Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60481 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #630 на: 07 Јуни 2024, 12:29:56 pm »
На сонце:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сунце му ... На слика дели, кога сликав баш ја гледав не се заприметува.

Од внатре ништо не се заприметува  ;)
Вози си, свиркај си и не се замарај... не фрлај повеќе пари на неа... собирај за другата што ти е во план, побрзо ќе ти дојде времето за земање така :)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #631 на: 07 Јуни 2024, 12:41:46 pm »
Мене колата естетски ми изгледа стварно добро, нормално е да има по некоја гребаница или трага од друга кола, и најбитно кај сива металик е што не ти двои ниту еден панел (со наши мајстори тоа ретко се гледа), барем јас тоа што гледам секојдневно. Размисли си дали воопшто да ја фарбаш, разбирам кеф ама кај тебе не гледам потреба. Ете сакаш да вложиш во голем сервис со топ делови, механички топ и натепај малку километража на шетање, викенди, одмори, земи некој грчки остров помини го „уздуж и попреко“.
Не слушаш постари луѓе, секој еден совет од луѓето тука е од искуство, не дека сите сме експерти за коли и слично. Наредна слика што ќе ја ставиш да биде од некоја плажа :). Некој те посоветува погоре, убаво тоа желба за Лексус, ама едни нервози се со одржување на една „обична„ и „ефтина“ Астра, а замисли со „новиот“ Лексус што ќе се случува а ќе биде доволна една работа да се случи како за сите Астри. Таман додека да и се изнавозиш на Астрата (редно е веќе), имаш доволно време да размислиш што ќе земеш следно, со оглед на твоите години, најдобро е нешто економично за оджрување. Најбитно го среди крилото што беше корозирано, а сега не се замарај што двои, само вози.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #632 на: 07 Јуни 2024, 13:17:19 pm »
Искрено најмал проблем ти е што двои бојата. Поголем ако не и најголем проблем со колава е што сега летото на 40 степени ќе се осеќаш како јагне на ражен внатре. И ти пак даваш пари за глупости по колава.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1006
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #633 на: 07 Јуни 2024, 14:04:30 pm »
Искрено најмал проблем ти е што двои бојата. Поголем ако не и најголем проблем со колава е што сега летото на 40 степени ќе се осеќаш како јагне на ражен внатре. И ти пак даваш пари за глупости по колава.

Кола без клима се зема/чува само за на стаза, а не за дејли.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #634 на: 07 Јуни 2024, 14:33:53 pm »
Татко ми има клима, незнам дали 2 пати ја пушта летото за низ град..вие зборате за Скопје, не е исто.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #635 на: 07 Јуни 2024, 14:43:16 pm »
Малееееее шо сторете...
Супер си е искочено, нормално тазе фарбаното нема да биде ист лакот како на старите панели пошто е печен 20 и кусур години.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #636 на: 07 Јуни 2024, 14:43:54 pm »
Ќе се прави прелаз. Ја оставив денес, ја исполира, излегоа 3 нијанси различни, вака барем три панели нека бидат исти, само задниот полумесец различен.
Инаку за клима низ град можеби имам потреба. На отворено струи воздухот и на ладно пуштено парното лади. А па и Прилеп што е еден голем град, 4км од едниот до другиот крај и два три семафори успат.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #637 на: 07 Јуни 2024, 15:23:35 pm »
Ќе се прави прелаз. Ја оставив денес, ја исполира, излегоа 3 нијанси различни, вака барем три панели нека бидат исти, само задниот полумесец различен.
Инаку за клима низ град можеби имам потреба. На отворено струи воздухот и на ладно пуштено парното лади. А па и Прилеп што е еден голем град, 4км од едниот до другиот крај и два три семафори успат.

Струи струи земи отиди со неа на одмор па ќе правиме муабет. Мислам далеку од тоа дека нема да преживееш млад си. Ама ќе се измалтретираш минимум дупло отколку кола со добра клима.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #638 на: 07 Јуни 2024, 16:20:17 pm »
Ако немаш клима во кола на одмор одење само со Автобус/Авион или со рентакар што има клима :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #639 на: 07 Јуни 2024, 17:19:22 pm »
A si razmisluval da i opnes edna folija nadvoresno na cela kola primer mat aluminium ili brusen aluminium eventualno perla mleko bela?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #640 на: 07 Јуни 2024, 17:28:58 pm »
Планирав на претходната кола, бидејќи другар на ист таков Мерцедес залепи фолија, па кога ми кажа цена 1100€, а Мерцедесот го продадов за 1500...
Доста е сега со такви идеи  ;D
Уште сервисот наредна или понаредна недела и да се спрема за Грција.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3842
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #641 на: 07 Јуни 2024, 18:25:47 pm »
Ќе се прави прелаз. Ја оставив денес, ја исполира, излегоа 3 нијанси различни, вака барем три панели нека бидат исти, само задниот полумесец различен.
Инаку за клима низ град можеби имам потреба. На отворено струи воздухот и на ладно пуштено парното лади. А па и Прилеп што е еден голем град, 4км од едниот до другиот крај и два три семафори успат.

Денес се возев со пикап со расипана клима од Велес до Тетово па до Скопје (каде што го оставив за сервис на клима :) ) Воопшто не струи воздухот и пекол е, 9 пати се препотив. Секако дека возев со отворен прозор неколку цм и пуштен вентилатор на најјако.Се преживува без клима ако се мора, али возењето е мачно и заникаде.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #642 на: 08 Јуни 2024, 14:04:52 pm »
Задоволен!


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #643 на: 08 Јуни 2024, 14:16:39 pm »
Таман си е.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #644 на: 14 Јуни 2024, 11:56:08 am »
14.06.2024:
147545км


Промена на стакло од лев ретровизор (ОЕМ квалитет) и заден брисач Bosch.

- Стакло за ретровизор Van Wezel 3742835 - 8.38€
- Заден брисач Bosch Twin Rear 3 397 004 632 - 6.65€
Вкупно - 15.03€ ≈ 930 ден.

Слики: