Автор Тема: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style  (Прочитано 13246 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #75 на: 28 Август 2022, 04:19:42 am »
Абе жена не знаш на колку ќе смениш а не па водна пумпа.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #76 на: 28 Август 2022, 15:49:58 pm »
Дали вентилираните седишта спречуваат да се потиш на подолг пат? Вредат?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #77 на: 28 Август 2022, 16:32:11 pm »
Дали вентилираните седишта спречуваат да се потиш на подолг пат? Вредат?
Нема тоа кај мене.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #78 на: 28 Август 2022, 18:02:36 pm »


Од пред некој месец се возиме со оваа Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style

Година на поризводствo 2018 - регистрирано Март 2018. Купена и одржувана на домашно ниво - Porche MK.
Преземена од прв купувач со 67xxx км и возена до сега едно 52хх км пред и официјално да ја завериме у матично.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од опрема нема:
  • Virtual Cockpit
  • Panorama sunroof
  • Leather interior ни Alcantara
  • Ventilated/cooled seats
  • Трет ред на седишта
  • DCC
  • 360 Camera и странични сенозори
  • Lane Assist
  • 20" Alu Wheels
  • 220в ~ инвертор

Најкорисно од опрема/опции:
  • Адаптивен темпомат - добра функционалност и одлична ускладеност со DSG го прави и во град употребливо
  • LED светла со автоматски долги светла - не е секогаш најдобро на автопат, но на магистрални патишта фино се справува со задачата
  • Помош за паркирање со камера позади
  • Протектори на врата - малце се осетливи и се поткршуваат ама лесно се менуваат
  • Затварање/отварање на петта врата на копче - особено за госпожата
  • Добри опции за пакување и редење низ багажникот. Плус место за да преспијат двајца легнати во зорт :)


Фалинки:

  • Инфотејментот - во најмала рака очаен од кориснички аспект. Не ми е јасно како си дозволуваат вакво конфузно, недоделкано и од кориснички аспкет мизерно решение. Особено ако си љубител на музички враголии, плеј листи, лесно менаџирање и навигација преку едноставно бирање опции - епа нема такво. Овде си оставен на немилост на аљкав андроид програмер кој го заболе уво што треба да се прави кога се вози кола,
  • Kessy - никогаш не ми бил прифатлив во подобрување на конфорот во животот. Напротив, клучот си имаше место во кола и не можеш да го затуриш низ кола
  • Старт/Стоп - сеуште не успевам да го разберам како да го контролирам кога на раскрсница нема семафор и чекам да завртам на лево. Во Мерцедесот далеку полесно го правeв тоа со педали и менувач
  • Isofix не можеш да монтираш вo средина - Може некому му изглеа непрактично, ама мене во моментов тоа ми беше нешто што мнoгу ќе ми ги олеснеше семејните патувања
  • DSG- некако не ми е доволно софистициран и низ град е падни - стани и во најмала рака  во комбинација со големината на колата те прави да се осеќаш ко слон затечен во антикварница за порцелански реликвии
  • Квалитот и завршнатаобработка - дури и за ова ниво на опрема сеуште го експонира „Прима мембел“ пристапот. Како и да е, лошиот вкус се компензира делумно со корпоратините платформи за механички решенија и логистиката што ја имаат обезбедено преку VAG  групацијата. нешто на лик на Веге Бургер.

Од опрема која ја има а не би дале пари ако ви бараат дополнително:

  • Чадор(и) - не знам каде ми е вториот ако некогаш имало
  • Капаче за ќеса за ѓубре во вратата (ја викаат канта не знам зошто)
  • Гребалка за мраз во вратничката за дотурање гориво
  • Батериска ламба во багажник која е на полнење и го осветлува дополнително багажникот со магнетче да може да си ја залепш(ова е добра финта)
  • Припрема за украс за лажни издуви во браник (невозможно е да бидат чисти)

Планови за иднина:

  • Да средам кровни носачи пред одмор, да не зафали уште 300л (имам веќе кровен куфер).
  • Да купам зимски гуми за другиот одмор.
  • Да турам гориво, адблуе, редовни сервиси, и да се вози многу.


Повеќе слики барајте од тестот на zeroSignal бидејќи мислам дека се скоро идентични, освен алкантарата на седишта и Canton озвучувањeт.

За искуството до сега.

Прилично робусно, грубо и нединамично возило. Оние 190кс веројатно сaкаат некако да хартија да те намамат дека има овде муабет за перфроманси, но нема. Поточно има, ама серка е да стигнеш до нив. Послабата верзија можам да замислам дека не мрда ако оваа се осеќа ко тиња. Претпоставувамдека на габаритот и тежината тоа е тоа. Нема бегање ако сакаш прифатливо возење заеби слабашни 150 кс.

Најдобар начин на користење веројатно е крузање во опсег 100-130 км/ч. Во тој начин на употреба потрошувачката оди докај 7,5 - 7,7 л/100км. Нерамнините на пат и на скопските улици се осеќаат целосо и не е нешто голема удобноста во поминување преку нив.

Од друга страна просторот внатре е удобен и на долги релации не е тешко да се поминат повеќе часови зад волан и на задна клупа.
Ако треба да почнеш да јадеш кривудав пат веројатно ќе поминаш ко гуштер у војска кога се учи на Дајц. Динамиката е скоро на тоа ниво, со DSG што не се осеќа пријатно во такви услови кога почести промени се неопходни. Мануелниот начин на менување понекогаш помага но е исто неинтуитивени напорен дури и со педалите на волан(може треба целосно да се навикнам за добро да го владеам).

Сепак, за семејно возило кое ќе собере 5 члена во редовен состав со доста опрема која си ја тркаламе за секое патување ова беше примамлива шанса и ни го замени Mercedes B180 што ни беше примарно семејно возило.

Ventilated/cooled seats

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #79 на: 28 Август 2022, 18:26:16 pm »
Цитат
Од опрема нема:

Virtual Cockpit
Panorama sunroof
Leather interior ни Alcantara
Ventilated/cooled seats
Трет ред на седишта
DCC
360 Camera и странични сенозори
Lane Assist
20" Alu Wheels
220в ~ инвертор

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #80 на: 28 Август 2022, 18:26:56 pm »
Сепак убаво да се потсетиме на ривјуво, не е на одмет.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #81 на: 28 Август 2022, 18:41:02 pm »
Имаше подобрување некое кај инфотејнментот и дсг со апдејти на софтвер?

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #82 на: 28 Август 2022, 18:47:58 pm »
Кај мене на VАG 1.2 тси, на 99000 км случајно се откри на сервис дека водната пумпа веќе почнала да тече.
Зини да ти кажу.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #83 на: 28 Август 2022, 18:51:01 pm »
Кај мене на VАG 1.2 тси, на 99000 км случајно се откри на сервис дека водната пумпа веќе почнала да тече.
Толку издржува на 80000 треба да се рачуна веќе на промена.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #84 на: 28 Август 2022, 19:08:58 pm »
Кај мене регуларно на 90+ илјади.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #85 на: 28 Август 2022, 19:29:00 pm »
Имаше подобрување некое кај инфотејнментот и дсг со апдејти на софтвер?

Не ме викнале во официјален а  кога менував дискови ништо ново не приметив.

Кај мене регуларно на 90+ илјади.

Не бев изненаден кога ги видов коментарите по сите сајтови од  VAG  корисници дека за истиот мотор (а и други) селично се дешавало. Првиот пат ми беше драма, оти бев во Малта и се враќав дома преку Ниш каде што слетав. Само што тргнав од аеродромот на некои 2-3 км рикна алармот. Си реков сега на тракет до дома ќе терам :). Се паркирав на серивсна лента отворив хауба нема - некој спектакал. Влего внатре запалив и одма стрелката си дојде на место. Опцув двајца програмери онака рандом, верувајќи дека е некој глуп баг во современиве ECUа и си дојдево дома. Потоа немаше ваква појава добри 2-3 месеци. Дури и на одмор бев и ништо. Ама следното појавуење јасно беше.

Кај мене на VАG 1.2 тси, на 99000 км случајно се откри на сервис дека водната пумпа веќе почнала да тече.

Овде не течеше ништо. Прост механзам, кој на никому не му треба(освен за регулатива на издувни). Да можев да најдам онаква олдскул па нека загрева побавно.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #86 на: 28 Август 2022, 20:11:58 pm »
Лелеј, да одам и јас превентивно на проверка, а?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #87 на: 28 Август 2022, 20:16:37 pm »
Лелеј, да одам и јас превентивно на проверка, а?
Сервисерите што ги знаат моторите го проверуваат тоа. Почнува да слизнува по малку и ти кажува имаш 5000км и ќе менуваме или на следен сервис итн. Тоа е тоа.

Е сега ако некој "не видел", тоа е друго. Треба да види. Позната работа е кај Ваг.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #88 на: 28 Август 2022, 20:16:55 pm »
Тури некое стотче на Богоројца у оближно црквиче и терај. Што да ти кажат на проверка? Губи течност ? - Не!  Прегрева?  - Не! Дошло ред по сервисен интервал? - Не!Имаш вишак паре? - Не! Терај до следната недела и провери ги пак прашањава од чеклиста. Ако едно е ДА, мењај!

Sent from my DN2103 using Tapatalk


Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Skoda Kodiaq 4x4/ 2.0 TDI 190PS/ DSG - Style
« Одговори #89 на: 29 Август 2022, 18:51:32 pm »
Цитат
Од опрема нема:

Virtual Cockpit
Panorama sunroof
Leather interior ни Alcantara
Ventilated/cooled seats
Трет ред на седишта
DCC
360 Camera и странични сенозори
Lane Assist
20" Alu Wheels
220в ~ инвертор


My bad.