Месец Октомври запишан за годинава како месец на удари, дури 3 пати, од кои едниот немаше скоро никаква штета, ситни гребаници, вториот беше во задниот полумесец кој гребаниците искочија а набиеното за среќа без прекршување на лимот, ќе биде исправено во текот на другиот месец. Третата дешавка се случи во двор, братучед ми влезе во предно лево крило со отворена негова врата на колата. Го прекрши крилото, и ги искрши држачите на браникот и крилото. Тоа изгледаше вака некако
Направивме Европски, ми исплатија штета и тргнав по најзаебаното, да најдам мајстор. Сакав да фарбам браник и крило, бев кај неколку, некој ме откачија од старт дека немале време, некој ќе фарбал крило и половина браник, цени шарени добив од секаде. Краток спој, ми пукна филмот, отидов до Вивант, земав спрејчиња, посебно филер, посебно база и посебно 2к лак се ова на PPG. Браникот го извадив, крило купив друго, од отпад го извадија од кола без оштетувања освен ситни гребаници и се фатив за работа.
-Оштетувања на браникот:
Мнооогу испукана боја, ова мислам дека е најзаебаното нешто за средување. Мора да се симне до пластика, кит не ми беше опција во никој случај, бидејќи браникот е флексибилен, 100% сум сигурен дека кога тогаш ќе испука, така да земав батериската, ставив округол пад за шмиргли и почнав да стругам, на крајот изгледаше вака:
Каде што беше испукана бојата користено шмиргла 150 додека не стигнав до пластика, кога стигнав со 320 замазнив секаде и прснав пластик прајмер во црна боја, за ова немам слики, сум заборавил.
Понатака, после пластик прајмерот почнав со филер и тоа добри 3 пати поминав, на филерот почнаа да излегуваат неправилностите, како ситни зуцки, уште испукана боја, нерамнини. Повторно шмирглите и стругај. Имаше дупчиња на браникот од штравчиња за таблицата, е тие ги пополни со кит, имаше уште на едно место во горна зона, ставено и таму тенок слој:
Со браникот тука веќе бев при крај со спремање, го прснав уште еднаш финално со филер и го тргнав на страна да се суши.
Се фатив со крилото, како што кажав океј беше, го апсигувам со 600ка мокра и после го прснав со филер и него. Искочија ситни зуцки после филерот, исполнети со китче, ишмирглано и прснато повторно со филер:
Кога веќе завршив со филерот, браникот и крилото беа шмирглани со 600ка на пакна со вода и сјај, откако завршив со тоа, под црево со вада ги поминав и со скоч секаде и претежно на кривини и ивици.
Исушив панелите и поминав со одмастувач пред фарбање, поминав со вата/газа онаа пред фарбање (не знам како точно се вика) ги наместив на ногарки и им влегов. Времето денес ми се погоди, прашина нема, искочи сонцето скоро при крај на работата, да сакав вака немаше да биде.
Дали сум задоволен?
-Па да, од 1до 10 може 8 да оценам. Но генерално зафатов ме чинеше половина од цената на некои мајстори. Има неправилности од шмирглањето, ама не е страшно. Утки со бојата немам, лакот убаво се разлеа, бубачиња вадев со пинцета, ама на пролет ќе иде целата на полирање.
Останува да монтирам, колата не ми е дома (на МАЈСТОР Е!)
па да видам бојата дали одговара 😅