Да надополниме дневникот
На 158840 променети зимските со летните патичиња.
Вчера направен мал сервис на 160441 во домашна атмосфера
. Променети сите филтри. Повторно земав Filtron. И променето маслото.
Минатиот четврток ми издиша амортизерот на 5-тата врата. Денес земени 2 нови, цена од парче 400 денари.
Во блиска иднина ќе треба да ги средам фаровите, веќе полека полека почнуваат на ќошевите да пожолтуваат, па дајте предлог дали повторно да се полираат и да се заштитат со лак, или пак да се исполираат и да се заштитат со фолија.
Заборавив да напоменам дека се купени и платнени патосници од Samad по цена од 1400 денари со достава. Патосниците требаше да се по мерка и се понудив да отидам да земат мерки меѓутоа ми рекоа дека имале мерки и немало потреба. Патосниците според мене не се баш пасент меѓутоа тоа е тоа...има 2 дупки за закачување на патосница а колата има само 1, и има малце луфта од страните. Квалитетот е просечен, ништо посебно.