Автор Тема: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)  (Прочитано 42618 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #285 на: 26 Октомври 2023, 16:08:56 pm »
Вака...
Од тоа што го закачив во Рамстор мол на жолтите граничници, првично кога видов мислев дека само држачите се искршени, ама следниот ден кога ја видов на дневна светлина, штетата била поголема. Бојата и лакот се испукани на две места, на едното не се приметува толку, ама на другото кај магленката е пепел.
Затоа и се решив за префарбување.
Браникот ќе го апсигувам со 600ка водна целиот на кола, бидејќи е полесен така за работа, фиксиран е и нема да ми се превиткува. Каде што е испукана бојата, ќе се иде со погруба градација да се симне до здраво, тоа би било до пластика, тука ќе треба и пошироко да се фати со брусење, за откако ќе се офарба да не се познаваат бранови дека се правело нешто. Кит не ставам во никој случај.
Го вадам браникот од кола и го ставам на "магарец". Каде што ќе се појави пластика поминувам со прајмер, не е пластик туку истиот што го имам користено на Полото за липот, кој се покажа како добра основа. После прајмерот прскам филер, филерот ќе иде неколку раце, додека не се добие идеално мазна површина за боја. Го апсигувам повторно целиот со 600ка мокра, го одмастувам, и прскам една рака прво врз површините со филер. Втора рака го прскам со боја цел браник, се суши, па 2 или 3 раце лак. Мислам дека ќе бидат 3, нека биде подебело за од камчиња. Фарбањето ќе внимавам да биде педантно и без маани, не сакам полирање после фарбање, не ми е мајсторски некако, иако не сум мајстор.
Тоа би било тоа, само сонце ми треба, се надевам на уште едно циганско лето.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #286 на: 26 Октомври 2023, 17:34:11 pm »
Е јбг се дешава, не е толку страшно. Ако нема сонце, гаража и греалка белким ке збркаат работа :)
New blood of old school

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #287 на: 26 Октомври 2023, 23:06:31 pm »
Вака...
Од тоа што го закачив во Рамстор мол на жолтите граничници, првично кога видов мислев дека само држачите се искршени, ама следниот ден кога ја видов на дневна светлина, штетата била поголема. Бојата и лакот се испукани на две места, на едното не се приметува толку, ама на другото кај магленката е пепел.
Затоа и се решив за префарбување.
Браникот ќе го апсигувам со 600ка водна целиот на кола, бидејќи е полесен така за работа, фиксиран е и нема да ми се превиткува. Каде што е испукана бојата, ќе се иде со погруба градација да се симне до здраво, тоа би било до пластика, тука ќе треба и пошироко да се фати со брусење, за откако ќе се офарба да не се познаваат бранови дека се правело нешто. Кит не ставам во никој случај.
Го вадам браникот од кола и го ставам на "магарец". Каде што ќе се појави пластика поминувам со прајмер, не е пластик туку истиот што го имам користено на Полото за липот, кој се покажа како добра основа. После прајмерот прскам филер, филерот ќе иде неколку раце, додека не се добие идеално мазна површина за боја. Го апсигувам повторно целиот со 600ка мокра, го одмастувам, и прскам една рака прво врз површините со филер. Втора рака го прскам со боја цел браник, се суши, па 2 или 3 раце лак. Мислам дека ќе бидат 3, нека биде подебело за од камчиња. Фарбањето ќе внимавам да биде педантно и без маани, не сакам полирање после фарбање, не ми е мајсторски некако, иако не сум мајстор.
Тоа би било тоа, само сонце ми треба, се надевам на уште едно циганско лето.
Убав ти е планот, само не брзај со слоевите на фарбање, почекај си ако треба два дена прави го. Битна работа што треба да ја запазиш е после бојата коа ќе ставаш лак. Не чекај бојата да се исуши скрос, туку чим изматира ставај лак, па чекај за втора или трета рака. Незнам што ќе се деси ако на пример ја оставиш еден ден само во боја па другиот ден лак ама советов ми е од лакер што цел живот фарба коли, а сеа работи олдтајмери.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #288 на: 26 Октомври 2023, 23:51:00 pm »
Ako ne se stavi plastik primer a se sprema poprilicno osteten branik za farbanje dali moze poradi toa da dojde to nabavruvanje na bojata po nekolku meseci kako balonce. Odnosno poradi sto mi e ima ovaka napraveno na branik farban pred pola godina.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #289 на: 26 Октомври 2023, 23:54:13 pm »
Ако се струга до пластика т.е се извади фабричкиот прајмер и се стави само боја, тогаш за кратко ќе почне да се лупи, да набабрува, не верувам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #290 на: 26 Октомври 2023, 23:56:16 pm »
Набаврува од хемиска реакција и таа се појавува многу брзо после фарбање. Кога работев кај автолакер фарбавме пластика од скутер и бојата се направи ко корупки. Рече дека не се поднесувале старите со новите материјали (не разбрав за кој дел точно), иако јас ја поминував со кит, со филерче каде што требаше, па матирање со паста за матирање и сив скоч, ете ко кора од мандарина се направи. Ете кај мене почнаа да се појавуваат линии (пука лакот). Мајсторот вели да купам нови браници дека бесплатно ќе ги исфарба, ама вака-така му се запнав да ги среди бесплатно и плус некое евро за долниот дел од вратата каде што ми е испукана. После полирање се надевам нема да дели бојата. Моментално сечените задни полумесеци и крилото не дели во нијанса.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #291 на: 27 Октомври 2023, 01:27:13 am »
Тоа е друго нестор ти што го кажуваш. Тоа се случува во наредните 12 часа после фарбање. Едноставно пластиката и хемијата (пластик прајмерот или филерот или бојата) не се поднесуваат и во тој случај се струга од ново до коска и се менува марката ( мајсторите си знаат што не одговара) на хемиите и се префарбува одново. Кога го менував предниот браник, на мајсторот баш тоа му се деси. И наместо браникот да го земам за два дена испадна една недела да бидам без браник.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #292 на: 01 Ноември 2023, 11:32:20 am »
 :-*




Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #293 на: 23 Ноември 2023, 13:24:23 pm »
Месец Октомври запишан за годинава како месец на удари, дури 3 пати, од кои едниот немаше скоро никаква штета, ситни гребаници, вториот беше во задниот полумесец кој гребаниците искочија а набиеното за среќа без прекршување на лимот, ќе биде исправено во текот на другиот месец. Третата дешавка се случи во двор, братучед ми влезе во предно лево крило со отворена негова врата на колата. Го прекрши крилото, и ги искрши држачите на браникот и крилото. Тоа изгледаше вака некако


Направивме Европски, ми исплатија штета и тргнав по најзаебаното, да најдам мајстор. Сакав да фарбам браник и крило, бев кај неколку, некој ме откачија од старт дека немале време, некој ќе фарбал крило и половина браник, цени шарени добив од секаде. Краток спој, ми пукна филмот, отидов до Вивант, земав спрејчиња, посебно филер, посебно база и посебно 2к лак се ова на PPG. Браникот го извадив, крило купив друго, од отпад го извадија од кола без оштетувања освен ситни гребаници и се фатив за работа.

-Оштетувања на браникот:




Мнооогу испукана боја, ова мислам дека е најзаебаното нешто за средување. Мора да се симне до пластика, кит не ми беше опција во никој случај, бидејќи браникот е флексибилен, 100% сум сигурен дека кога тогаш ќе испука, така да земав батериската, ставив округол пад за шмиргли и почнав да стругам, на крајот изгледаше вака:









Каде што беше испукана бојата користено шмиргла 150 додека не стигнав до пластика, кога стигнав со 320 замазнив секаде и прснав пластик прајмер во црна боја, за ова немам слики, сум заборавил.

Понатака, после пластик прајмерот почнав со филер и тоа добри 3 пати поминав, на филерот почнаа да излегуваат неправилностите, како ситни зуцки, уште испукана боја, нерамнини. Повторно шмирглите и стругај. Имаше дупчиња на браникот од штравчиња за таблицата, е тие ги пополни со кит, имаше уште на едно место во горна зона, ставено и таму тенок слој:



Со браникот тука веќе бев при крај со спремање, го прснав уште еднаш финално со филер и го тргнав на страна да се суши.

Се фатив со крилото, како што кажав океј беше, го апсигувам со 600ка мокра и после го прснав со филер и него. Искочија ситни зуцки после филерот, исполнети со китче, ишмирглано и прснато повторно со филер:



Кога веќе завршив со филерот, браникот и крилото беа шмирглани со 600ка на пакна со вода и сјај, откако завршив со тоа, под црево со вада ги поминав и со скоч секаде и претежно на кривини и ивици.
Исушив панелите и поминав со одмастувач пред фарбање, поминав со вата/газа онаа пред фарбање (не знам како точно се вика) ги наместив на ногарки и им влегов. Времето денес ми се погоди, прашина нема, искочи сонцето скоро при крај на работата, да сакав вака немаше да биде.





Дали сум задоволен?
-Па да, од 1до 10 може 8 да оценам. Но генерално зафатов ме чинеше половина од цената на некои мајстори. Има неправилности од шмирглањето, ама не е страшно. Утки со бојата немам, лакот убаво се разлеа, бубачиња вадев со пинцета, ама на пролет ќе иде целата на полирање.
Останува да монтирам, колата не ми е дома (на МАЈСТОР Е!)
па да видам бојата дали одговара 😅









« Последно менување: 23 Ноември 2023, 13:52:37 pm зоки-златен »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #294 на: 23 Ноември 2023, 13:32:15 pm »
Опелов со лајсна толку ти направи штета? ???

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #295 на: 23 Ноември 2023, 13:49:54 pm »
Месец Октомври запишан за годинава како месец на удари, дури 3 пати, од кои едниот немаше скоро никаква штета, ситни гребаници, вториот беше во задниот полумесец кој гребаниците искочија а набиеното за среќа без прекршување на лимот, ќе биде исправено во текот на другиот месец. Третата дешавка се случи во двор, братучед ми влезе во предно лево крило со отворена негова врата на колата. Го прекрши крилото, и ги искрши држачите на браникот и крилото. Тоа изгледаше вака некако
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Направивме Европски, ми исплатија штета и тргнав по најзаебаното, да најдам мајстор. Сакав да фарбам браник и крило, бев кај неколку, некој ме откачија од старт дека немале време, некој ќе фарбал крило и половина браник, цени шарени добив од секаде. Краток спој, ми пукна филмот, отидов до Вивант, земав спрејчиња, посебно филер, посебно база и посебно 2к лак се ова на PPG. Браникот го извадив, крило купив друго, од отпад го извадија од кола без оштетувања освен ситни гребаници и се фатив за работа.

-Оштетувања на браникот:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мнооогу испукана боја, ова мислам дека е најзаебаното нешто за средување. Мора да се симне до пластика, кит не ми беше опција во никој случај, бидејќи браникот е флексибилен, 100% сум сигурен дека кога тогаш ќе испука, така да земав батериската, ставив округол пад за шмиргли и почнав да стругам, на крајот изгледаше вака:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Има еден сервис за заварување пластика на јужен булевар пред Душогупчани. Во случај да не го средиш сам, помини нека го видат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #296 на: 23 Ноември 2023, 13:53:42 pm »
@Bravo по грешка притиснав прати, завршена е работата.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #297 на: 23 Ноември 2023, 14:54:40 pm »
Од слики изгледа супер сработено :) наздравје фарбање, од тоа што си напишал - се е по фарбарска процедура без скокнати чекори.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #298 на: 23 Ноември 2023, 15:33:08 pm »
Мислам дека некои наплаќаат за бетер работа од ова :) Браво за трудот, размисли си за во иднина како дополнителна работа :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #299 на: 23 Ноември 2023, 16:26:52 pm »
Опелов со лајсна толку ти направи штета? ???
Цела врата влезе во крило, за чудо кај Опелот немаше никакви изместувања и штета освен гребаница од внатрешна страна на вратата. Се погодил аголот така, можеби...

Од слики изгледа супер сработено :) наздравје фарбање, од тоа што си напишал - се е по фарбарска процедура без скокнати чекори.
Процедурата ептен запазена, да не зборам пред време ама ова никогаш не би набубрело или испукало. Сега ги ѕирнав пак, лакот е убаво засушен и уште поубаво изгледа, прееска изгледа дека тазе многу orange peel имаше.

Мислам дека некои наплаќаат за бетер работа од ова :) Браво за трудот, размисли си за во иднина како дополнителна работа :)
Тоа е проблемот, има алат, има комора, фарба и ми полира на крај. Која е логиката? За така, еве и јас знам.
Фала ти, фарбањево ми е омилено хоби, ама си сака влог и посветување доколку би се решил за таков чекор, а некако мрзлив станувам и без живци.