Автор Тема: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look  (Прочитано 36224 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #150 на: 14 Март 2021, 21:31:54 pm »
Мислам дека го најдов фаворитот: https://www.aliexpress.com/item/33014207572.html

Ако ме апсат ќе речам сејфти кар дека сум ;D

Eve go tuka taman po cela dolzina na krovniot nosac ima da se bunat posle od NASA im smeta na satelitive gore
https://www.facebook.com/autostar.sk/videos/136667741615171/

Да стигне држачот, не знам која должина е откако ќе се монтира на кола :) Или 80 или 100 цм ќе биде.
« Последно менување: 14 Март 2021, 21:38:09 pm MartinAlfista »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #151 на: 25 Март 2021, 20:07:38 pm »
Биднаа и носачите, ми се направи меракот. :)

Морам да напоменам дека ОЕМ кровни шини за 206ка со 3 врати се најмачно нешто што сум морал да го најдам до сега, за било која кола. Полесно најдов ОЕМ QV бандажи за 145ката, благодарност на Томи од Куманово. :)



Сега веќе може да почнам да си барам лајт барче, широко меѓу 50 и 60 сантиметри. :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #152 на: 25 Март 2021, 20:15:24 pm »
Шприцни ги капачињата на ретровизорите од горе бели или сребрени 😁

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 580
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #153 на: 25 Март 2021, 20:32:09 pm »
Убаво испаднало

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #154 на: 25 Март 2021, 21:16:05 pm »
Шприцни ги капачињата на ретровизорите од горе бели или сребрени 😁

Добро што ги спомна, цела совозачка врата ја растурив, на затворање се слушаше некое глупо тракотење ;D барај чепкај стегај штрафови, склопувам назад, пак исто...

После некое време случајно го чепнав ретровизорот, кога ќе видам капачето лабаво си треска ;D

Сива/сребрена боја е многу бош за комбинирање со бела боја, така да ако ги фарбам, само сиви :)

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #155 на: 25 Март 2021, 22:02:40 pm »
Си размислил на задните лептири да залепиш налепници ко на рели возилата? Не твое име и презиме(мислам сопствен вкус) али можеш username од Инстаграм




Нешто налик ова


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #156 на: 03 Април 2021, 16:48:09 pm »
Јас само да прашам  ;D - Дали размислуваш нешто под хауба да чачкаш?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #157 на: 03 Април 2021, 17:29:47 pm »
Јас само да прашам  ;D - Дали размислуваш нешто под хауба да чачкаш?

Па течност за стакло да ставам, при крај е изгледа... ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #158 на: 11 Април 2021, 19:42:44 pm »
Заборавив дека не ставив слика од цела кола со кровни носачи закачени, па еве ја:



Осврт на носачите:

- Не произведуваат никаква додатна галама до 140 км/ч (погоре од тоа ни мислите не можеш да си ги слушнеш од самата кола ;D). Тоа е добро зошто предниот носач е нереално тежок за монтажа и демонтажа.

- Предниот носач е повисок од задниот. Од естетска гледна точка, ќе ми одеше на нерви ненормално и веројатно ќе ги огласев на продажба ;D Од практична гледна точка, LED барот што го порачав кнап ќе си легне под предниот кровен носач, така да сосема прифатливо е.

Еве и една слика како кршам закон при патот до изолација вчера, ќе паузира колава следни 2-3 недели или помалце ако излезе по некоја случајност негативен тестот за 'рона. ;D


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #159 на: 11 Април 2021, 20:06:50 pm »
Како колата? :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #160 на: 11 Април 2021, 20:20:36 pm »
Мене ми е ептен кул колава!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #161 на: 11 Април 2021, 20:30:59 pm »
Каков хит беше кога излезе таму некаде крај 90ти, и еве после толку време не изгледа толку демоде како да речеме Поло од тоа време.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #162 на: 11 Април 2021, 20:39:06 pm »
Демоде е секој VW.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #163 на: 11 Април 2021, 21:15:00 pm »
Како колата? :D

Па не ја возам нешто премногу, околу 4400 км поминав од 1 октомври, ама и тие си ги вози без да писне. :) Едно што можам да кажам е дека колава ми го промени начинот на возење (на полошо ;D). Многу е лесна, кратка и со убаво конфигурирани прва, втора и трета брзина, па ме тера малку да ја разгазам во градски средини (возам после гужвите, на растеретени сообраќајници, пред да праша некој).

Има некој чуден missfire во лер, што и не е missfire туку некое пуцкетање што ќе биде дијагностицирано покрај сервисот пред регистрација. Ги менував бобините од Ксарата на Пежото, и обратно, кај Ксарата двете работат добро, кај Пежото двете работат како што опишав. Има дупка на една од цевките на ауспухот па можда е до тоа, а можда и нешто посериозно, ќе видиме :)

Мене ми е ептен кул колава!

И мене, затоа и продолжувам да ја развивам првичната идеја :) Скроз различна од секоја друга 206ка, а не дека измислувам топла вода зошто си има доста долга и документирана историја во off-road натпреварувања.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #164 на: 11 Април 2021, 22:01:21 pm »
Демоде е секој VW.
Golf IX e демоде веќе, уште неизлезен ;D


......... а не дека измислувам топла вода ......

А бе ај! ;D ;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.