Заборавив да допишам, деновиве ќе закажувам термин за фарбање на вратата и браниците, одигурување денеска извадив и зелен картон - коштаат 10146ден. и четврток треба да се регистрира. Зимските гуми се прикрај (dry rot покажале), па можеби ќе соберам буџет за Michelin Alpin 6 или Continental TS870.
Наскоро треба да порачам работи за сервис (свеќици, масло, филтри, глицерин, атф за серво и најверојатно преден држач на мотор).
Имам вибрации во лер, особено кога е ладно. Матичниов механичар беше зафатен, па ја однесов кај еден друг (ми го препорача другар, прв пат го гледам човекот), ми рече да ја ставам во прва, да спуштам рачна и ја заниша неколку пати така, излезе дека долниот дежач(на кој и се сомневав) е малку оштетен, но не доволно за да ми прави проблем и вибрација во лер. Рече дека е панцир црево или ауспухот допира горе на заштитниот лим (wtf). Не верувам дека е од ауспухот бидејќи не се соменвам во мајсторот кој го правеше. До што може да биде и дали да одам кај повеќе мајстори за проверка? Тресе само во лер на волан (кога е поладна повеќе се сеќава), при тргнување и при гаснење(дури и кога е загреана).