Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 17146 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #120 на: 20 Октомври 2023, 22:54:35 pm »
Ќе каже @osmica8 со кои точно ледови за задни жмигавци успеа да се побратими.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #121 на: 21 Октомври 2023, 22:51:52 pm »
Со никои.

Одлично светеа од надвор. Ама внатре правеа hyper flash на шалтабла. Се извадов.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #122 на: 29 Октомври 2023, 12:17:08 pm »
Продолжуваме со досредување на ситници, и не толку ситници. Минативе (скоро) месец дена бандажите беа кај Дарио на комплетно средување. Од “само се со црна боја офарбани“, испадна дека сите четири бандажи беа искривени, дека биле фарбани повеќе пати со несоодветна подготовка, и дека севкупно се во очајна козметичка состојба. Бандажите ги исправив во автосервис Борче по препорака од Дарио, и отидоа кај него на средување.

Вчера ги зедов, и искрено сум презадоволен. Комплетно исчистени до милиметар, па направена соодветна припрема, па исфарбани. Нијансата е антрацит/gunmetal боја од Porsche, мат финиш, со интересно прелевање на различна светлина. Се помислив да ги вратам во фабричката сребрена боја, ама не сум голем фан на таа боја на бандажи, особено откако видов црвена Giulietta со истите. Сакав потемни.

За да не е нецелосна работата околу тркалата, набавив и нови OptiVent скриени вентили, како и нови OEM капачиња. На сликата е само едно капаче бидејќи yours truly не прочита на Alfisti дека цената е за ПАРЧЕ, па сега си ги чекам другите три да излезат од царина.

Купив и нови штрафови за тркалата, старите беа 'рѓосани малку. Во овој контекст да ги поздравам Аутомобиле СК, кои ми побараа 480 денари за ЕДЕН ШТРАФ, и ми дадоа понуда од 9,600 денари за 20 штрафови, ако сакам да ги нарачаат и да ги почекам. Се снајдов од друго место. Не се ОЕМ, ама по препорака ги зедов така да не се сомневам во квалитетот.

На крај, за да не правам големи трошоци наеднаш, сакав зимава да ја извозам со зимските гуми што ги добив со колата. Среќа шо ги проверив со време, пошо беа со DOT од 2016та, меури на две од четирите гуми, и потскинат sidewall овде-онде. Како последица на сето то, спакував и еден комплет Pirelli Sottozero 3 од Мотоцентар. Се мислев помеѓу тие, Continental TS870p и Michelin Pilot Alpin 5. Сите беа во распон од 100 евра разлика во цена за четири гуми, и за моето возење преку зима сите три беа еднакво супер опции по перформанси. Пресуди “најтазе“ датумот на производство на Pirelli-то (DOT 3423), како и rim protector-от кој се надевам никогаш нема да го искористам.

Бандажите моментално ми се дома, по препорака од Дарио до среда ги оставам да се исушат убаво, па во среда ќе одат на колата комплет со се гуми, вентили и капачиња, како што е ред.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #123 на: 29 Октомври 2023, 12:39:14 pm »
Аууу браво за бојава!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #124 на: 29 Октомври 2023, 13:30:47 pm »
Жал ми е што предложив овластен сервис за штрафови.

Бандажите излегле одлично, ми се свиѓа "brake dust compatible" нијансата ;D

Убаво си се грижиш за колата, да си ја возиш и уживаш во неа, после толку труд - ти должи :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #125 на: 29 Октомври 2023, 14:11:34 pm »
Hypersilver е бојата? Предобро излезено.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #126 на: 29 Октомври 2023, 14:30:28 pm »
Жал ми е што предложив овластен сервис за штрафови.

Бандажите излегле одлично, ми се свиѓа "brake dust compatible" нијансата ;D

Убаво си се грижиш за колата, да си ја возиш и уживаш во неа, после толку труд - ти должи :)

Не бе, таман работа, шо жал :D Јас прво прашав во Мотоцентар ама тие што ги имаа на залиха беа предолги, па тркнав до Аутомобиле СК.

Не ми ни текна дека се "brake dust compatible" хахаха. Инаку да, ја зедов со намера да ја донесам до некое си мое “идеално“ ниво, не штедам на одржување и сервиси, и се надевам дека ќе потрајт :)

Hypersilver е бојата? Предобро излезено.

Во живо нијансата е страшно добра. Не сум сиугрен за точната нијанса, ама ќе проверам за да имам податок за евентуално за touch up.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #127 на: 29 Октомври 2023, 18:07:50 pm »
Јас па најголема замерка имам за нијансата. Иако е добра бојата, не е автентична. Да си прашаше тука, ќе си добиеше точен код на автентичната Alfa Romeo боја.

Како и да е, со здравје да си ги возиш со VAG шмек :P

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #128 на: 29 Октомври 2023, 18:15:45 pm »
@Simo - Carrier159 имаш нешто против шмекот на VAG? Уште ли не прогледа јасно?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #129 на: 29 Октомври 2023, 18:28:51 pm »
Да возам италијанско ауто, и да знам дека нешто „ми мириса“ на VAGен, макар и нијансата на бандашот.... ух... :D

Инаку, не би имал против, оваа порше нијанса на бандаш да е на моите порше бандаши, на мојата 911 GT3 :P

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #130 на: 29 Октомври 2023, 18:32:14 pm »
Не бркав автентична боја. Сакав нешто што по мое убаво би изгледало на колата, и мене лично би ми праело мерак. Од тој аспект, јас сум задоволен :)

Размислив и да одам на скроз автентичното сребрено, како шо излегле од фабрика. Ама не ми се бендиса.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #131 на: 29 Октомври 2023, 18:37:26 pm »
Автентична е и Titanio Satinato Metalizzato (Alfa Romeo Codice VV658B). Kако добро звучи, а? Далеку по автентична од УберХиперСилберГрау :D
« Последно менување: 29 Октомври 2023, 18:48:50 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #132 на: 29 Октомври 2023, 18:56:26 pm »
Бмв и Лексус возат хајперсилвер не Ваг.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #133 на: 29 Октомври 2023, 18:57:27 pm »
Автентична е и Titanio Satinato Metalizzato (Alfa Romeo Codice VV658B). Kако добро звучи, а? Далеку по автентична од УберХиперСилберГрау :D

Абе е. Убава си е бојата, ама лично не ми прајт ќејф колку оваа шо ја одбрав. Вкус е во прашање :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #134 на: 29 Октомври 2023, 18:59:08 pm »
На крајот тоа е најбитно, тебе да ти е по кејф ;)