Автор Тема: Mazda CX-5  (Прочитано 9042 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Mazda CX-5
« на: 27 Декември 2020, 14:51:18 pm »
Си купив нешто поново…

Барав нешто поголемо, пошто скоро ми се роди ќерка :) па викам ќе ни треба малце више простор. Купив количка за бебе и ко ја стаив у голфот сватив дека ако патувам (а годишно патувам на подолги тури) нема да ми стигне просторот.

Имав неколку фаворити, као пасат од 2015, пасат цц, мазда 6ка, шкода октавија (од која бев пријатно изненаден од просторот), тигуан, ауди а4, а5ка и на крај сосем случајно тестирав една ЦХ-5ка и пријатно се изненадив.
Барав да биде што понова и да има поише опрема. Освен октавијата за цена, останатите или беа прилично голи со опрема или ценовно беа доста поскапи.
На крај, после неколку пробни тестои се одлучив да го зеам ова.

Првин слики па детали малце подоле..









Ентериер:







Ова после прво перење у мои раце:







Мазда CX-5 Револушн 2016 година - Титаниум боја
Мотор 2.2д AWD 175HP - 420nm
Аутоматски 6 степен мењач
Од опрема, има доста тракатанци, па сигурно нешто ќе промашам:
- Кожни седишта со греачи
- Затемнети задни стакла
- Адаптивни лед предни светла и задни лед светла
- Лед светла за магла
- Автоматски брисачи
- Електронска ручна
- Електронско подесување на седишта со меморија
- Bose сараунд систем
- Keyless entry, start/stop дугме
- 19ки бандажи со летни гуми (добив иста димензија и нови зимски гуми)
- Дигитална двозонска клима
- Мултимедија систем од Мазда со можност за апдејт на Ејпл и Андроид Карплеј
- Камера за рикверц, предни и задни сензори
- Индикатори за мртов агол
- Има некои безбедносни системи од Мазда као Smart city brake, TPMS, Lane assist и останати тракатанци..
- Старт/стоп систем на кој не сум нешто голем фан.
- Најбитно, супер простор на задни седишта и доволен простор у гепек.

Купен од официјален Мазда сервис со 100 илјади километри.
Сервисиран цело време у Мазда, со гаранција од две години (од кој една е фабричка гаранција, останата е приватна од официјалниот сервис). Технички под гаранција е до Април 2022.
Си купив уште еден сет револушн бандажи на кои ги монтирав зимските гуми (малце скапички се гумите али јбг, поубава ми е на 19ки)

Импресии после 5к поминати километри:

Доста задоволен од удобноста, за разлика од голфот влегување и искачање е доста полесно. Внатрешноста ја имаат запазено и има чуство на премиум возило. Нешто слично чуство имав ко влегов у Q5.
Радиото е супер, се поврзува со блутут без проблем и цело време телефонот се менаѓира преку команди на волан. Одлично е за телефонски повици. Имам у план да го апдејтирам да има подршка за Ејпл Карплеј.
Моторот е топ, доста тивок и 420нм си бркаат работа ко ќе се стисне.
Автоматикот е царска работа, доста добро работи и до сега неам замерки.

Очекував да троши помалце, со мој стил на вожња не успеав да ја спуштам испод 7.8 литра. Според борд варира меѓу 7.8 и 8.0, али според моја математика тера околу 8.5 литра, комбинирано.
Нејсе, моментално задоволен, у блиска иднина иам план да ги сменам гумените патосници со платнени и да инсталирам Ејпл карплеј.

За крај, си нарачав навлака за клучот



До следно..

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #1 на: 27 Декември 2020, 15:26:42 pm »
Со здравје да си ја возеш другар.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #2 на: 27 Декември 2020, 15:32:34 pm »
Прекрасна боја, прекрасни бандажи и дизајн на место. Одличен избор за патување, а и сега за тазе фамилијарен човек :) Со здравје да си ја возиш, да не излезеш од неа.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #3 на: 27 Декември 2020, 15:58:10 pm »
Убаво си пазарил. Со среќа да си ја возиш

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #4 на: 27 Декември 2020, 16:25:59 pm »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #5 на: 27 Декември 2020, 16:28:03 pm »
So zdravje da se vozi.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #6 на: 27 Декември 2020, 17:02:19 pm »
Само убави спомени со неа да си правите. Одлично изгледа.


п.с. гумените патосници одма да ги смениш

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #7 на: 27 Декември 2020, 17:02:55 pm »
Честитки


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 941
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #8 на: 27 Декември 2020, 17:07:31 pm »
Честитки, одлично возило! Со здравје да се користи! ;D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #9 на: 27 Декември 2020, 17:15:12 pm »
Со здравје. Ми се допаѓа и колата и бојата.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #10 на: 27 Декември 2020, 17:17:01 pm »
Odlicen izbor, so zdravje da se vozi :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #11 на: 27 Декември 2020, 17:23:33 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #12 на: 27 Декември 2020, 17:25:46 pm »
Одличен избор на мотор и боја

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #13 на: 27 Декември 2020, 17:41:18 pm »
Честито! Моторот е прекрасен стварно, и криво ми е што не се нуди во новата Тројка.

Многу километри и мерак да ѝ видите!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #14 на: 27 Декември 2020, 18:32:07 pm »
Со здравје да се вози,што и да си одберел од тие шо си ги "планирал" немало да си згрешел,сите горе долу се одлични,само како шо си кажа сам,дел од нив ќе беа со помала опрема.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D