Автор Тема: Половно вс Ново возило  (Прочитано 5375 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #60 на: 02 Март 2023, 09:26:18 am »
Процедурално: Какви коментари испрочитав... да ви се чуди човек на паметот. Треба малку да се подигни нивото на комуникација јас мислам.

На темата: Не ви ја разбирам поентата на докажување? 5 страници поназад објаснавме.

Имате два реални избори

- Нова кола 15км, 5/7 години гаранација, лизинг, каско. Капата на криво.
- (По)нова кола до 100 000км, 3-4 години стара, со фабричка гаранција, на упола цена - што влегува во ранг на оваа новата, ама една класа повисока (А6, Е класа, 5-ка).

Со новиве случувања на пазарот, оваа втората тешко се наоѓа бидејќи цените на половните возила не мрднаа во последниве речиси 3 години, така што тешко дека ќе најдете Е класа од 2019-2020 за 25000 евра да речеме тука да ја увезите.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #61 на: 02 Март 2023, 10:03:27 am »
^ и 20 страни ќе се пополнат и пак нема да се дојде до ТОЧЕН заклучок и избор, затоа што не постои таков
тоа е лична преференца и лично ценење на средства, потреби и ќеф

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #62 на: 02 Март 2023, 10:48:15 am »
Нема потреба од докажување, може да си дискутираме на кој што му чини. Според мене и едната и другата страна имаат добри аргументи. Да не чинеа половњаците, по употреба одма на преса ќе одеа, немаше да се нудат на маркет. Дека е подобро ново у целофан спакувано, секако дека е подобро, но пакувањето кошта екстра пари, за некого сосема оправдано, за друг неоправдано многу пари. Секој си одлучува согласно своите потреби, желби и буџет. Хипотетички,  некој сака стара 335i купе, и не му е гајле дека за истите пари може да купи нова шкода суперб 1.5тси. Друг, ќе е пресреќен со супербот, затоа што си обезбедил гарантирана мобилност, безбедност што ја нуди ново возило, па ете, и тач екран фрлиле гратис у конфигурацијата :)
Дајбоже сите да можеше да си дозволиме нови коли какви што сакаме. Тоа е најдобрата варијанта.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #63 на: 02 Март 2023, 10:55:24 am »
Амин, брате.

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #64 на: 02 Март 2023, 11:16:18 am »
И сега? Пак не решивме ништо..... :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #65 на: 02 Март 2023, 11:17:24 am »
Јованке дај по еден голф за сите.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #66 на: 02 Март 2023, 11:24:19 am »
И сега? Пак не решивме ништо..... :D

Еј бре...

:D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #67 на: 02 Март 2023, 11:25:45 am »
И сега? Пак не решивме ништо..... :D

Dva pati po red mi doagjase mislata deka mozebi e i ubava rabota da si kupam nova kola. Dva pati po red na kraj ispadna polovna.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #68 на: 02 Март 2023, 11:50:23 am »
А баш беше удава темата за дискусија, ама поето многу општ беше насловот, очекувано дојде до препукувања за куриња и други работи.
Ај да усредоточиме малку.
Да дискутираме значи што е подобро некој да си купи нова кола за 35.000 евра или да ја купи модата Шкода Суперб еве рецимо, ај да видам...

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #69 на: 02 Март 2023, 11:50:42 am »
А баш беше удава темата за дискусија, ама многу општ беше насловот, очекувано дојде до препукувања за куриња и други работи.
Ај да усредоточиме малку.
Да дискутираме значи што е подобро некој да си купи нова кола за 35.000 евра или да ја купи мојата Шкода Суперб еве рецимо, ај да видам...
« Последно менување: 02 Март 2023, 12:03:29 pm miksi »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #70 на: 02 Март 2023, 12:09:10 pm »
И сега? Пак не решивме ништо..... :D

Dva pati po red mi doagjase mislata deka mozebi e i ubava rabota da si kupam nova kola. Dva pati po red na kraj ispadna polovna.
Камрито твое може слободно да се стави во категорија на ново возило.

Јас би рекол дека најдобриот избор за ново вс половно треба да биде донесен пред се колку финансиски ќе можеш такво возило да одржуваш да е во добра состојба, да имаш пари за нови гуми дали кинески или германски не навлагам во муабетот, да имаш пари за гориво, дали возилото има/нема гаранција, дали купуваш кеш или на кредит итн.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #71 на: 02 Март 2023, 12:11:25 pm »
Да дискутираме значи што е подобро некој да си купи нова кола за 35.000 евра или да ја купи мојата Шкода Суперб еве рецимо, ај да видам...

5 метра кола кај мене не збира во двор, без екстра маневар. Така да, ќе мора нова да земам за 35.000, хечбек, такви и ми се бендисуваат.  :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #72 на: 02 Март 2023, 12:42:36 pm »
Златно А6, Камри ќе купуваат...

Ако е Камрито во најмала рака - на исто ниво со А6. Ако не и бољи ауто.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1131
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #73 на: 02 Март 2023, 13:12:44 pm »
Некогаш брендот, игра улога, ради срцето. Го праевме вчера погоре муабетот со Симо. 

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #74 на: 02 Март 2023, 13:15:30 pm »
И сега? Пак не решивме ништо..... :D

како тоа не сме решиле  ;D ;D



http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4594044