Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60355 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #480 на: 14 Ноември 2023, 19:44:21 pm »
Заборавив да допишам, деновиве ќе закажувам термин за фарбање на вратата и браниците, одигурување денеска извадив и зелен картон - коштаат 10146ден. и четврток треба да се регистрира. Зимските гуми се прикрај (dry rot покажале), па можеби ќе соберам буџет за Michelin Alpin 6 или Continental TS870.
Наскоро треба да порачам работи за сервис (свеќици, масло, филтри, глицерин, атф за серво и најверојатно преден држач на мотор).
Имам вибрации во лер, особено кога е ладно. Матичниов механичар беше зафатен, па ја однесов кај еден друг (ми го препорача другар, прв пат го гледам човекот), ми рече да ја ставам во прва, да спуштам рачна и ја заниша неколку пати така, излезе дека долниот дежач(на кој и се сомневав) е малку оштетен, но не доволно за да ми прави проблем и вибрација во лер. Рече дека е панцир црево или ауспухот допира горе на заштитниот лим (wtf). Не верувам дека е од ауспухот бидејќи не се соменвам во мајсторот кој го правеше. До што може да биде и дали да одам кај повеќе мајстори за проверка? Тресе само во лер на волан (кога е поладна повеќе се сеќава), при тргнување и при гаснење(дури и кога е загреана).

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #481 на: 15 Ноември 2023, 10:13:48 am »
15.11.2023:
138380км

Регистрирана.
Трошоци:
6456 ден. осигурување
5590 ден. на технички
3690 ден. зелен картон
Вкупно - 15736 ден.
Слики (безвеза резултати, ја помина колку да се речи...
*Правам едит оти двосмислено звучи(како да е неисправна колата и ја пушта така), ја нема докренато рачната, а и брзо ја помина, колата е во ред, само контролорот се брзаше и помина доста коли набрзина):




Закажав термин за фарбање - по две недели ќе се фарба долниот дел (обележан со црвено) на вратата, од секаде е здрава, само тука е проблем и ќе се лакира до обележаниот дел со сино за да не двои.

Ќе се исфарбаат и двата браници на трошок на мајсторот (негова грешка во припрема), а другото ќе ме кошта 4000 ден. и ќе оди на полирање кај ТЕ-ЕН (конечно).
Козметички завршувам со тоа, ербег, решетката на маската во кабина и клима фолии. Се надевам дека сето ова ќе го средам до нова година.
« Последно менување: 15 Ноември 2023, 17:36:43 pm nestor04 »

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #482 на: 15 Ноември 2023, 23:19:42 pm »
Бриши ги издувните ќе замини затвор некој..
Пишана е по стандард за 1986та година за CO со 1.9 (и тоа во лер) да ваѓа позитивен резултат.. За таа кола не смее да пишува дека е без катализатор и CO треба да е максимум 0.30 ама тоа е, ваѓајте катализаторите го гушат моторот :D

А и неможи да ја помини колку да се речи.. Самите дијаграми си кажуваат дека колата е исправна (освен издувните).. Рачната немора до крај да ја крени, доволно е ефикасноста да ја исполни, кај тебе е 36 а треба најмалку 16...

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #483 на: 15 Ноември 2023, 23:20:55 pm »
Кизнај како мереше и тој...
Гледаш безвеза е сето.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #484 на: 15 Ноември 2023, 23:25:35 pm »
Таман си е све е добро освен издувните што нормално дека нема да бидат пошто нема катализатор..

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #485 на: 15 Ноември 2023, 23:41:46 pm »
За еуро 2 нема некоја норма  ;)
Баш некаде на хрватски форум читав за опел астра ј бензин која не поминува на еко тест ама возена само низ град, ја извози дечкото "квалитетно" со 3та на 4000 вртежи на долг пат и помина.
Уште еден знак дека треба да се вози на отворено  :)
А мислам дека и на плин не мерат издувни, така да...

Сега видов дека си дополнил погоре - да исправна е колата и ми рече дека е одлична за 25 годишна кола. Ја гледаше внатре - надвор додека чекав да платам.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6742
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #486 на: 21 Ноември 2023, 11:39:05 am »
https://youtu.be/A-EQKIxhhis?si=IwanIgWg-kLBznK-


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #487 на: 21 Ноември 2023, 11:46:57 am »
Хахахаха

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #488 на: 21 Ноември 2023, 13:19:26 pm »
За еуро 2 нема некоја норма  ;)
Баш некаде на хрватски форум читав за опел астра ј бензин која не поминува на еко тест ама возена само низ град, ја извози дечкото "квалитетно" со 3та на 4000 вртежи на долг пат и помина.
Уште еден знак дека треба да се вози на отворено  :)
А мислам дека и на плин не мерат издувни, така да...

Сега видов дека си дополнил погоре - да исправна е колата и ми рече дека е одлична за 25 годишна кола. Ја гледаше внатре - надвор додека чекав да платам.
Ти со плинот се водиш како еуро 3 сега
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #489 на: 14 Декември 2023, 17:29:35 pm »
Утре ќе се менуваат држачите на мотор. Почна да ме нервира, да се надеваме дека ќе биде сѐ во ред со два Кортеко и еден Лемфордер. Во истиот пакет зедов и други пропратни делови за два мали сервиси. Чекам масло од еден клабер и од технички аспект тоа е тоа.
Еве ја листата:
Ај да се пофалам дури ги чекам. Си купив:
---АТО24---
-Amsoil XL Boosted 10W-40 2x3.785L - 2*48.95€=97.90€
-Amsoil XL Boosted 10W-40 2x0.946L - 2*12.89€=25.78€
-Ravenol SSF 2x1L - 2*12.95€=25.90€
-Liqui Moly Ventil Sauber 2x0.125ml - 2*5.95€=11.90€
Вкупно:
168.26€
Попуст (AMS20, LM10, RAV20) -32.41€
Данок (24%)  +30.16€
=135.85€
Доставата над 200€ е бесплатна, а за тоа има заслуга клабер кој ќе биде пофален во соодветна тема.

---Аутодок---
-Hengst H90W03 (филтер маслен) - 2*3.62€=7.24€
-Hengst E352L (филтер воздушен) - 2*8.42€=16.84€
-Hengst E910LI (филтер кабина) -2*8.34€=16.68€
-Ridex 9F0003 (филтер бензин) -2*2.57€=5.14€
-Elring 115.100 (бакарна шајбна за штопна) -2*0.13€=0.26€
-ATE Typ 200 (глицерин) - 13.27€
-Bosch 0 242 229 878 (4 ОЕМ свеќички) - 11.30€
-Corteco 21652326 (преден држач на мотор) - 27.19€
-Corteco 21652322 (заден држач на мотор) - 13.48€
-Lemförder 26040 01 (преден десен држач на мотор) - 51.46€
-Mannol 5022 (концентрат за течност за брисачи) 2x250ml - 2*1.87€=3.74€
Вкупно:
166.6€
Бонус -2.80€
=163.80€
*Бонусот од 10€ не важи бидејќи сѐ е на попуст по смешни цени*
Залихи сега имам за два мали сервиси  ;)
+Здрав ербег кој го чекам и една пластика која е маана на астрите. Може да заврши тука годинава со нарачки, дедо Мраз добро се покажа годинава.


Краток апдејт утре после сервис.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #490 на: 15 Декември 2023, 11:28:18 am »
15.12.2023:
139089км
Променети држачи на мотор

Импресии:
50/50, се зголеми малку вибрацијата на волан и педали, на менувач ја снема потполно, мајсторот рече дека ако има зголемена вибрација тоа е додека држачите не "легнат" и дека сум зел најквалитетни делови со нов датум на производство. Во пакувањето од Lemförder беше Contitech држач.
Трошоци:
-Corteco 21652326 (преден држач на мотор) - 27.19€/1680 ден.
-Corteco 21652322 (заден држач на мотор) - 13.48€/833 ден.
-Lemförder 26040 01 (преден десен држач на мотор) - 51.46€/3180 ден.
-Работна рака - 600 ден.
Вкупно: 6293 ден.

Слики:










Едит:
Слики од старите држачи:






« Последно менување: 15 Декември 2023, 13:49:23 pm nestor04 »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #491 на: 15 Декември 2023, 13:03:33 pm »
Качи сеа некое чупе на хауба, ако не легнат држачите, бар чупето нека легни 😀

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #492 на: 15 Декември 2023, 13:14:00 pm »
Оо како би легнале така, јас пак будала ја малтретирав колава на кумплунг за да легнат. 70% легнаа, уште тие 30% ми фалат. ;D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #493 на: 15 Декември 2023, 13:38:58 pm »
абе на тебе да легнат треба. Остај таму кумлгунго. Слушај тука постари шо ти велат.....
Се гледа без искуство си :D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #494 на: 15 Декември 2023, 13:42:59 pm »
Имам појче искуство во то, отколку со ремапи и дијагностики  ;D ;D ;D