Автор Тема: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007  (Прочитано 5547 пати)

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« на: 05 Октомври 2023, 16:57:25 pm »
Здраво момци, како што е редот да отвориме нова тема.

Некои од вас веќе знаат, се решив да ја сменам 166https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25609.0.html зошто веќе ја имав подолг период и редно време беше за промена.

После доооолго време во потрага на друг автомобил, мизерен избор со нереални цени, на крај изборот падна на најдобрата можна опција за мене - повторно Алфа овој пат 159 8). Пробав да се убедам, да не бидам класичен фанбој, дадов шанса на останатите конкуренти ама сепак, ниеден бренд не ми "легна" ни приблжно како Алфа Ромео. Сега да не претеруваме, зборам за во тој буџет и тој ранг. Во потрага, најдалеку што отидов беше BMW E60, ама кога видов што се продава за какви цени си реков fuck it, не вреди.
И кога би бил искрен, меракот за 159 беше најголем ама кај нас се во толку лоша состојба што не вреди да се ризикува,цело време пратев огласи и не начекав ништо асално.

Колата не е купена од оглас, купена од познаник кој поради проширување на фамилијата мораше да купи нешто пофункционално и поголемо ;D. Колата беше 2 дена кај мене, ја возев, ја однесов кај Тони да ја провери, ја кренавме на дигалка видовме што треба и на крај бидна работата.
Најболните точки кои се претпознатливи за овој модел(да чукнам во дрво) ги нема сега за сега(значи серво,летва,М32,корозија на преден трап итн..)

Колата е земена за фер цена и има голем простор за средување со оглед на тоа што буџетот за друга кола беше прилично поголем :).

Како што кажав, 1.9 jtdm 120hp 8v без фамозните клапни. На саатот покажува 209.000, според мои проценки има приближно 300.000. Има 18" OEM бандажи со 235/45/18 гуми.

Кога ја земав, сменето е уље,филтри и казанче за антифриз. Колата има тазе сменето сет ламела, за тоа се надевам сум раат.

Приоритетно што е за менување, моментално е термостат(ќе гледам или Behr или Mahle), дава грешка за некој греач треба да се испитаат, дискови и плочки, и пловакот за гориво не дава вредност, односно цело време трепка и покажува 0, најверојатно има некој прекин во инсталацијата, ќе се види тоа дополнително не стигнало на ред. Едно по едно  :D.

Каросериски и фали едно полирање и во глобала тоа е тоа. Голем сервис иако е направен во скоро време, во план е и тоа да го направам.

Трапот позади/напред е во океј состојба, ќе издржи до наредна пролет/лето каде што е во план целосна обнова(доколку стварно има потреба за тоа).

Од естетика, би го смени ентериерот со црн(моментално е крем премногу е осетлив иако убаво изгледа), би монтирал Ксенон со нови лупи, или реставрација на самите лупи зошто стандарт сите од тоа годиште, без разлика на бренд имаат изгорени лупи. Ако имате за препорака некој пишете зошто @Napsterce ме игнорира на Viber  :'(.

Во план е и гасење на EGR+Remap.

Во кратки црти тоа е тоа, не е нова кола, има за чепкање ама вака меракот ќе е многу поголем, ќе си ја средувам со голем ќеиф и уживање 8). Плус како што напоменав, цената беше фер.

Еве некоја слика, само што ја земав отидов на одмор со неа зошто имаше зелен картон, тогаш и си пазарив Vozzi Evropa и поминав скоро 800+км без проблем за сефте :).






What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #1 на: 05 Октомври 2023, 17:19:42 pm »
Колку коњии ќе добиеш со ремапот, за да му бегаш на овие со Троши Дими (Не) Иде ?  ;D Солидно изгледа, со здравје да се вози.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #2 на: 05 Октомври 2023, 17:23:49 pm »
Со здравје да се вози.
Еве интересно инфо околу ремапот со слики, дино график и видео. :)
https://www.br-performance.be/en-be/chiptuning/1-cars/9-alfa-romeo/116-159/117-2005/119-1-9jtd/

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #3 на: 05 Октомври 2023, 17:37:52 pm »
Со убаво да се користи

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #4 на: 05 Октомври 2023, 19:06:48 pm »
Со здравје да се вози :D :D :D Пушти некоја слика од ентериерот :D

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #5 на: 05 Октомври 2023, 19:35:57 pm »
Со здравје да се вози :D :D :D Пушти некоја слика од ентериерот :D
Фала 😁 Чек да ја зачистам, сеа патосници земав. Не е одлепена шал таблата не се секирај хахаха😁
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #6 на: 05 Октомври 2023, 19:37:40 pm »
Колку коњии ќе добиеш со ремапот, за да му бегаш на овие со Троши Дими (Не) Иде ?  ;D Солидно изгледа, со здравје да се вози.

Зависи, од 150 до 175 треба да се види убаво што како каде.
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #7 на: 05 Октомври 2023, 22:28:31 pm »
Создравје да се вози,како не начека некоја 2.4 зачувана  :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #8 на: 06 Октомври 2023, 00:08:10 am »
1.9 JTDm - 120 не ми се верува дека ќе ја кренеш на 175. 145-150 е пореалистичка бројка.

Создравје да се вози и многу безгрижни километри

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #9 на: 06 Октомври 2023, 00:33:43 am »
Со здравје да се вози :D :D :D Пушти некоја слика од ентериерот :D
Фала 😁 Чек да ја зачистам, сеа патосници земав. Не е одлепена шал таблата не се секирај хахаха😁
Абе да не се упалиле новогодишните сијалички на тоа мислев :P :P Претходниот сопственик се пофали дека ја има ама никад ја немав видено :D

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #10 на: 17 Октомври 2023, 23:34:17 pm »
Ајде да пишеме до сега што се среди после скоро 2.000км извозени кај мене 8)

-Сменет термостат со BEHR(немаше MAHLE мада исти к*рац)+5L антифриз. Пред замена, на автопат знаеше да падне дури и до 60С, сега за сега не мрда под 90С. Исто така побрзо достигнува работна температура.
 

-Во петокот го извадив MAP сензорот за чистење кој беше зацементиран.Не знам како воопшто давал некоја вредност+немаше нит check engine нит бутур. Цел спреј отиде за да се исчисти гарежот, 95% е исчистен, ќе треба уште една рака да се помине, ама инцијално е океј. Нормално, има евидентна разлика пред и после чистење.




-Купени и ставени патосници од кај @Samco


-Извадени задните штопови поради кондензирање. Исчистени од внатре, како што успеав да прочитам, џабе е предихтување, имало маана при производство. Алфистите од Англија викаат дека го решиле проблемот со тоа што избушиле едно мало дупче од долната страна и со помош на правосмукалка го исушиле штопот. Зошто најверојатно во иднина ќе ги менувам со нови/други, најбрзо решение ми беше тоа и сега за сега нејќат ни да чујат да кондензираат, така да problem solved ;D







Следно на листа ми се фаровите, дали има некој да сподели искуство со https://www.instagram.com/prolight__/ ? Вака по слики/видеа делуваат топ, 2год гаранција ама подобро би било да каже некој од прва рака искуство.
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #11 на: 18 Октомври 2023, 00:06:21 am »
Пишав во темата за светла, прашав и јас за Prolight. Мене ми понудија година дена гаранција, рекоа околу 250 евра за монтажа на Bi-LED. Проблемот со нив ми е што гаранцијата е на проекторите, не и на работната рака, а треба да се отвара фар. Не знам дали би ризикувал.

Плус, не знам од кај си, ама недај боже да имаш мака со проекторот, немаш user serviceable делови, мораш пак кај нив.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #12 на: 18 Октомври 2023, 00:29:59 am »
Интересно, но полека со MAP сензорот и пробај да го исчистиш до крај. Пази бидејќи лесно се оштетува физички и ќе мора нов.

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #13 на: 18 Октомври 2023, 00:48:32 am »
Пишав во темата за светла, прашав и јас за Prolight. Мене ми понудија година дена гаранција, рекоа околу 250 евра за монтажа на Bi-LED. Проблемот со нив ми е што гаранцијата е на проекторите, не и на работната рака, а треба да се отвара фар. Не знам дали би ризикувал.

Плус, не знам од кај си, ама недај боже да имаш мака со проекторот, немаш user serviceable делови, мораш пак кај нив.

Од Скопје сум, а они се лоцирани во Гевгелија, да.. истото и мене ме мачи. Ако му бидне нешто на проекторот, ако добро разбирам со вграден LED чип е и нема тука многу што да се прави. Друг момент што ме замисли, колку е ефикасно решено ладењето..вака на слики делува дека има голем heatsink што значи дека нема да смее да се монтира пластичното заштитно капаче на фарот. Со тоа самиот фар ќе биде "ранлив" на надворешни влијанија. На крај или ќе земам други фарови(во Србија DEPO се по 100 евра парче нови) или ќе нарачам и сам ќе монитирам нови лупи за H1/H7 LED.
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #14 на: 18 Октомври 2023, 07:31:02 am »
За мап сензорот, ќе работи и вака гнасен, бидејќи мери притисок (и има и температурен сензор вградено), не влијае многу гарежот на неговата работа, за разлика од, да речеме, маф сензор, кај што прљавштина спречува допир со воздухот и погрешни мерења. Секако побрзо ќе реагира ако е чист, но не е дека нема да работи и стуткан во гареж :)
Што се однесува до фаровите, имаш и добри конверзии во би-ксенон, со ксенон лупи. Дури и "направи сам“ може да се изведе лесно, "E46" проектори, пасуваат „на штраф“. Или цел кит од реттрофит лабс. 
https://retrofitlab.com/collections/alfa-romeo-159/products/alfa-romeo-159-2006-2011-bi-xenon-halogen-headlights

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.