Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170997 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1650 на: 22 Декември 2024, 17:15:24 pm »
Ајде на здравје. Знам, сеа се радуваш како мало дете . Чепкај, опции имаш многу. Агамата е одличен лаунчер.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1651 на: 22 Декември 2024, 18:00:26 pm »
Фала Жиле, да се враќа каде треба, што треба  :-X

Се мислам сега за ова:



Бидејќи напред има и USB-C порта, да спуштам едно кабелче (USB-C машко во USB-A женско) долу во конзолата и да поврзам 4G USB рутер/хотспот, со СИМ картичка.
За СИМ картичка со доволно интернет сообраќај - веќе имам.

Овој од Али не е баш нешто сјаен со брзината, ама ќе биде ОК за потребите, плус е 600 денари. Во Анхоч има и Huawei за 3000  :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1652 на: 22 Декември 2024, 19:30:37 pm »
Фала ти ептен .
Мене не ми затребало. Од мобилен хотспот и блутут стално ми се упалени. Влагаш во кола и само се конектира. Ни кабли ни глупости, дури не ни гледам предности со посебен сим. Да речеме кога ми ѕвонат на мобилен а јас во кола, автоматски повикот се префрла на радио. Вака со друга сим картица, освен за интернет ми нема поента.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1653 на: 22 Декември 2024, 22:01:27 pm »
@balanar создравје да се шета новата мултимедија :)

За музика од мене имаш препорака за Spotify преку Андроид Ауто, за да не се замараш со усб-иња и слични тракатанци… си правиш таму сопствени листи и си пушташ што сакаш… кога излегуваш надвор од МК, за да не му мислиш за интернет, на самата плејлиста имаш едно дугме само download all и цела музика ти е достапна без интернет. Чиста, работа според мене, користам премиум, делиме повеќе души и иде смешна цена за месечно користење од околу 90 денари…
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1654 на: 22 Декември 2024, 23:34:18 pm »
Честито новата мултимедија.

Vivid car launcher ти е многу убав лаунчер за кола со современ дизајн и виџети.
Oto Music ти е убава апликација за офлајн музика да пушташ со убав материјал дизајн, cover art и сл.