Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44016 пати)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #315 на: 20 Февруари 2022, 22:28:23 pm »
Кај се видело да застари тема со Алфа?!?

;D
Ako se srami da pisi za defeci ke zastari :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #316 на: 22 Февруари 2022, 20:16:10 pm »
Не може да застари темата ако имам нов проблем  ;).

Имено:
Чисто за евиденција, последнава недела низ Скопје што се развозувам, колата ми забегуваше в десно по одредени булевари и постојано ја корегирав.

Ова се уште го имам, не помогна ни центирање, ни проверка на предница кај Бо-Ми (бидејќи немало потреба од центрирање).

Денес бев и во Авто-Мобил кај Плимонт за проверка на предни амортизери кои излегоа 70% што сметам дека е сосема океј. Можеби не се некој фактор, ама чисто од параноја сакам да ги отфрлам од равенката.

Не се чувствувам сигурен додека возам и не сакам да возам побрзо, а треба да излезам на автопат кога тогаш. Воланот не е директен и не можам да одржувам права линија.

Не знам што се случи искрено, од моментот кога излеговме од Градска перална пред 10тина дена, на Мартин му реков дека не е исто управувањето. Не ја барам таму вината, туку временски така настаните се тајмираа.
Ако имал некој сличен проблем, слободно нека сподели, а секако ќе правам еден поседок кај Жаре.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #317 на: 22 Февруари 2022, 20:25:04 pm »
Потруди се да заборавиш на позицијата на воланот и тегнењето на десно, ќе видиш дека ќе го снема :D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #318 на: 22 Февруари 2022, 20:30:20 pm »
70%, време е за нови амортизери 😊

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #319 на: 22 Февруари 2022, 20:30:31 pm »
Можеби јас се фокусирам многу на тоа наместо на самата околина. Но не е константно тегнење во десно/лево, туку од право возење наеднаш непредвидено ќе ме сецне воланот в десно, едноставно не очекуваш кога и колку.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #320 на: 22 Февруари 2022, 20:30:47 pm »
Абе Алфиста,тој ионака неможи колата да ја оправи,ама и тоа малку време кога ќе биди во возна состојба ќе му се причинува дека нешто не е во ред. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #321 на: 22 Февруари 2022, 20:34:19 pm »
@MecheTo знаеш што е најиронично? Година дена беше третирана као ѓубре, ни правилно испрана, само гориво сипав и жими гумите зимски што ги сменив.

И кога ќе решиш да ја лицкаш, да ја мазиш, Марфи ти се појавува на врата. Исто као жена :)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #322 на: 22 Февруари 2022, 20:42:41 pm »
Можеби јас се фокусирам многу на тоа наместо на самата околина. Но не е константно тегнење во десно/лево, туку од право возење наеднаш непредвидено ќе ме сецне воланот в десно, едноставно не очекуваш кога и колку.
Леле истово почна да ми се дешава од пред некое време, само што ги стаив 18тките штракнав опасна дупка во маало каде што успут ми се дупна и гума. Се сомневам на тоа да не паднале оловцата што ги ставаат за балансирање, но не сум отишол да испитам дали е тоа пошто за кратко ќе се монтираат летни гуми, па планирав да почекам да видам дали тоа ќе го реши проблемот.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #323 на: 22 Февруари 2022, 20:44:16 pm »
@ivanxh Може и бандажите да се, нема да бидам изненаден, гледаш како малку по малку ги отфрлам сите составни делови

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #324 на: 22 Февруари 2022, 21:22:47 pm »
Тоа сакав да пишам, според симптомите бандаши или гуми.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #325 на: 22 Февруари 2022, 21:48:20 pm »
Не ми се верува дека се бамдажи или амортизери. Можеби грешам ама мора да е нешто со центрирањето. Тоа што ти влече на една страна најверојатно е дека десната страна е "отворена".
Ако овој проблем, влечење на страна, го имаш при вдлабнатини на пат, па колата често треба да ја корегираш (ептен впечатливо ако имаш пошироки гуми) најверојатно е дека предницата е отворена. Побрзото абење на внатрешната страна на гумите е видливата последица.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #326 на: 22 Февруари 2022, 22:56:12 pm »
Ама вика дека не му влече постојано т.е оддеднаш. Ако е предница ќе влече стално и тоа е тоа. Јас имав слична ситуација на пунтото, баш влече онака како кога ќе поткачип тротоар во возење. На крај испадна дека една од предните гуми ваљда е малку крива. Ги изротирав предни/задни и проблемот исчезна.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #327 на: 22 Февруари 2022, 23:03:06 pm »
Максималните корекции што беа направени во Бо-Ми по центрирање беа до 0.3 степени, што сметам дека е скоро неприметливо.

Ќе идам утре кај некој вулканизер да ги провери гумите и бандажите ако има потреба од балансирање, дали во Олимпико или Мотоцентар.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #328 на: 23 Февруари 2022, 12:09:50 pm »
Update: не е до гумите/бандажите :)

Поздрав до дечките од Stop&Go што излегоа во пресрет и не ми наплатија.

Останува летвата да се провери, прееска пред Александар Палас дури и во спротивна лента ме сецна додека идев накај МиДа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #329 на: 23 Февруари 2022, 12:18:26 pm »
Ова ме потсетува кога мене на југото ми излезе гумицата од лежиште од балансштанглата ;D