Денес финиширав со турбо свап-от.
Имав мал проблем, еден штраф не ми беше убаво стегнат, па капеше уље директно врз катализаторот и издувната цевка, што го сметав за безбедносен ризик, па одмараше колата до викендов. Штрафот е прилично незгоден, ќе постнам слики од друг форум за да се види поубаво, моите слики не се баш најдобри:
Покрај тоа што е сместен позади оваа цевка за довод на вода, пристапноста е минимална, „прстофат“ само место. Морав да импровизирам, да ја отштрафам оваа цевка за вода, да „произведувам“ соодветен алат за да го затегнам без да демонтирам пак све. На крај успеав. Колата ја пробав, си вози добро. Има минимална разлика, иако си стојат сите лимитери од ECU-то. Динамички, мислам дека новото турбо повеќе одговара на колава, иако од Alfa сакале 159-ката да има повеќе low end torque.
Еве едно споредбено видео од 2000рпм до кај 160-тина на саат (5250-5300 рпм) во 4-та брзина. Се приметува дека од 60 до 80км/ч старото турбо подобро повлекува, но до 160 побрзо стига со новото. Мерењето е на иста делница од обиколница.
Потенцијалот е вграден, сеа уште да го претвориме во кинетички резултати.
Останува уште едно референтно мерење кај Нуме да се напраи, па да се види како ќе идеме понатаму