Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44084 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #150 на: 08 Мај 2021, 19:46:19 pm »
На левото тркало, десната плочка беше целосно целосно истрошена, а левата целосно здрава. Тоа најверојатно беше причината за квичењето, како метал на метал контакт.

Ги исчитивте и подмачкавте слајдерите? Проверивте дали манжетничките се здрави? Постојат две причини за една плочка истрошена друга не: 1. Слајдерите заглавени, 2. ептен ѓубре плочки. Најчесто е првата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #151 на: 08 Мај 2021, 19:52:57 pm »
Да и да, подмачкани слајдери, а манжетните беа сосема здрави, што ме зачуди. Променети нови штрафови со thread locker.

А и јас се посомневав во заглавени (seized) плочки, па цело време да кочеле (со што се создава топлина, абење, зголемена потрошувачка итн итн)

Се разбира и поради враќањето на клипот во шепата, се крена нивото на глицерин, што е најспоредно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #152 на: 08 Мај 2021, 19:59:15 pm »
Штом надворешната плочка не била потрошена, а внатрешната што лежи на клипчето скрос, тоа е дефинитивен знак дека заглавиле слајдерите.  Инаку, најчесто на тие што се „флоутинг“ шепи, стално се јавува мала разлика во потрошеноста на плочките. кај фиксни (оние што имаат клипче и на надворешна и на внатрешна страна), најчесто прилично изедначено се трошат плочките, освен ако не запекло некое клипче. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #153 на: 28 Јуни 2021, 00:07:11 am »
Скоро секогаш заборавам дека темите не се само ажурирања на сервиси туку и спомени и слики и се измеѓу. Па така една посета на Мариовско и зајдисонце на превој Слива :)


Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #154 на: 28 Јуни 2021, 00:11:40 am »
Aaaaaa бравос за сликата

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #155 на: 28 Јуни 2021, 00:16:36 am »
Пуздер сликичево.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #156 на: 28 Јуни 2021, 00:21:03 am »
Благодарам благодарам 🎉

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #157 на: 30 Јуни 2021, 22:18:59 pm »
[19.06.2021]

Чисто за мене за евиденција - променет фреонот после 3 години во АвтоКонтрол Прилеп, им се нацртав во 9 наутро. Најлевиот отвор не ладеше нешто како што сакав, па се среди тоа.

Истиот ден беше "проверката" на подвозје каде што ми светеа со батериска ламба во предницата и ми рекоа дека е "фабрика". Ништо битно.
______________________________________

Наредно на список пред одмор е промена на дихтунгот. Кога ми правеше Жаре мал сервис, не стигна да го промени, а може и сега да е фул, после (неговиот) одмор.

Најдов соодветно видео кое покажува како се менува дихтунгот, со сила од 17-18Nm на момент клуч, нормално по соодветен редослед на штрафовите. Силиконче е препорачливо тек-тук на спојни точки.


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #158 на: 11 Јули 2021, 19:32:29 pm »
[06.07.2021]

Извршена промена на дихтунг на капачка на вентили, Victorreinz модел, втор во 11 месеци, но овој пат заедно со силикон. Никој во Прилеп не се нафаќаше да го смени, па позајмив алат и се заврши во домашни услови. Силиконот оставен преку ноќ да стегне.

Може и затоа ми се допадна фиокарот со еден куп алати  ;D

Додадени 100тина мл масло од последниот мал сервис (пред 2500 км) за да биде нивото на максимум. Поминати 300км и однадвор блокот е целосно сув. (Чисто за референца, секое претходно возење Скопје - Прилеп беше доста мрсен и го чистев со Арис, но џабе)

- Дихтунг - 1000 ден
- Силикон - 400 ден
- Освежувач за ентериер - 100 ден

____________________________________

П.С. Во Хубо имаше Wynns Turbo Diesel cleaner адитиви намалени на 680 ден, им фрлив око и би купил во блиска иднина.



Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1916
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #159 на: 11 Јули 2021, 20:14:00 pm »
Што мајстори се ако не се нафаќаат да сменат дихтунг на капачка на вентили...

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #160 на: 11 Јули 2021, 20:25:38 pm »
„Тоа им е фабричка маана на Алфите, нема решение и мора секоја година да менуваш дихтунг, треба да се растура, не сакаме одговорност да преземаме“ - Ова горе долу го слушнав од сите што прашав.

Нејсе, не е точно тоа. Маана на сите 147ки е дека мрси од вакуум цревото покрај всисната клапна и се разбира турбината, али никој не се пожалил на капачка досега.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #161 на: 11 Јули 2021, 23:07:32 pm »
Абе за сите мајстори кај што неможат да земат поголема сума на пари, одма викаат тоа им е мана џабе ке го менуваш.

Така и за пунтото ми викаа да не го менувам дихтунгот на капачето, не било до дихтунгот до капачето било се кривело, мана им било тоа. На крај се решив сам да го сменам и кога го извадив стариот дихтунг беше пластика направен. Го исчистив местото убаво со нитро, малку го застругав со ситна шмиргла, силиконче, ги стегнав штрафовите во дијагонала и 5 години додека беше кај мене капка не пушти.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #162 на: 12 Јули 2021, 00:02:25 am »
Капачка, капаче, мислите на поклопец на главата?

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #163 на: 12 Јули 2021, 00:06:14 am »
Rocker cover  :D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #164 на: 12 Јули 2021, 00:09:14 am »
@Mikius точно, поклопец на главата и нели помеѓу поклопецот и самата глава си има спој со дихтунг. Уствари се смени ventildeckeldichtung

@Zile најдобро кажано, се на се ако може саат време да ми наплати за работна рака и веројатно не му се исплаќа.