Дојде време да го претставам новиот член во семејството.
Некое време бев во потрага по малце по фамилијарен хеч во однос на тоа што го поседуваме (Јас возам Peugeot 206, сопругата вози Opel Corsa C), па разгледував Peugeot 308, Seat Leon, Kia Ceed, Renault Megane. Лично најмногу сакав Peugeot 308 меѓутоа колегата ми ја понуди Kiata од негов пријател па се решив да одам да ја погледнам.Колата има ситни каросериски забелешки и во ентериерот сепак е половна кола.Ја прегледа и пријател кој што работи во Киа и рече дека за парите воопшто да не се размислувам да ја земам одма. Цената беше стварно пониска во однос на останатите кој што се по огласи. Така да падна изборот за нецели 24 часа
.
Се работи за Kia Ceed произведена 2008 година. Купена во 2008 година во Прилеп. Моторот е 1396 cm3 и испорачува 109 hp
. Има поминато во моментот 136к километри, ја имам сервисната историја и сервисната книшка до 100к, односно сервисирана е во Киа до тогаш.
Опрема има прилично стандардна:
Мануелен клима уред,
10 воздушни перничиња,
Висинско и длабинско подесување на воланот,
Висинко подесување на седиштата со Lumbar support, се подесуваат по сопствен вкус,
CD/ MP3 радио со фабрички USB и Aux влезови
Електрика само на предните стакла,
Електрични ретровизори со греење,
Клима во glovebox,
Контроли на воланот( За жал е гумен не е кожен
)
Колата ги задоволува сите домашни потреби, комфорна е и има пристоен багажник. Моторот е прилично океј за градска вожња, на автопат се осеќа дека и фали 6 та брзина, односно веќе се осеќа малце бучава на 130-140 kmh. Потрошувачка градска е околу 8,5 литри на 100 според борд компјутерот.
Откако ја купив имав проблем со сецкање испод 2000 rpm (отворив тема за тоа) кој што се реши со поместување на ланчето. односно ланчето имаше прерипано 1 забец.И вториот проблем кој што го имам меѓутоа го немаме средено, вентилацијата многу слабо дува на средните излези, односно тие што се насочени кон возачот.Долните излези и горните према шофершајбната дуваат најнормално. Најверојатно е некоја клапна, ако би имал некој предлог што да би направил би бил добредојден.
Направив сервис, сменив уље и сите филтри, и променив 2 стабилизатори и задна упорна спона.
Планови за во иднина:
Во потрага сум по централната конзола за светло на кровот (скршена е, незнам како е успеано да се скрши),
Да се вгради плински систем
Треба да купам летни гуми, имам само зимски
Да се средат гребаниците по браниците
Да се вградат сензори за паркирање ( сопругата не е баш највешт шофер за паркирање, така што колку толку би и помогнале)
Отприлика тоа би било за колата, во прилог и неколку слики