Автор Тема: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade  (Прочитано 3755 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 41693
  • Il Moderatore
Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« на: Март 28, 2022, 00:46:32 am »
Еве една нова тема, ќе пробам да ставам информации и слики од процесот што следи, како и информации што сум ги сретнал по нетов.
Совети, прашања и размислувања секао, добредојдени!

За почеток, еве што треба да се направи:

Целта е да се промени стандардното турбо на 159-ката, Borg Warner K03, и да се замени со посовремено и помоќно К04 турбо од Giulietta QV.
Интерните делови на моторот, помеѓу 159(како и Lancia Delta со истиот мотор) и Giulietta QV од првата генерација (Euro 5), се речиси исти. Единствена разлика во спецификациите е нешто поглемиот компресионен однос на 159 моторот, во однос на оној во Giulietta (9.5 vs 9.3). Со оглед дека главите се исти, блоковите се исти, брегасти, радилици исти, останува само можна разлика во клиповите. Но, разликата е толку мала, што може да се занемари во ситуацијава.

Досега, искуствата на луѓето што тргнале по овој пат, се дека 159-ката многу добро го прима трансплантот од Giulia QV (па и од помодерните мотори, како што е QV TCT и 4C), и без менување на интерналс, може добро да надмаши 300кс (со одредени прпомени во издувниот систем.
Самите инџектори и напојувањето со гориво, се доволни за до 340-тина КС, и за разлика од Euro 6 моторите, овие инџектори може да испорачаат поглем волумен на гориво.

Сепак, во мојата ситуација, многу сакам да ја задржам тишината и „слиперството“ на колата, и да го намалам стресот на останатите делови (првенствено на M32 менувачот). Затоа, ќе остане сток издув, со сток катализатор, со сите сток елементи (среден лонец, а за задните - ќе размислиме). Торк вредностите кога ќе го правам ремапот, ќе прпобам да ги лимитирам на 400Nm, што е докажана „безбедна“ граница за M32 менувачите.
За среќа, на 159-ката, интеркулерот заодоволува, па не мора да се секирам за тоа, за разлика од сопствениците на Giulietta QV, кај кои се јавува и овој лимитирачки фактор.
Со стандардниот катализатор и издувен систем, и со лимитиран торк на 400Nm, очекувањата се некаде околу 270-280кс. Искрено, не ми е гајле дали биле 265 или 285кс, Битно ми е да ме праи колата среќен и да ѝ дадам уште малку „спортски“ дух.
Мое мислење е дека 159-ката заслужува посилен турбо мотор, кој не го доби, веројатно за да не биде побрза од сеуште тогаш актуелната 3.2 V6 верзија. Алфа немаше да може да ја продава истата како „врв на понудата“, ако имаше турбаш со 240-тина кс, бидејќи ќе беше побрза од старт (да спомнам само, дека 159 tbi со 200кс е побрза во сите дисциплини и меѓу забрзувања од V6 260кс, освен во спринтови од 0).

Е бидејќи заслужува, јас решив да ѝ приуштам на мојата 159-ка таков сетап :)

Долго време пратам огласи, те србии, те ибеји, локални бугарски, грчки итн, во потрага по турбо, со релативно пристојна цена. Конечно се појави за нормална цена соодветно турбо, и го ќарив на ибеј. Благодарение на „дијаспората“, @MecheTo у тебе гледам, успеав да го домкнам до Македонија. Огромна благодарност до @MecheTo, ми учини ко на брат!

Идемо даље:
Турбината ја најдов од некое Варшавско „ужице“, односно сервис за репарација на турбини, кои побараа депозит (не баш мал) за старата турбина која треба да ја пратам, откако ќе ја наместам нивната. Но, јас се „простувам“ од депозитот, и старава К03, ќе си стои како љута резерва.

Откако ќе ја наштрафам турбината на кола, без ремап, очекувам да изгубам малку торк на ниски вртежи (нема веќе макс торк од 1400рпм, ќе мора да се задоволам со 2000-2200 отприлика), но и да добијам поконзистентен буст на високи вртежи, а според тие што монтирале без ремап, и добиток во крајна снага (околу 220-225кс без ремап).

Потоа следи ремап, сега за сега грција не ми е опција иако може да ја стаам во игра, повеќе ми е Србија и Хрватска  (познати тамошни тјунери за Alfa Romeo). Со ремап, веќе ќе ја ослободиме вистинската снага, како што реков, очекувани реални 270-тина кс.

Сите мајстории и местење на хардверот, ќе пробам да го изведам сам, единствено ремапот ќе го правам - некаде!
 Во меѓувреме, ќе пробам да направам снимки од забрзувања и меѓузабрзувања пред и потоа, за да може да го доловиме ефектот.

Ок, тоа е воведот, идеме на работа:

Еве го полжавот:


(би-турбо е сеа 159-ката)


Еве и како паѓа бустот со K03 кога колата оди во високи вртежи (снимано во 3-та брзина) од 1.2 на 2000-2500рпм до 0.8 бари на 5000 рпм.

Очекувам со K04 без ремап, бустот да биде
1. 1.3 бари и
2. со драстично помал пад при 4500-5000рпм.



Е па, тоа е тоа . Ќе видиме до кај ќе стигнам :)
« Последно менување: Март 28, 2022, 07:41:03 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3579
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #1 на: Март 28, 2022, 02:11:41 am »
Ti Simo, si mi kako onie: "Sledete me za povekje recepti" ama uspesno izvedeni. :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 41693
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #2 на: Март 28, 2022, 07:02:48 am »
Ti Simo, si mi kako onie: "Sledete me za povekje recepti" ama uspesno izvedeni. :)

Здравје, ќе видиме. Овој рецепт треба да е на ниво „млеко со бисквити“.
Мењаш турбо, ставаш стејџ 1 мапа од Џулиета, и пичиш! ;)

Еве едно видео од еден португалец како иде процесот на промена у домашни услови:

Еве што отприлика се добива со околу 300кс на 159-ка:
« Последно менување: Март 28, 2022, 08:21:33 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tony

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 250
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #3 на: Март 28, 2022, 08:35:37 am »
Како кажуваш млеко и бисквити мислиш гуми мењаш хахаххах.
Секоја чест се радувам на вакви проекти, верувам дека многу ќејф ќе прави за возење а и изгледа чиста 10ка, може и најубава 159ка во мк.

2010 Mitsubishi Outlander 2.0 DID
2012 Peugeot 308 1.6 eHDI
2014 Audi A3 1.6 TDI
2019 Аprilia SR50R

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6500
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #4 на: Март 28, 2022, 08:48:15 am »
Не седиш мирен ти :)

Нека е со лесно надградбата, секако паметно што си ја чуваш и старата. Сигурно ќе искочи некој алфа глич за да не биде plug&play ама ти не си Симо акп не ја решиш.

Со лесно и живеј си го сонот :)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 430
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #5 на: Март 28, 2022, 09:15:00 am »
Ќе го следам развитокот како за моја кола да се работи :) 

Со среќа нека е и со што е можно помалце нервози да се помине цел процес. Секоја чест за @MecheTo за излегувањето во пресрет.

Присутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6249
  • хаУс мајстор
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #6 на: Март 28, 2022, 10:37:19 am »
Мечето е побрз и од DHL :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13195
  • Пудингот на шоферството
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #7 на: Март 28, 2022, 10:47:22 am »
Тоа што се може зошто да не се направи.Ме прави среќен тоа што Симо ќе биди уште посреќен кога ќе се заврши работата,можам да го замислам како ќе си се смешка во Алфата. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16348
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #8 на: Март 28, 2022, 12:09:24 pm »
Викај да штрафиме ;D Едвај чекам бифор-афтер возење :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3360
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #9 на: Март 28, 2022, 12:19:40 pm »
Викај да штрафиме ;D Едвај чекам бифор-афтер возење :)

Ако е пљукни залепи работата, наштрафетe ја старата кај тебе, сите среќни весели :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4171
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #10 на: Март 28, 2022, 15:39:09 pm »
Мислам дека downpipe и decat ти се добитна комбинација. Добиваш многу работи плус малку погласен издув. Ако ги задржуваш фарбичките лонци, не гледам причина да не го направиш ова.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 41693
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #11 на: Март 28, 2022, 16:00:47 pm »
Мислам дека downpipe и decat ти се добитна комбинација. Добиваш многу работи плус малку погласен издув. Ако ги задржуваш фарбичките лонци, не гледам причина да не го направиш ова.
decat или 200cell е она што го прават дечките на овие мотори најчесто. Можда тоа ќе биде втора фаза. Има размислувања за тоа. Секако подобро decat и downpipe, од афтермаркет задни лонци :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gtiT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #12 на: Март 28, 2022, 23:24:13 pm »
Еве што отприлика се добива со околу 300кс на 159-ка:

Ау машалаХ шо се добива :)
Ја само прво би се осигурал дека разликата во компресиониот однос со оној кај Giulietta е стварно занемарлива и дека имаат ист издувен систем. А и тјунерите дека би напраиле саглам custom мапа.
Со среќа нека е
« Последно менување: Март 29, 2022, 11:15:10 am zeroSignal »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 41693
  • Il Moderatore
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #13 на: Март 29, 2022, 00:18:53 am »

Ау машалаХ шо се добива :)
Ја само прво би се осигурал дека разликата во компресиониот однос со оној кај Giulietta е стварно занемарлива
Checked!
Цитат
и дека имаат ист издувен систем.
Checked!
Цитат
А и тјунерите дека би напраиле саглам custom мапа.
За нормален сетап, без хибридни турба, без посебни желби околу тајминогт на вериабилните брегасти, без посебни барања за буст на високи вртежи, не очекувам дека ќе има проблеми со мапата.
Практично е GQV, со стандарден Stage1  ремап. Најчесто при ваков ремап, тјунерите не ја чачкаат мапата за гориво, туку го „работат“ бустот. MAP и wideband lambda сензорот, ќе си го одработат делот околу смешата.  Сепак, не треба да се потценува „интелигенцијата“ на „тјунерите“  и можноста да сје*ат мапа, дури и кога изгледа доста просто. Затоа ќе се бара некој проверен и сигурен.
Што се однесува до бустот еве споредба на оригиналната 159 tbi   и на оригинал GQV и  Stage 1 од GQV (односно оноа кон што јас целам):


Stock engine specs (159):   

Capacity: 1742cc                           
bore x stroke: 83 x 80.5 (mm)
Compression ratio: 9.5:1
Turbocharger: KKK K03

Full boost: 1.3bar@2000 rpm
Constant pressure:1bar
Pressure at revlimit:0.7bar
Revlimit: 6500 rpm

Power: 200hp
Torque: 320Nm

Stock engine specs (GQV):   

Capacity: 1742cc                           
bore x stroke: 83 x 80.5 (mm)
Compression ratio: 9.25:1
Turbocharger:

Full boost: 1.5bar@2000 rpm
Constant pressure:1.2bar
Pressure at revlimit:0.9bar
Revlimit: 6500 rpm

Power: 235 & 240hp
Torque: 340Nm
Stage 1 (GQV):

Engine upgrades:

-Stage 1 Software upgrade

Engine performance:

Full boost: 1.6bar@2000 rpm
Constant pressure:1.4bar
Pressure at revlimit:1.2bar
Revlimit: 6500 rpm

Power: 275hp
Torque: 390Nm
« Последно менување: Март 29, 2022, 00:29:45 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6013
  • 69
Одг: Alfa 159 1750 TBi Turbo Upgrade
« Одговори #14 на: Март 29, 2022, 10:09:19 am »
Јас само би ги замолил дечките што ги усеруваат сите теми, да не го прават истото и во оваа, зошто конечно нешто интересно да се прави после многу време. Искрено јас се радувам и некој сијаличка кога менува, нешто интересно, форумско, модификација....А не некој ваков екстра проект :)

Симо, само напред и го чекаме крајниот исход  ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.