Последниве неколку дена имаше мака совозачката врата, односно не се отклучуваше/отвораше од надвор откако ќе ја отклучам со далечинското.
Од внатре се отвораше и потоа можеше и од надвор, се додека не се заклучеше повторно преку централното.
Прво посумњав да не сум го вклучил она safelock, односно со еден клик на далечинското да се отвора само возачката врата, а со двоклик - сите врати (мене ми е наместено со еден клик да се отвора се). Јок, се отвораа сите врати, освен совозачката.
После ми текна дека имав сличен проблем во 2020-та со задната десна врата. Тогаш ми го сменија моторчето на бравата за 1500 денари.
Сега излезе истиов проблем.
Платив 2000 денари, го средија за некој час.
Работено во Дениро - Штип
Она што е интересно, има испаднато/одлепено некое ливче од внатрешноста на совозачката врата.
Пишува дата на склопување/производство (?) - 19.11.2010.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Немам некој апдејт за колава (пу, пу).
Треба да ги сменам гумите во зимски и УШТЕ ја чекам Андроид мултимедијата, поминаа два месеци од порачката. Последно инфо од неќна е дека била на царина, наводно.