Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169089 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #150 на: 13 Август 2020, 20:49:14 pm »
Саше со колку км го продаде аудито? 140.000? :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #151 на: 13 Август 2020, 20:56:28 pm »
Со 180ккм го продадов. Сега возам Seat Leon 2.0 TDI Style 2014. Со оглед на ситуацијава со коронава ништо од ново возило одма, ќе почека тоа до до 2021 сигурно. Имам некој идеи и планови но како што е тргната работава ништо не е сигурно. Сепак ќе биде половно до 3год и со што помала километража. Кога ќе земам ќе го представам тука.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #152 на: 13 Август 2020, 20:59:53 pm »
Со 180000...


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #153 на: 13 Август 2020, 21:10:24 pm »
Толку имаат сите. Такви ги сакаат луѓето. Тип топ состојба беше колата, ќе си ја отепаат од возење. Кога гледам какви коли се купуваат и какви изговори им даваат на новите газди, супер си помина тој со мојата.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #154 на: 14 Август 2020, 02:45:44 am »
Ништо чудно не е замаец меѓу после 100ккм.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #155 на: 17 Август 2020, 15:24:01 pm »
Другари, возев јас половна кола (10 годишна) 10 години. 
Добро знам какви ситници и не-ситници можат да се јават на половна кола. Овакви работи како вратата и рачката на гепекот ми беа ОЧЕКУВАНИ.
Ова со „замаецот“ не знам што да мислам. Ќе се менува натака, сега нема потреба. Освен повремено (3/10 на загреана кола, никогаш на ладно) непалење од прва, нема никакви симптоми.

Гепекот го средив, како што пишав. Купено знакче/рачка од D-As од Бутел и сега нема никаков проблем. Може ќе тера 10 години, може 6 месеци, никој не знае. Не можев да знам што и како е внатре во самото знакче (беше лепено со силикон кога го отворив), плус тогаш не правеше никаков проблем.
Да, можев да го ставам на VCDS и што ќе кажев: Абе нешто дава грешка, дај прво ова да видиме?  А има мал милион други побитни работи кои се гледаат при купување.

Не заебавајте, кола ќе купев 2022 ако така одев.

За вратата да ја среди ми побара 1500 денари контактот на @Prcot.
Дали ќе успее да ја среди за толку пари - не знам. Може ќе треба да земам и половна брава/моторче, што пак НЕ ме нервира. Мене ме нервира самото неработење на вратата, а не дека мене некој ме заебал или слично. Тоа е, половна кола, стара 10 години.

Многу ми е побитно колата да е механички добра, нешто што 3 мајстори го потврдија. Дали и они биле во право - ќе видиме во наредните извозени километри.

« Последно менување: 17 Август 2020, 15:34:36 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #156 на: 17 Август 2020, 15:25:48 pm »
Zatoa se nosi na ovlasten, ako ima istorija cela ke ja vidish i vakvi greshki kako vrative na vreme ke gi fatish.

Ova so gepek i  vrati da znaesh ke ti potrae cim pocnalo so site. Drugar moj so ist leon ama benzinec mame mu se eba so otvaranjeto na site vrati.

Odnesi ja kolata na profi servis da si ja opraish i da ja vozish

Не е со сите.
Проблемот со рачката од гепекот и вратата се тотално одделни проблеми.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #157 на: 17 Август 2020, 15:31:32 pm »
Избираш кола, носиш на мајстор за проверка, дава зелено светло и за еден месец еден куп работи за поправање.

Не само за ова, туку општо за секоја.

Кои куп работи?
- мал сервис (нормално),
- голем сервис (исто нормално ако сакаш да си на чисто)
- сменети летни гуми (исто нормално ако сакаш да си на чисто)
- задни плочки (израчунат трошок, старите квичеа уште кога ја гледавме, евтина поправка)
- сменетото знакче за гепек и вратата што зеза на отворање од надвор се мачји кашаљ

Другите работи се купени од мој ќеф или префрлени од старата кола.
На колава во најблиска иднина остана (да не се урочам) да направам резервен далечински клуч и внатрешно хемиско.
Еве сега иде зима. Треба да се купи друг сет бандажи (веројатно метални или ако најдам солидно зачувани алуминиумски) и 4 зимски гуми. Пак - очекуван трошок.

Скап „спорт“ е одржувањето на кола по свој ќеф. Многу поевтино ќе те фати ако не се замараш да си ја доведеш колата во топ состојба. Ама тогаш не би бил сигурен дали ќе стигнам до Кочани ако тргнам од Штип.

Не дека си го правдам изборот, ама сума сумарум - сметам дека избрав топ примерок, со оглед на моделот, годината, моторот и опремата која ја поседува, како и трошоците дадени за неа при купување и после тоа.
« Последно менување: 17 Август 2020, 15:44:30 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #158 на: 17 Август 2020, 15:36:21 pm »
Купување половно возило треба да биде без емоции и брзање. Самиот член рече дознал од кога ја купил дека имала 5 газди колата. Оваа информација сигурно можела да се дознае пред да се купи возилото. Но не секогаш преовладува умот туку емоциите. Не дека и јас сум имун на ова, некогаш се прават грешки набрзина и без потреба.

Како да дознаам сигурно пред да се купи? Немам врски во МВР, немам врски во АМСМ, сосема случајно ми спомнаа (со детали) при самата пререгистрација.
Бравото што го УТЕПАВ од возење имало 4 газди пред да го возам јас. И не требаше да го земам заради тој факт?

И верувај дека колава е купена без емоции и брзање, да беше со брзање ќе купев друга кола уште лани/полани.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #159 на: 17 Август 2020, 15:39:52 pm »
Ако ти требаат врски за да дознаеш колку газди имала претходно колата ондак извини. Јас се си мислам дека тоа е јавно достапна информација ама грешка сум.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #160 на: 17 Август 2020, 15:40:52 pm »
Се надевам ке ја оправи и красно ке си ја извози дечково.

Средна е колата како што треба, после 1500-2000км извозени во мој посед и сменето тоа што е сменето - сега би тргнал до далечна дестинација.

@zeroSignal - Сега забележав, немам веќе можност за измена на првиот пост, само цитат. Помина времето за ова? :)
« Последно менување: 17 Август 2020, 15:46:14 pm balanar »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #161 на: 17 Август 2020, 16:08:48 pm »
Јеп. :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #162 на: 17 Август 2020, 23:54:02 pm »
Освен замаецот што испадна како непредвидена работа, другото си спаѓа во редовно одржување на колата, нормално ако сакаш кола спремна за пат во секое време. Со поголемите трошоци (голем сервис, 17-ки гуми, а и зимските што ќе следат) си мирен наредни 5 години, нормално зависно од километражата што ќе ја поминуваш. Кај секоја половна кола има ситници за средување.
Во однос на вратата, да споделам мое искуство што го имав со Голф 5-ката. Во Дог секјурити ми ја средија (не се сеќавам на цената, околу 1500 ден), мислам правеа репарација на механизмот (или нешто со вакумот беше проблем, одамна беше, сум заборавил), што е подобро отколку да ставеа некоја заменска. Пред да идам во Дог за истата работа бев да прашам во сервис Богдановски и (можете да претпоставите) ми правеа филмови деак мора комплет брава со пропратни работи и цифра околу 80 евра  :-X :-X .
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #163 на: 18 Август 2020, 08:46:14 am »
Освен замаецот што испадна како непредвидена работа, другото си спаѓа во редовно одржување на колата, нормално ако сакаш кола спремна за пат во секое време. Со поголемите трошоци (голем сервис, 17-ки гуми, а и зимските што ќе следат) си мирен наредни 5 години, нормално зависно од километражата што ќе ја поминуваш. Кај секоја половна кола има ситници за средување.
Во однос на вратата, да споделам мое искуство што го имав со Голф 5-ката. Во Дог секјурити ми ја средија (не се сеќавам на цената, околу 1500 ден), мислам правеа репарација на механизмот (или нешто со вакумот беше проблем, одамна беше, сум заборавил), што е подобро отколку да ставеа некоја заменска. Пред да идам во Дог за истата работа бев да прашам во сервис Богдановски и (можете да претпоставите) ми правеа филмови деак мора комплет брава со пропратни работи и цифра околу 80 евра  :-X :-X .

За Дог баш вчера ми излезе на ФБ дека решаваат проблеми со централни брави хах

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #164 на: 11 Септември 2020, 16:11:44 pm »
11.09.2020
187700 km

Денес направено декарбонизација, ја „издував“ отпосле на автопат (120-130 во четврта брзина, ~3200 обртаи), па ќе видиме дали ќе има некој ефект или само пласебо е, не сум правел до сега на ниедна кола.

Идеално, сакам некој да најдам и да исчистам ЕГР, ДПФ и МАФ сензор мануелно.

Имено, возејќи од Охрид до Лагадин светна check engine и колата отиде во limp mode. Ја изгасив, ја запалив и си продолжи нормално. Некаде пред Лагадин исто ми се случи, ја повторив постапката и од тогаш наваму немам проблем.
Сумњам дека беше и до горивото. Редовно ставам на Макпетрол, но ставив на Лукоил пред да тргнам за Охрид. Со оглед на тоа колку имаше останато од дизелот од Макпетрол и колку извозив до тој момент, некако таман се погоди случкава при истрошување на дизелот од Макпетрол и повлекување на тој од Лукоил. Не знам, можно е и ЕГР-от да зезнал или турбото да влегло во overboost, морам да ја искенирам со VCDS.
_______________________________________________________________________________________________________________

До зимска сезона остана:
- да променам задни чаури (ова е планирано уште кога ја купив колата)
- да направам резервен далечински клуч
- да најдам челични бандажи 16" за сет зимски гуми (најдов во Кочани, 100 евра за четири)
- да ставам зимски гуми (намерачени BFGoodrich gForce Winter 2 од Олимпико)

Во меѓувреме, летово извозени 900км Штип - Тетово - Струга - Охрид - Отешево - Битола - Штип на еден мини-одмор.
Многу поодморено се чувствував за време и после патување отколку со претходното Фиат Браво.
__________________________________________________________________________________

1. Она што беше проблем со неотворањето на задната совозачка врата од надворешната страна - проработе само од себе, претпоставувам дека сеуште е жешко времето.
Ќе видиме како ќе се однесува кога ќе дојдат дождови и ќе залади.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

2. Се појави еден друг ситен проблем и ќе ја однесам колата на електричар наредната недела.
Забележав дека ми треперат и двете светла за позиции кога колата работи. Кога е на контакт со изгасена кола - не треперат.
Треперат посилно кога ќе пуштам 4 жмигавци или кога ќе го дигнам прозорецот до крај и ќе продолжам да стискам.

Ова се случува само со светлата за позиција, немам проблем со средните/долгите светла или со осветлувањето внатре.
Некој идеа што може да е?

« Последно менување: 11 Септември 2020, 16:27:41 pm balanar »