијата, ќе се види тоа дополнително не стигнало на ред. Едно по едно
.
Каросериски и фали едно полирање и во глобала тоа е тоа. Голем сервис иако е направен во скоро време, во план е и тоа да го направам.
Трапот позади/напред е во океј состојба, ќе издржи до наредна пролет/лето каде што е во план целосна обнова(доколку стварно има потреба за тоа).
Од естетика, би го смени ентериерот со црн(моментално е крем премногу е осетлив иако убаво изгледа), би монтирал Ксенон со нови лупи, или реставрација на самите лупи зошто стандарт сите од тоа годиште, без разлика на бренд имаат изгорени лупи. Ако имате за препорака некој пишете зошто
@Napsterce ме игнорира на Viber :'(.
Во план е и гасење на EGR+Remap.
Во кратки црти тоа е тоа, не е нова кола, има за чепкање ама вака меракот ќе е многу поголем, ќе си ја средувам со голем ќеиф и уживање
. Плус како што напоменав, цената беше фер.
Еве некоја слика, само што ја земав отидов на одмор со неа зошто имаше зелен картон, тогаш и си пазарив Vozzi Evropa и поминав скоро 800+км без проблем за сефте
.