Како колата?
Па не ја возам нешто премногу, околу 4400 км поминав од 1 октомври, ама и тие си ги вози без да писне.
Едно што можам да кажам е дека колава ми го промени начинот на возење (на полошо
). Многу е лесна, кратка и со убаво конфигурирани прва, втора и трета брзина, па ме тера малку да ја разгазам во градски средини (возам после гужвите, на растеретени сообраќајници, пред да праша некој).
Има некој чуден missfire во лер, што и не е missfire туку некое пуцкетање што ќе биде дијагностицирано покрај сервисот пред регистрација. Ги менував бобините од Ксарата на Пежото, и обратно, кај Ксарата двете работат добро, кај Пежото двете работат како што опишав. Има дупка на една од цевките на ауспухот па можда е до тоа, а можда и нешто посериозно, ќе видиме
Мене ми е ептен кул колава!
И мене, затоа и продолжувам да ја развивам првичната идеја
Скроз различна од секоја друга 206ка, а не дека измислувам топла вода зошто си има доста долга и документирана историја во off-road натпреварувања.