Годинава тргна убаво со колата. Само така нека продолжи. Имав еден "дефект" - ми откажа едно ламбиче кај конзолата за парното, па пробав да го сменам на "полесниот начин", а кај мене на Delphi модел не е така лесно како на Behr, односно мора демонтажа на цел панел и го скршив делчево:
Па нервози, ваму нема, таму нема. Еден заминал Австралија, друг изиграва нешто, трет треба да го молиш и го купив цело за 1000 денари, па го расклопував со осет и го извадив "тркалцето". Едвај наместив ламбичиња со пинцета и со "шпицангла", чекав да се стемни па не работеа, нареден ден пак демонтирав сѐ и ги местев 1ч само ламбичињата, ги сменив двете во случај да не откажат кој ќе се е*ава пак...
Сега имам резервна Delphi конзола без клима.
Моментално е на ≈141210км. и чекаме делови за предвремен мал сервис. Редовно се вози на бензин и се става адитив Liqui Moly Valve Cleaner со комбинација со 98ка од Лукоил. Можам да кажам дека потрошувачката градска ми е драстично намалена иако ја возам на ист начин, забрзувањето е како на друга кола...
Од 1ви јануари до денес се изминати ≈1200км. со просечна потрошувачка од 8.87л плин/100км. Се надевам дека ќе ме служи и понатака како во последниов период.