- нова кола од салон купена со кредит од банка или лизинг, никако кеш
- половна кола, најмногу 2 години стара, најмногу 50к поминати, со останати уште 3+ години ФАБРИЧКА гаранција, исклучиво на лизинг, никако кеш или банка
Чим се намести на центар, објасни.
Што е лизинг и како функционира? (стварно не знам, а цела европа функционира со лизинг и со враќање на стара и земање на нова кола).
И кога ќе ја купиш на лизинг, дали колата е на твое име или на банката/фирмата.
Извини, се подизгубив малце во темава. Лизинг значи дека ти не купуваш кола, туку лизинг компанијата ја купува, па ја ренташ од нив, а откако ќе ја отплатиш вредноста на колата со рентата што ја плаќаш, ти даваат можност да си ја купиш колата за 1 денар. Е сега ако колата не е во возна состојба, обврска на лизинг компанијата е да ја поправи или да ти даде нова, бидејќи ти плаќаш кирија за да возиш, не те интересира дали е удрена, расипана, украдена или друго. Затоа лизинг компаниите бараат задолжително каско, и ако се купува половњак, да е со фабричка гаранција, за да можат за беспари да средат све што не ваља со колата. Со зимање кола на лизинг, ти како возач си осигуран дека нема да останеш без функционални 4 тркала под гз, затоа е за нијанса поскапо од банкарски кредит.