Конечно - за наредната сабота договорен термин кај тапацер Додо.
Ова ме нервира со месеци, па и години.
Рече ќе му требаат 4-5 часа, за цена - ќе утврдиме на лице место.
Возачкото седиште.
Ќе треба да се среди тапацирот и да се потполни/обликува со сунѓер на страничниот и на долниот дел (мислам).
Совозачкото седиште има како набори (претпоставувам дека е внатрешната постава, онаа белата што се гледа помеѓу сунѓерот и тапацирот на сликите погоре).
Да се заврши ова, па ми следуваат:
- Промена на предни и задни чаури на предната оска, промена на балансштанглите. Деловите се во мене со недели, ама бидејќи крцкањето престана после апликацијата на силиконски спреј на предните чаури - одложив додека не се пристопли малку.
- Регистрација и зелен картон (при крајот на февруари)
- Хемиско на седиштата (на пролет)