Автор Тема: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)  (Прочитано 2955 пати)

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« на: 17 Октомври 2022, 01:18:45 am »
После долго време манијачење на форумов, си реков ајде да се претставам и јас со една тема, се работи за најголемата во Алфа фамилијата :) .

Во моја сопственост е од 2019год. и до сега(фала му на Бога) после 32.000км поминати заедно, успешно ги побивме сите Алфа стереотипи. Колата е купена од мој роднина,скроз непланирано. Увезена е од Швицарска, јас сум наводно трет газда во МК.Во тоа време првично бев во потрага по Ауди или Гољф, ама кога влегов во 166 и свртев еден круг, реков фак ит, не станувам Ваген секташ, ова е тоа. Budget wise, беше поефтина од Ауди/Голф од таа година, со тоа што добив многу кола за помалце пари.


Мотор: 2.0 TS CF2 - бензин/плин(Landi Renzo монтиран во Плимонт 2013/2014)
KW/HP: 114kw 155hp
NM: 181nm
Мануелен менувач со 5 брзини, погон на предни тркала.
Забрзување до 100km/h: 9.7s
Максимална брзина: 211km/h
Потрошувачка (градска/отворено/комбинирана): 12/8/10
Изминати километри: 248.000(купена со 216.000)

Има стандарт опрема со кожен салон+дрвен волан. За годините има каросериски забелешки, ама кренав раце од пазење од кога ми ја направија лом по паркинзи. Иначе прва боја, кога ја земав беше стакло, ама тоа е што е.

До сега се направени редовни сервиси(ребраст+клинаст+водна пумпа веднаш штом е купена), сменети плочки напред+назад, сменети дискови напред, сменет хладњак+сад за антифриз, х4 мали свеќици,дихтунг на поклопец за вентили х2, додаден шпорт издув и нормално редовни сервисни интервали за уље/филтри/гуми.

Може ќе ја користам темава како дневник, може не... ќе видиме во зависност дали ќе остане уште долго во моја сопственост или не.

Еве некоја слика од поубавите, од напред џабе ќе ја сликам "грда" е :) :












 
« Последно менување: 17 Октомври 2022, 01:52:12 am tomm1060 »
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #1 на: 17 Октомври 2022, 08:34:24 am »
Кај си бе море. Шуќур ти текна.
Зашто бе Ваген секташи? Не е убаво така.
Не е лоша алфава, фино аутце вака да ти кажам право.

П.С. Види провери си, на 4тата слика како да има нешто црно под кола...

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #2 на: 17 Октомври 2022, 12:31:52 pm »
Кај си бе море. Шуќур ти текна.
Зашто бе Ваген секташи? Не е убаво така.
Не е лоша алфава, фино аутце вака да ти кажам право.

П.С. Види провери си, на 4тата слика како да има нешто црно под кола...

Ееее се решив конечно.
Тоа за секта не сум го измислил јас, сигурно има некоја причинa :P .....него остај ти црното под кола, мене друго ме плаши. Од кај тој рефлекс одма под кола да гледаш, да не имаш трауми од Вагените :) ? ХЕ ХЕ ХЕ
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен comang

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #3 на: 22 Октомври 2022, 18:54:13 pm »
Со здравје да се вози. Колата е веќе ретка …. и сигурен сум дека погледи ќе свртува се почесто. Мене лично ми се здодевни новите коли…
Одржавај ја… не штеди на уље, пази на избор на свеќици, варијатор.. имаш многу весели километри во неа. Многу повесели од многуте Ауди/vw тоа годиште.
ex AR 145 1.4TS, ex AR 159 1.9JTDm
AR 145QV.....

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #4 на: 01 Ноември 2022, 01:05:41 am »
Направена екскурзија до Св. Ѓорѓи - Рајчица, Дебар. Вкупно околу 280км поминати. Делот со новиот пат од Маврово накај Дебар претставува вистинско уживање, гасење плинот и гаас почна да реже "Lusso" :) . Меѓу првите работи што ги приметив уште од кога ја купив колата е дека и покрај големината ги јаде кривините.. дури со 16" бандажи, пак влева голема доза на сигурност и прецизност.

Имаше и мала фотосесија, оваа слика ја издвојувам:
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #5 на: 23 Ноември 2022, 02:56:54 am »
Денес, на 249.900км сменети зимски гуми, 600ден промена+балансирање за 16"
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #6 на: 30 Ноември 2022, 01:19:54 am »
Заокруживме денес 250.000км.

Чим е Алфа во прашање, реална е 100%..само може да е додаден + некој километар, да е враќана нема шанси ;D


What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #7 на: 30 Ноември 2022, 06:24:15 am »
Пооготово на TS мотор! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #8 на: 01 Декември 2022, 14:21:04 pm »
Со здравје да се вози и да нее урочена  ;D

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #9 на: 01 Декември 2022, 16:45:40 pm »
Ubavo brojce

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #10 на: 09 Февруари 2023, 02:59:56 am »
Колеги Алфисти со 166/147..да споделам важно искуство и предупредување во врска со капачето од садот за антифриз(доколку е постаро од 10 години). Денес при дополнување на средство за брисачи, се свртев накај казанчето за антифриз да проверам моментална состојба, чисто од одговорност не дека има некој проблем..ама..некако имаше сенка и за среќа не успеав убаво да видам(обично нели од око се гледа макс/мин) и си реков да го отворам за секој случај да видам што се случува. Го отварам капачето и гледам голем ФЕДЕР во садот..одма реакцијата ми беше WTF?!

Кога го кревам капачето, цела внатрешна пластика од вентилот за вакум на самото капаче?(ваљда вака се вика) се скршила и сите пропратни делови,вклучувајќи го и федерот се нашле во самиот сад. Земам да го извадам федерот, случајно гледам и многу мало федерче..среќа успевам да го извадам и тоа. Го гледам дизајнот на самото капаче и гледам дека ми фалат некои делови, одма добивам мини инфаркт..што ако отишле во системот за ладење и веќе запушиле нешто..

Гуглам за проблемов, и испаѓа дека веќе е добро познат и се има доста случувано. Отварам сликите, ми фалат 3 делчиња..црвеното прстенче, и две парчиња пластика што се скршиле. Одма земав да го вадам садот со надеж дека се ќе најдам тука и дека ништо нема отидено кај што не треба :). Среќа, кај 166 садот има комори па сите делчиња што фалеа ги најдов заглавени меѓу коморите, па кога е изваден садот надвор, лесно успеав да ги отстранам. Одма преовлада големо олеснување. Купено е друго капаче и приказната среќно се заврши после 1 час работа.

Еве како изгледа кога ќе се направи бељата:


Еве како треба да изгледа:



За да не се случи ова, препораката е да се менуваат сите капачиња кои се постари од 10 години. Има подетално објаснување на следниов линк+некој редизајн на самото капаче, без вентил што ваљда нема да штети, а e доста посигурна варијанта: https://www.devonbuy.com/radiator-coolant-reservoir-cap-replacement/

Мислам дека ги има само кај 166 и 147, не сум сигурен за другиве модели, така да.. совет од мене проверувајте и менувајте капачињата со време :)

P.S. Ваквиот дизајн е застапен кај повеќе производители, не е само кај Алфа Ромео(пред да почнете со тролање)  8)
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #11 на: 09 Февруари 2023, 07:42:39 am »
Тоа replacement капачето, можда е посигурна варијанта во ондос на распаѓање, ама јас сепак би одел на ОЕМ (или подобро Оригинален резервен дел од FIAT/Alfa) капаче за експанзионен сад. Башка, твоето издржало 22 години. Ете, и новото нека издржи 20, доста ќе е. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #12 на: 09 Февруари 2023, 12:51:29 pm »
Ако се со ист квалитет како првичното од фабрика, реално да, второто капаче најверојатно ќе ја надживее колата :) .
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен пеперутка16

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #13 на: 09 Февруари 2023, 14:05:29 pm »
Леле, добро се погриживте :-*, прекраснa :-* :-*

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 166 2.0 TS (2001год.)
« Одговори #14 на: 09 Февруари 2023, 15:43:08 pm »
Јас затоа не проверувам антифриз ;D