24.07.2023:
135490км
Променета цилиндер брава за палење.
Малку незадоволен од мајсторот бидејќи при гаснење на колата кога клучот е свртен на "нулта" позиција радиото останува да свири(мал контакт) сѐ додека комплетно не го извадам клучот од бравата(тогаш федерот турка и го прекинува контактот за радиото).
Според мајсторот и колегата кој има растурено корса и зафира такс треба да работи.
Трошоци:
1100 ден цилиндер
+ 600 ден работна рака со прередување на бравата за да може со истиот клуч да пали колата.
Вкупно: 1700 ден.
Ако може help
Вечерва отидов на гости, на одење пробав клучот во бравата да запалам (како и секогаш) - клучов не се ни врти скоро. Некој милиметар и толку. Пробав и со резервниот - не фаќаше неколку пати, фати од 10-ти пат колку да извозам до дома и толку. Не вртат ни двата клуча.
Не е до клучевите, се сомневам на расипан цилиндар. До сега не покажуваше симптоми, ниту даваше отпор. Буквално од нигде - никаде престана да врти.
Централно заклучување си работи.
Ќе бркам мајстори за брава/цилиндар од понеделник, ама не знам дали ќе можам да си ги задржам сегашниве клучеви (со далечинско) на Леонот у пм.
По постов - се прередуваат цилиндрите за да пасува и стар клуч?