Еве една нова тема, ќе пробам да ставам информации и слики од процесот што следи, како и информации што сум ги сретнал по нетов.
Совети, прашања и размислувања секао, добредојдени!
За почеток, еве што треба да се направи:
Целта е да се промени стандардното турбо на 159-ката, Borg Warner K03, и да се замени со посовремено и помоќно К04 турбо од Giulietta QV.
Интерните делови на моторот, помеѓу 159(како и Lancia Delta со истиот мотор) и Giulietta QV од првата генерација (Euro 5), се речиси исти. Единствена разлика во спецификациите е нешто поглемиот компресионен однос на 159 моторот, во однос на оној во Giulietta (9.5 vs 9.3). Со оглед дека главите се исти, блоковите се исти, брегасти, радилици исти, останува само можна разлика во клиповите. Но, разликата е толку мала, што може да се занемари во ситуацијава.
Досега, искуствата на луѓето што тргнале по овој пат, се дека 159-ката многу добро го прима трансплантот од Giulia QV (па и од помодерните мотори, како што е QV TCT и 4C), и без менување на интерналс, може добро да надмаши 300кс (со одредени прпомени во издувниот систем.
Самите инџектори и напојувањето со гориво, се доволни за до 340-тина КС, и за разлика од Euro 6 моторите, овие инџектори може да испорачаат поглем волумен на гориво.
Сепак, во мојата ситуација, многу сакам да ја задржам тишината и „слиперството“ на колата, и да го намалам стресот на останатите делови (првенствено на M32 менувачот). Затоа, ќе остане сток издув, со сток катализатор, со сите сток елементи (среден лонец, а за задните - ќе размислиме). Торк вредностите кога ќе го правам ремапот, ќе прпобам да ги лимитирам на 400Nm, што е докажана „безбедна“ граница за M32 менувачите.
За среќа, на 159-ката, интеркулерот заодоволува, па не мора да се секирам за тоа, за разлика од сопствениците на Giulietta QV, кај кои се јавува и овој лимитирачки фактор.
Со стандардниот катализатор и издувен систем, и со лимитиран торк на 400Nm, очекувањата се некаде околу 270-280кс. Искрено, не ми е гајле дали биле 265 или 285кс, Битно ми е да ме праи колата среќен и да ѝ дадам уште малку „спортски“ дух.
Мое мислење е дека 159-ката заслужува посилен турбо мотор, кој не го доби, веројатно за да не биде побрза од сеуште тогаш актуелната 3.2 V6 верзија. Алфа немаше да може да ја продава истата како „врв на понудата“, ако имаше турбаш со 240-тина кс, бидејќи ќе беше побрза од старт (да спомнам само, дека 159 tbi со 200кс е побрза во сите дисциплини и меѓу забрзувања од V6 260кс, освен во спринтови од 0).
Е бидејќи заслужува, јас решив да ѝ приуштам на мојата 159-ка таков сетап
Долго време пратам огласи, те србии, те ибеји, локални бугарски, грчки итн, во потрага по турбо, со релативно пристојна цена. Конечно се појави за нормална цена соодветно турбо, и го ќарив на ибеј. Благодарение на „дијаспората“,
@MecheTo у тебе гледам, успеав да го домкнам до Македонија. Огромна благодарност до
@MecheTo, ми учини ко на брат!
Идемо даље:
Турбината ја најдов од некое Варшавско „ужице“, односно сервис за репарација на турбини, кои побараа депозит (не баш мал) за старата турбина која треба да ја пратам, откако ќе ја наместам нивната. Но, јас се „простувам“ од депозитот, и старава К03, ќе си стои како љута резерва.
Откако ќе ја наштрафам турбината на кола, без ремап, очекувам да изгубам малку торк на ниски вртежи (нема веќе макс торк од 1400рпм, ќе мора да се задоволам со 2000-2200 отприлика), но и да добијам поконзистентен буст на високи вртежи, а според тие што монтирале без ремап, и добиток во крајна снага (околу 220-225кс без ремап).
Потоа следи ремап, сега за сега грција не ми е опција иако може да ја стаам во игра, повеќе ми е Србија и Хрватска (познати тамошни тјунери за Alfa Romeo). Со ремап, веќе ќе ја ослободиме вистинската снага, како што реков, очекувани реални 270-тина кс.
Сите мајстории и местење на хардверот, ќе пробам да го изведам сам, единствено ремапот ќе го правам - некаде!
Во меѓувреме, ќе пробам да направам снимки од забрзувања и меѓузабрзувања пред и потоа, за да може да го доловиме ефектот.
Ок, тоа е воведот, идеме на работа:
Еве го полжавот:
(би-турбо е сеа 159-ката)
Еве и како паѓа бустот со K03 кога колата оди во високи вртежи (снимано во 3-та брзина) од 1.2 на 2000-2500рпм до 0.8 бари на 5000 рпм.
Очекувам со K04 без ремап, бустот да биде
1. 1.3 бари и
2. со драстично помал пад при 4500-5000рпм.
Е па, тоа е тоа . Ќе видиме до кај ќе стигнам