Автор Тема: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008  (Прочитано 17905 пати)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #75 на: 04 Јули 2022, 15:39:39 pm »
Мал јубилеј 150к. Сега за сега колата е одлична, ги исполнува сите очекувања само уште се привикнувам на тврдата вожња.. :) :)

 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #76 на: 04 Јули 2022, 17:49:48 pm »
Да те седнам во Alfa MiTo со нови задни амортизери, ќе се привикнеш одма на Киата ;D со здравје да си ја тераш :)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #77 на: 05 Јули 2022, 08:19:02 am »
Да те седнам во Alfa MiTo со нови задни амортизери, ќе се привикнеш одма на Киата ;D со здравје да си ја тераш :)
Хаха до толку е тврда ? Мојава е као да има спортски амортизери и спирали а далеку од тоа :D :D

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #78 на: 17 Јули 2022, 19:19:25 pm »
Денеска направен сервис на 150350,

Уље: Motocraft 5w30
Филтер за воздух: Filtron
Филтер за уље: Filtron
Филтер за полен: Filtron

Променет преден лев стабилизатор (Moog), и променет ПК каишот (Continental).

Првична забелешка е дека моторот многу поубаво работи отколку со претходното уље Total 9000 5w40.
« Последно менување: 19 Јули 2022, 14:08:56 pm st08 »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #79 на: 19 Јули 2022, 09:15:12 am »
Денеска направен сервис на 153350,

Уље: Motocraft 5w30
Филтер за воздух: Filtron
Филтер за уље: Filtron
Филтер за полен: Filtron

Променет преден лев стабилизатор (Moog), и променет ПК каишот (Continental).

Првична забелешка е дека моторот многу поубаво работи отколку со претходното уље Total 9000 5w40.

Наздравје сервис, друже колку правиш ти годишно од сликата со јубилејот 150к на 4 ти до 17 ти 3000+ км си свртел

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #80 на: 19 Јули 2022, 14:09:58 pm »
Денеска направен сервис на 153350,

Уље: Motocraft 5w30
Филтер за воздух: Filtron
Филтер за уље: Filtron
Филтер за полен: Filtron

Променет преден лев стабилизатор (Moog), и променет ПК каишот (Continental).

Првична забелешка е дека моторот многу поубаво работи отколку со претходното уље Total 9000 5w40.

Наздравје сервис, друже колку правиш ти годишно од сликата со јубилејот 150к на 4 ти до 17 ти 3000+ км си свртел
Денеска направен сервис на 153350,

Уље: Motocraft 5w30
Филтер за воздух: Filtron
Филтер за уље: Filtron
Филтер за полен: Filtron

Променет преден лев стабилизатор (Moog), и променет ПК каишот (Continental).

Првична забелешка е дека моторот многу поубаво работи отколку со претходното уље Total 9000 5w40.

Наздравје сервис, друже колку правиш ти годишно од сликата со јубилејот 150к на 4 ти до 17 ти 3000+ км си свртел
Сум утнал во куцање. направив промена 150350km :D :D

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #81 на: 06 Септември 2022, 18:35:06 pm »
Како што веќе напоменав требаше да купам нови зимски гуми за колата, па се подновивме со Continental WinterContact TS870 205/55/16. Бев решен да земам повторно Sava Eskimo S3+ ама барајки по продавнициве кај нас ги најдов овие за 4000 денари по парче. Првично не ми беше верно ама ги платив одма и ги контактирав телефонски, ми потврдија дека е процесирана нарачката и можам да ги подигнам од нивниот магацин. Пред работа денес правец Ekupi на качанички пат. Гумите се произведени 16 недела 2021 година. Мислам дека е подобро да возам 1 година стоена во магацин премиум гума отколку нова буџет гума. Слики во прилог  ;D ;D ;D ;D 








Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #82 на: 06 Септември 2022, 18:36:06 pm »
Прекрасен избор.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #83 на: 07 Септември 2022, 06:55:49 am »
Грабеж

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #84 на: 07 Септември 2022, 08:17:46 am »
Добар избор, добра цена во оваа лудница со цени. Јас шест сезони возев Конти зимски, презадоволен, ќе ги возев уште две сезони најмалку ама ја продадов колата.
Имаш посебни бандажи за зимски гуми?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #85 на: 07 Септември 2022, 09:26:22 am »
Добар избор, добра цена во оваа лудница со цени. Јас шест сезони возев Конти зимски, презадоволен, ќе ги возев уште две сезони најмалку ама ја продадов колата.
Имаш посебни бандажи за зимски гуми?
Да имам посебни бандажи за зимските гуми, треба да отидам да направам промена,ама и има време додека дојде зимо :D :D

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #86 на: 20 Ноември 2022, 13:26:05 pm »
Денес на 156003km монтирани зимските чевлички. Се чека првиот снег па да видиме како ке се покажат Conti-то. Летните гуми и бандажи испрани, исчистени од камчиња и спакувани ке чекаат топли пролетни денови  ;D ;D


Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #87 на: 30 Јануари 2023, 13:47:25 pm »
Чисто за евиденција во саботата колата е регистрирана, севкупно регистрацијата ме чинеше 11235 денари + купон за 15 литри гориво по желба во Петрол Оил. Да напоменам само дека сум изненаден од тоа колку е помека колата со зимските Continental во однос на летните Kleber кој што сепак секаде ги пишуваат дека се меки гуми. 

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #88 на: 16 Мај 2023, 16:33:57 pm »
Да надополниме дневникот :)

На 158840 променети зимските со летните патичиња.
Вчера направен мал сервис на 160441 во домашна атмосфера :). Променети сите филтри. Повторно земав Filtron. И променето маслото.
Минатиот четврток ми издиша амортизерот на 5-тата врата. Денес земени 2 нови, цена од парче 400 денари.
Во блиска иднина ќе треба да ги средам фаровите, веќе полека полека почнуваат на ќошевите да пожолтуваат, па дајте предлог дали повторно да се полираат и да се заштитат со лак, или пак да се исполираат и да се заштитат со фолија.
Заборавив да напоменам дека се купени и платнени патосници од Samad по цена од 1400 денари со достава. Патосниците требаше да се по мерка и се понудив да отидам да земат мерки меѓутоа ми рекоа дека имале мерки и немало потреба. Патосниците според мене не се баш пасент меѓутоа тоа е тоа...има 2 дупки за закачување на патосница а колата има само 1, и има малце луфта од страните. Квалитетот е просечен, ништо посебно.
« Последно менување: 16 Мај 2023, 18:17:47 pm st08 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #89 на: 16 Мај 2023, 17:17:45 pm »
Јас сум против лакирање на фарови. Најдобро е полирање и керамичка заштита, ама изгледа ни тоа не е лек. Полирани ми се фаровите кај ТЕ-ЕН со Gyeon керамика и од август до сега не издржаа. Покажаа пак жолтило.