Одамна не се пишало. Да кажеме по нешто за овие VAG-овиве беспрекорни примероци на возила.
Август 2022 на 94ххх км по утвдена дијагноза дека водната пумпа е кривец за 3 невообичание кратки прегревања од 10 - 20 секунди во рок од 2-3 км после тргнување од ладен мотор, направен голем сервис комплет - водна пумпа, ребраст, затегач, ПК каиш, уље и филтри за уље, воздух и гориво. Овој пат сервис кај „гранап мајстор“ со делови набавени кај
@Prcot.
И така. Сега ќе видиме како ќе се покаже квалитетов на замнескиве делови. Оригиналните издржаа пола од ветеното од VW и нешто помалце од една година од пропишаните 5.