Автор Тема: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade  (Прочитано 13112 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #45 на: 22 Јули 2022, 15:28:13 pm »
Сакаш пари за нова Џулиа?
Не ти стојам на располагање.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #46 на: 07 Октомври 2023, 19:48:51 pm »
Лелее, година ипол :( Срам да ми е :(

Да истресеме малце прашина од темава а? :)





Турбо аут! :)





Двете на маса:




Толку слики сега за сега.

Малце прикаска:

Сабајле во 5 саат станат, пошто децава на натпревар ги праев, глеам временцево „плаче“ за рано да се фати работа. Отидов, наточив бензин (од магичниот на макпетрол :P ), удрив еден тест ран во 4-та брзина од 60-160 на обиколница за да имам за споредба (за жал, немав време да организирам кај Нуме на дајно, па да имам некоја прецизна слика за добивките, ама што е - тоа е). Паркирав пред гаража и тргнав со припрпеми додека се подолади колата.
Реално има доста работа која бара ралични алатки и магии, пошто е доста непристапно на некои места, па треба да наоѓаш алтернативни решенија да ги симнеш штрафовите. или стегите или разни црева и цревца. Цел ден, буквално. Од 10 активно на кола, до 18.30, нормално, лагано без брзање..

Нејсе, тргна работата, денес е турбо аут, утре ако све биде ок, ќе биде турбо ин :) Дали ќе заштрафам све како што треба, ќе дознаам во вторник - среда :)


Старото турбо ме изненади, речиси и да нема луфта, само минимална аксијална а нема воопшто радијална. Со оглед дека има скоро 200.000km колата (и веќе е во втора декада од животот) одлично се држи.  Еве како изгледа „топлата страна“ од старото турбо.



Еве го и новото турбо, за споредба:




Подетални споредби помеѓу старото и новото турбо, утре, кога ќе извадам аксесоарите од старото, да може да посликам и конкретните разлики, а и состојбата на старото турбо од компресорската страна.


« Последно менување: 07 Октомври 2023, 19:58:03 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #47 на: 07 Октомври 2023, 22:15:16 pm »
Конечно тргна работава, со лесно и чекаме резултати
Пс. Си заборавил да наведеш што пиво отиде додека се шрафеше 😂

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #48 на: 07 Октомври 2023, 22:40:17 pm »
Конечно тргна работава, со лесно и чекаме резултати
Пс. Си заборавил да наведеш што пиво отиде додека се шрафеше 😂
Само едно Birra Moretti. Мора италијанско, да не ми се налути, па да ми скрши штраф :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #49 на: 07 Октомври 2023, 23:40:33 pm »
Ајде ајде, тргна работата, со лесно нека е.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #50 на: 08 Октомври 2023, 00:09:37 am »
Уште добар издув и добар ремап. Има спремни мајстори за тоа кои чекаат вакви проекти 😂😉

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #51 на: 08 Октомври 2023, 00:22:21 am »
Уште добар издув и добар ремап. Има спремни мајстори за тоа кои чекаат вакви проекти 😂😉


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #52 на: 08 Октомври 2023, 06:40:03 am »
Уште добар издув и добар ремап. Има спремни мајстори за тоа кои чекаат вакви проекти 😂😉
Издувот е доволно добар, а мајстори спремни има, само не кај нас :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #53 на: 08 Октомври 2023, 22:24:02 pm »
Денес пак фул работен ден. Требаше да се извадат црева за уље и вода, вакуум црева, да се префрли дамп валвот и слични работи, пред да се монтира назад. Конечно двете турбини на маса, старата дефинитивно и на компресорската страна добро-држеќа, нема оштетувања на перките, нема оштетувања на ѕидот од куќиштето. Уљенцето е од PCV, да не ве буни, баш таму, тоа малото дупче над големиот отвор е за уљните поврати од картер. Големиот отвор е од интегрираниот dump valve.



Еве директна споредба на старата и новата. Не знам колку на слики може да се познае, но во живо е приметно поголема перката од компресорот на новото турбо, а и дизајнот е малку различен. На сликите не се приметува баш, но во живо се гледа дека иако отворот е ист дијаметар, кај К03, конусно се стеснува кон перките, додека кај К04 е цилиндричен.




Нов сет дихтунзи. Благодарност до @Prcot



Нова цевка за уље до турбото, екстра заштитена (иако немаше проблем ни со старата, добро го подмачкуваше благодарение на редовните промени на масло). Благодарност до @marjanot 



Ми де деси мал пех кога го внесував турбото на место, ми се скрши вакуум цевчето за дамп валв-от:


Го залепив добро, добро држи вакуум, се надевам дека ќе издржи, да не мора да купувам нов или да правам метална пупка. Не е проблемот во купувањето, проблем е што не може да се пристапи до него со турбото ставено во кола, па ако мора да се менува, ќе биде пак турбо надвор :(

Морав да си импровизирам алат, бидејќи најголем торкс што го имав дома беше Т50, а ова чудово е некој Т60 изгледа, па најдов соодветен имбус и брусилицата си го напраи своето :)


Тадааааа! Еве го на свое место.


Толку успеав денес :( Утре ќе видам како ќе биде, дали ќе може да киднам порано од работа да почнам да заштрафувам останати работи, ако не, ќе си причека до Среда, неработен ден. Се ближи крајот....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #54 на: 08 Октомври 2023, 23:00:55 pm »
Сеа не Фтора,са у трета ќе го фрла газо 😅

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #55 на: 08 Октомври 2023, 23:27:05 pm »
Освен турбина и нормално мапа шо ќе ја врти друго нешто не е потребно?
Све сток ќе си остани?

Колку би добил плус, спомна погоре не си ја мерел на дино.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #56 на: 08 Октомври 2023, 23:48:39 pm »
Отприлика вака одат работите:
Стандард со К03 - 200кс
Ремап со К03 - околу 250-тина
Стандард со К04 - 220кс (Независен тест)
Фабричка мапа од Giulietta QV со К04 -235кс
Ремапирана со К04 - 270кс

Целта е 265-270 кс и не повеќе од 400Nm. 


Светло-синото вс Црвеното линииче, на пример :)

Или баш точно ова, со тоа што јас би го лимитирал торкот на максимум 400Nm :


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #57 на: 09 Октомври 2023, 00:05:15 am »
270кс и околу 400-420нм?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #58 на: 09 Октомври 2023, 07:36:58 am »
Прекрасно Симо, со лимит на 400нм ќе се измазни кривата и ќе е помазна и за возење, а нема да изгуби ниту еден кс. Дури и со 370 ќе е најмазно.

Секоја чест, немам зборови!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #59 на: 09 Октомври 2023, 10:00:08 am »
Прејако! Браво Симо!