Автор Тема: Ауто старт стоп системи  (Прочитано 22929 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #75 на: 23 Март 2021, 22:15:47 pm »
Не е дека не го користам, но до работа имам само 4 семафори за 25 км, каде што би можел да се активира системот. За до продавница и слично има 2-3 семафори, некогаш има гужва, некогаш не. За викенд прошетки зависи и од релација, некогаш нема семафори, некогаш има 10, па си се активира повторно системот. И да возам низ град каде има многу гужва, секако нема да го гасам системот, баш од причините кои Луки ги спомна, а системот си одлучува кога треба да се активира, кога не.
Знам од каде тргна муабет, го читав и тоа, и јас не го гледам како проблем тоа, туку како нормално функционирање на акумулаторот.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #76 на: 23 Март 2021, 23:21:44 pm »

Го потврдуваш тоа што го реков: Приморани сме сите да плаќаме за глупоста старт/стоп. Без никој да не праша како купувачи и корисници, и без реални аргументи за потребата од непотребната глупост.

Тоа што што ти сметаш дека мнозинството е глупо (нема да го спорам тоа), не го менува фактот дека е недемократски и насилен моментот каде корпорации заедно со власта (или користејќи ја власта) на сите ни наметнуваат избор кој повеќето од нас не би го избрале... Доказ ти се сите кои го исклучуваат старт/стоп системот, не само овде туку секаде во светот. Следствено и има куп видеа и совети како да се исклучи старт/стоп.

Ароганцијата на индустријата/власта, и вокалното оправдување и навивање од консумеристите, е тоа што ме вчудоневидува.
Ете и ти самиот, воопшто не ти смета што на мене и на мнозинството, ни се наметнува изборот. Не размислуваш дека утре и тебе може да ќе ти се удри од глава да бидеш приморан на нешто што ти лично не го сакаш.


Едит, накратко за другите моменти:
[1] екологијата, таму во Германија не знам точно како е со ќумбиња и оџаци (чинам регулирани се и емисиите на ппм по домаќинство, и сертификациите на печките за ефикасно согорување), но знам дека овде во Македонија сообраќајот е мал дел од загадувањето... лицемерно е (овдешните власти или било кој) да го посочуваат старт/стоп како некакво решение за загадувањето
[2] Тата/Голем Ѕид или Лада не сакам да возам (Лада можеби, кога би живеел некаде во планина со офроуд патишта), но тоа не го менува фактот дека не е слободно-пазарна ниту капиталистичка одлуката да се наметнува избор на потрошувачите, и тоа во држави кои се декларираат како слободни
[3] заштедата, хаха еве практичен пример: колегава новиот АГМ акумулатор го плати окулу двеста евра а месечно не троши ни пола од таа сума на гориво, тие неколку проценти „заштеда“ од потрошувачката во тие неколку години не стигнуваат ни пола акумулатор да му го исплатат, а каде е тука зголемената амортизација на другите делови од автомобилот, и нервозите не ако туку кога набрзо ќе откаже акумулаторот
[4] искусни лопови/обијачи на брави со соодветен алат има многу помалку од копиљаци со софтвер на телефон/лаптоп кои може со лопата да ги ринеш
[5] мојот голф, освен со кантичка бензин и со кибрит, не можеш да го запалиш (уште помалку да го украдеш) и во тоа се обложувам во пијачка или ручек, во секое време. ;)


Можеш да си увезеш кола од УСА/Канада/Јужна Кореа без старт-стоп. Никој не те принудува да купуваш кола од ЕУ со вграден старт-стоп систем.


Мене воопшто не ми е гајле за твојата лична интепретација дека некоја си корпорација ти наметнува избор кој ти хипотетички не би го избрал. Исто како што и тебе во основа не ти е гајле за мојата интерпретација, туку само сакаш да го дрвиш од тука до недоглед и притоа да испаднеш паметен, угнетен, далекуглед и просветлен во врска со старт-стоп системите и генерално западот, корпорациите, филмот, не-демократијата, глобалните завери, итн. Ама тоа е друг муабет.

[1] Се разбира дека е смешно дека од сите возможни мерки и дејствија некој се фаќа само за тоа и го продава како филм дека со тоа ќе се реши проблемот со загадувањето.

[2] Имаш многу интересно-чудна интерпретација на слободата, капитализамот и западниот свет. Од километар се гледа дека си теоретичар без ден искуство во тие држави и системи на уредување. Излези, поживеј, поработи, создавај, осети на своја кожа, па дрви го до бесвест за слободата и неслободата на капиталистичките држави.

[3] Фактот што го испушташ со Старт-Стоп систем е дека добиваш многу подобар анласер, многу подобар алтернатор, многу подобар замаец и разладен систем со многу поразличен капацитет отколку со возило без таков систем.

[4] Многу видеа гледаш на интернет. Без соодветен хардвер/алат не се крадат и модерните возила. Кој пишувал софвер/програмирал електронски уреди знае дека не е баш така.

[5] Немам ни најмала намера да ти го палам/крадам голфот, а уште помалку да се докажувам дали може или не.


Конкретно ако веќе разглобуваме непотребни работи во коли (од кои речиси сите аналогни) и сите до еден имаат негативно влијание кон потрошувачката, загадувањето и чинат многу дополнителни средства:

- Серво управувач
- Поголеми бандажи и пошироки гуми (алу бандажи уште помалку)
- Електрика на прозорци/огледала
- Централно заклучување
- Мерач на вртежи
- Осветлена шалт-табла со вградени лед/сијалички позади
- Тонирани стакла
- Знаци/беџеви на колите
- Сензор за бришачи
- Звучна изолација
- Алуминиумски компоненти по подвозје (кај многу возила целото подвозје е комплетно алуминиумско)
- Вентилирани дискови (многу поскапи и покомплексни за производство)
- Независно подвозје напред и назад
- Спирали/пружини на подвозје
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #77 на: 24 Март 2021, 00:43:22 am »
Хмм, оваков тон не очекував.  :)

Инаку, сѐ што наброја од „непотребни работи“ во аутата - сѐ е попотребно од старт/стоп за кој зборуваме. Секое едно набројано нешто има мерлива позитивна вредност од некој аспект... Наспроти тоа старт/стоп мерлива позитивна вредност има само во неколку проценти помала потрошувачка на гориво. Смешки.


[1] Се разбира дека е смешно дека од сите возможни мерки и дејствија некој се фаќа само за тоа и го продава како филм дека со тоа ќе се реши проблемот со загадувањето.

[2] Имаш многу интересно-чудна интерпретација на слободата, капитализамот и западниот свет. Од километар се гледа дека си теоретичар без ден искуство во тие држави и системи на уредување. Излези, поживеј, поработи, создавај, осети на своја кожа, па дрви го до бесвест за слободата и неслободата на капиталистичките држави.

[3] Фактот што го испушташ со Старт-Стоп систем е дека добиваш многу подобар анласер, многу подобар алтернатор, многу подобар замаец и разладен систем со многу поразличен капацитет отколку со возило без таков систем.

[4] Многу видеа гледаш на интернет. Без соодветен хардвер/алат не се крадат и модерните возила. Кој пишувал софвер/програмирал електронски уреди знае дека не е баш така.

[5] Немам ни најмала намера да ти го палам/крадам голфот, а уште помалку да се докажувам дали може или не.

5 - Некој нема смисол за хумор.
4 - Програмерот го пишува кодот, го продава на колку што може повеќемина, а потоа го користат софтверот крадците (било кој лузер без никаква експертиза)... Во контраст, обивач на брави е некој (не секој) со години искуство. Такви нема многу, а корисници на мобилни телефони/лаптопи има бескрај.
3 - Дап но користа ќе ја видам само ако го исклучам именуваниот старт/стоп, во спротивно дури и тие подобри делови побрзо ќе се амортизираат (од нели, спротивниот случај)
2 - Ад Хоминем, и да - целосно ја заобиколуваш поентата
1 -  Но нели намалување на загадувањето е главната „продажна поента“ на старт/стоп? Ако не тоа, што тогаш? Тие трите проценти помала потрошувачка??


Цитат
Мене воопшто не ми е гајле за твојата лична интепретација дека некоја си корпорација ти наметнува избор кој ти хипотетички не би го избрал. Исто како што и тебе во основа не ти е гајле за мојата интерпретација, туку...
Јас па мислев дискутираме за старт/стоп... Ти за чуства си зборувал.  :-[

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #78 на: 24 Март 2021, 12:43:57 pm »
Инаку, сѐ што наброја од „непотребни работи“ во аутата - сѐ е попотребно од старт/стоп за кој зборуваме. Секое едно набројано нешто има мерлива позитивна вредност од некој аспект...

@Van Ако мерлива вредност ти има - Сензор за бришачи и можеш да му најдеш позитивна вредност тогаш секоја ти чест :) Може па не знаеш кога врне кога не па сензорот ќе ти кажува.
А додека сме кај чувства, ептен предобро се чуствував сабајлево кога ми гасеше колата на секој семафор, а од околина само хејтери со дизел ќумбиња што загадуваат максимално. Штета што немаш можност да ја осетиш и ти таа лепота, туку си останат во времето и се чуствуваш евентуално :D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #79 на: 24 Март 2021, 12:57:36 pm »
@Van Ако мерлива вредност ти има - Сензор за бришачи и можеш да му најдеш позитивна вредност тогаш секоја ти чест :) Може па не знаеш кога врне кога не па сензорот ќе ти кажува.

Аууу, колку се добри сензорите за бришачи и коооолку се корисни. Пред да ги имам и јас викав, зошто би биле корисни овие?!?
Сега, уживанција. Еднаш само наместен кога, на колку вода да се активираат и заборавено дека има палка за бришачи (освен кога треба со вода да ги прснам стаклата).
Едно што се активираат сами на дожд, сами знаат колку да бришат, колку секунди пауза треба меѓу едно и друго бришење, колку брзо.... со еден збор идеална автомтска работа за чисто стакло.
За разлика од мануелни бришачи - наместен на бришење со пауза, ама не е добро, многу вода се прави... префрлен на прва брзина - пак не е добро, нема толку вода за цело време да работи, појак дожд па втора, трета брзина на бришење, па премногу е, премалку е.... премногу замарање....

П.С. Моментално старт-стоп системот кај мене повеќе ми е исклучен. Ме нервирал моментот на гасење на колата само на неколку секунди пред тргнување.... и можеби незнањењето/стравот што се и колку страда на колата користењето на тој систем и покрај 5 години гаранција на колата што има...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #80 на: 24 Март 2021, 13:05:56 pm »
@R2D2 јас имам такви сензори за дожд и сензори за автоматски светла... Еднаш ги имам уклучено чисто да видам дали фунцкионираат и никогаш повеќе. А старт/стоп нон стоп ми е уклучен. А и да немав старт/стоп исти к**. Вака зошто го имам пак исти к :D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #81 на: 24 Март 2021, 13:13:58 pm »
А сензорите за автоматски светла во комбинација со матрикс-от, па не можам да замислам наредна кола да ми биде без тој систем. На секое возење, надвор од град, му се восхитувам на системот колку е добар и практичен.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #82 на: 24 Март 2021, 14:34:22 pm »
Аплауз. И ти си еден од тие што не знае дали е темно или дали врне. Браво, што и да кажам после браво џабе е.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #83 на: 24 Март 2021, 14:55:35 pm »
Не знам што толку муабет за една ситна работа.Ај сеа да не можеш да ја исклучиш во ред ,да кажеш дека некој нешто ти наметнува,али секунда е да притиснеш едно копче за Офф.
Лично не сметам дека штети на возилото и би го користел само во поголеми градови каде мора да се чека повеке на семафор,за помали нема потреба,во гужва на автопат исто каде мора да се движиш некогаш со 10кмч.
Плус никогаш автоматски не се вклучува додека не е загреана колата или ако премногу време стоиш во место а имаш потрошувачи ке се запали автоматски и нема да дозволи да ти испразни до крај.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #84 на: 24 Март 2021, 14:58:45 pm »
@Inter1 абе другар, ти пак целосно ја промашуваш поентата... Човекот ти објаснува функции/одлики кои нудат удобност од незамарање со некои работи со кои инаку треба да се замараш (како на пример кога рачно менувам брзини на работа на брисачи). Или функции за незамарање со светлата (автоматско палење, гасење, менување на дневни/ноќни, итн).

Што се мене тиче, јас претпочитам мануално управување со било што. Но во специфични ситуации, би користел такви можности. И би одбрал да доплатам за тоа, оосебно кога не би оделе со голем премиум во цена, и кога би биле опциони (и двата моменти во контраст со старт/стоп).

Дизајнерите и индустријата се полезни кога го работат на она што се нарекува „квалитетот на живот“ или незамарање со повторливи мануални акции, како подесување на брзината на брисачите во специфични временски услови. Посебно кога тоа не влече голема парична доплата. Некој седнал размислил што се прави рачно и често, и го автоматизирал сето тоа. Постоење на такви можности е добро. Но прашањето овде е дали на постои таков некој што на семафор редовно рачно исклучува мотор за да го запали по 20 секунди?


Муабетот е дека има наведените работи (за автоматизација на потребни работи) имаат вредност за корисниците и ретко кој ги исклучува (повторно, за разлика од старт/стоп).


Што се тиче старт/стоп „вредноста“ не таква како во другиве примери, туку наводно е еколошка (смешки за секој кој разбира од каде доаѓа загадувањето овде кај нас), или се состои во тие неколку смешни проценти помала потрошувачка на гориво... Бизарно смешено оправдување за да се наметне нешто што реално е солидно поскапо од стандардното решение.

Уште еднаш, не е работата во контрирање кон нови технолгии. Работата е во давање избор на корисниците, и запирање на непазарното наметнување на бескорисни нови технологии идеологии.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #85 на: 24 Март 2021, 15:01:42 pm »
Аплауз. И ти си еден од тие што не знае дали е темно или дали врне. Браво, што и да кажам после браво џабе е.

Според ова, јас воопшто незнам што си научил да работиш на компјутер/телефон, зошто си се регистрирал на форум... кога имаш камен за пишување! И зошто воопшто си купувал кола со мотор кога постојат запрежни коли!

Напредните системи и тоа како се добредојдени во колите, го олеснуваат животот, имаат пасивна/активна безбедност...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #86 на: 24 Март 2021, 15:05:24 pm »
Така е. И за двајцата :)
p.s. @Van абе другар. Светло да не знаеш да упалиш и бришачи и тоа да ти е некој „товар“ и некој те спасил од тоа е супер, а старт/стоп да имаш кај што исто некој размислил не ти чини. И тебе не те разбирам. Инаку такви глупости за бришачи и за светла имаш во секоја нова кола. Недај боже да се расипе некој сензор, има да преплатиш за таа глупост. Исто со автоматското затворање на ретровизори. Се е супер додека не рикне механизмот... После тоа старт/стоп акумулаторот живо џабе ќе ти се види

А пасивни системи што спасувале, како паркинг сензори, сензори/радари или како и да се викаат за пешаци, системи за препознавање на знаци итекако се добредојдени. Ама да речеш дека автоматското светло и бришачи ти ја зголемиле безбедноста е тешка катастрофа. Ако грешам нека изгорам :D 
« Последно менување: 24 Март 2021, 15:16:53 pm Inter1 »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #87 на: 24 Март 2021, 15:31:52 pm »
А сензорите за автоматски светла во комбинација со матрикс-от, па не можам да замислам наредна кола да ми биде без тој систем. На секое возење, надвор од град, му се восхитувам на системот колку е добар и практичен.

Се слагам. Сензорите за бришачи и светла се една од подобрите работи што постојат а коштаат за малце пари. И јас пред да почнам да ги корситам на минатата кола викав глупа работа божем незнам дали врне или е ноќе, ама еднаш ги наместив и после 10 години не го допрев прекидачот за светла и за бришачи.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #88 на: 24 Март 2021, 15:36:41 pm »
А сензорите за автоматски светла во комбинација со матрикс-от, па не можам да замислам наредна кола да ми биде без тој систем. На секое возење, надвор од град, му се восхитувам на системот колку е добар и практичен.
Се слагам. Сензорите за бришачи и светла се една од подобрите работи што постојат а коштаат за малце пари. И јас пред да почнам да ги корситам на минатата кола викав глупа работа божем незнам дали врне или е ноќе, ама еднаш ги наместив и после 10 години не го допрев прекидачот за светла и за бришачи.
Ама сензорот ако се заебе???? 🤣🤣

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #89 на: 24 Март 2021, 15:50:26 pm »
Ама да речеш дека автоматското светло и бришачи ти ја зголемиле безбедноста е тешка катастрофа. Ако грешам нека изгорам :D 
Ако треба бензин за да изгориш, слободно кажи, ќе собереме :)

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html