Автор Тема: Половно вс Ново возило  (Прочитано 5409 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #75 на: 02 Март 2023, 13:16:09 pm »
Некогаш брендот, игра улога, ради срцето. Го праевме вчера погоре муабетот со Симо. 

Алфа и Ауди немаат допирни точки кога се работи за "со срцето".

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3844
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #77 на: 02 Март 2023, 13:49:53 pm »
Немаш ти допирна точка со животот изглеа

Баце, дај олабај ме, живти сè. Видиш ли мој пост - рипни го, ко Бога те молим.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #78 на: 02 Март 2023, 13:56:17 pm »
Срце си.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #79 на: 02 Март 2023, 14:39:38 pm »
Златно А6, Камри ќе купуваат...

Ако е Камрито во најмала рака - на исто ниво со А6. Ако не и бољи ауто.
Со сета почит кон камри пошто и ја веќе долго време му ја мислам да си зеам или рав4ка, но доволно е да се види подвозјето кај двете возила и се ќе стане јасно зошто едното е бољи од другото и нема потреба да се споредуваат. Користење на алуминиумски делови во подвозје, задна осовина а воздушн а не амортизери, предна осовина е обично double wishbone наместо macpherson итн итн.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #80 на: 02 Март 2023, 17:25:50 pm »
- нова кола од салон купена со кредит од банка или лизинг, никако кеш
- половна кола, најмногу 2 години стара, најмногу 50к поминати, со останати уште 3+ години ФАБРИЧКА гаранција, исклучиво на лизинг, никако кеш или банка

Чим се намести на центар, објасни.  :D

Што е лизинг и како функционира? (стварно не знам, а цела европа функционира со лизинг и со враќање на стара и земање на нова кола).

И кога ќе ја купиш на лизинг, дали колата е на твое име или на банката/фирмата.  :)

Извини, се подизгубив малце во темава. Лизинг значи дека ти не купуваш кола, туку лизинг компанијата ја купува, па ја ренташ од нив, а откако ќе ја отплатиш вредноста на колата со рентата што ја плаќаш, ти даваат можност да си ја купиш колата за 1 денар. Е сега ако колата не е во возна состојба, обврска на лизинг компанијата е да ја поправи или да ти даде нова, бидејќи ти плаќаш кирија за да возиш, не те интересира дали е удрена, расипана, украдена или друго. Затоа лизинг компаниите бараат задолжително каско, и ако се купува половњак, да е со фабричка гаранција, за да можат за беспари да средат све што не ваља со колата. Со зимање кола на лизинг, ти како возач си осигуран дека нема да останеш без функционални 4 тркала под гз, затоа е за нијанса поскапо од банкарски кредит.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #81 на: 03 Март 2023, 07:24:39 am »
Има оперативен и финансов лизинг, твојот пример е за оперативен. И нормално дека лизингот е поевтин зошто каматата е пониска од банкарски класичен кредит. Но да, каското е задолжително.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #82 на: 03 Март 2023, 07:43:43 am »
На тој лизинг си условен со одредена годишна километража, пример до 10000км годишно е фиксна цена и секој километар потоа се наплаќа екстра.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #83 на: 03 Март 2023, 08:19:33 am »
Ти можеш да се договориш на 20.000 годишно без проблем ама остаточната вредност на возилото ќе биде помала што значи дека месечната рата ќе ти биде некое евро повисока.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #84 на: 03 Март 2023, 09:59:17 am »
Фундаметалната разлика помеѓу финансискиот и оперативниот лизинг е
во тоа што финансискиот лизинг претставува финансирање на купувањето
(корисникот на лизинг станува сопственик на предметот на лизинг со исплата на
последната лизинг рата), додека оперативниот лизинг (закупот) е замислен како
користење на предметот на лизинг.


Со други зборови на оперативен, договараш колку време / километража, плаќаш (ренташ) ама на крај не си сопственик.

Кај финансискиот на крај стануваш сопственик.

Кај оперативниот го враќаш возилото назад.

Кај финансискиот имаш опција да го вратиш назад возилото и да го искористиш како учество за ново возило и да продолжиш да плаќаш месечна рата и секогаш да возиш ново возило.
Другата опција е да си го префрлиш на твое име и да си го користиш како сопствено возило.

Предноста на двете е што плаќаш релативно помала каматна стапка во однос на банкарски кредит и далеку ДАЛЕКУ поедноставна процедура за одобрување на лизингот, бидејќи газда на возилото ќе си биде лизинг компанијата.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Половно вс Ново возило
« Одговори #85 на: 03 Март 2023, 15:00:44 pm »
Оперативен за физички не знам дали има кај нас, а и да има прескапо е за северџански услови


Sent from my iPhone using Tapatalk