Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 171070 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1140 на: 20 Декември 2022, 10:10:16 am »
Колку и да не е релевантна стрелката за температура, кај ВАГ групација мора да стои на 90 степени, без разлика греење, ладење, вентилација, нагорнина, удолнина. Ако оди над 90 или паѓа под 90 нешто не е во ред.

Истиот проблем го имав јас на Transporter 1.9 TDI, кај мене паѓаше температурата и кога ќе се спуштам по Плетвар или Стража, се реши со промена на термостат.
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1141 на: 20 Декември 2022, 10:22:33 am »
Ќе видам утре сабајле како ќе се однесува на автопат, на работа сум за Скопје, а тргнувам околу 06:30, така да ќе биде прилично ладно.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1142 на: 20 Декември 2022, 10:23:20 am »
Strelkata na site VAG e inertna ke zastane na 90 i toa e toa

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1143 на: 20 Декември 2022, 11:05:12 am »
Кај ВАГ ако качува температура, тек кога ќе стигне 110+ степени мрда од 90.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1144 на: 20 Декември 2022, 11:38:23 am »
Не би ме зачудило и термостатот да е отиден, којзнае дали е некогаш и сменет.
Уште некој ден и колава ќе полни 12 години откако е излезена од лента, сепак.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1145 на: 20 Декември 2022, 12:12:30 pm »
Во лер на 0 степени надворешна, нема дизел шо ќе држи температура на 90 со парно на максимум. Во возење по не треба да паѓа, ама зависи и од ефикасноста на моторот и како се гази, повеќе или помалку.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1146 на: 20 Декември 2022, 12:30:57 pm »
Стави си OBD, гледај на график како ти е температура на моторот. Батали шалт табла.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1147 на: 20 Декември 2022, 12:47:59 pm »
Во лер на 0 степени надворешна, нема дизел шо ќе држи температура на 90 со парно на максимум. Во возење по не треба да паѓа, ама зависи и од ефикасноста на моторот и како се гази, повеќе или помалку.
А кој тоа би издржал да седи у кола на 0 степени надворешна, со парно на максимум и температура на 90 степени.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1148 на: 20 Декември 2022, 13:00:09 pm »
Во лер на 0 степени надворешна, нема дизел шо ќе држи температура на 90 со парно на максимум. Во возење по не треба да паѓа, ама зависи и од ефикасноста на моторот и како се гази, повеќе или помалку.
според ова, или стрелките на ваг групацијата лажат или инженерите  нешто утнале па стално на 90ка стои стртелката,,,, абе ајде ве молам...
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1149 на: 20 Декември 2022, 13:03:10 pm »
Во лер на 0 степени надворешна, нема дизел шо ќе држи температура на 90 со парно на максимум. Во возење по не треба да паѓа, ама зависи и од ефикасноста на моторот и како се гази, повеќе или помалку.
според ова, или стрелките на ваг групацијата лажат или инженерите  нешто утнале па стално на 90ка стои стртелката,,,, абе ајде ве молам...
if temp>70 and temp<90:
    gauge = 90
else:
    gauge = temp

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1150 на: 20 Декември 2022, 13:46:37 pm »
А кој тоа би издржал да седи у кола на 0 степени надворешна, со парно на максимум и температура на 90 степени.

Кој?

Во лер на 0 степени надворешна, нема дизел шо ќе држи температура на 90 со парно на максимум. Во возење по не треба да паѓа, ама зависи и од ефикасноста на моторот и како се гази, повеќе или помалку.
според ова, или стрелките на ваг групацијата лажат или инженерите  нешто утнале па стално на 90ка стои стртелката,,,, абе ајде ве молам...

Не сваќам шо сакаш да кажиш.

Јас велам во ред му е колата/ термостатот.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1151 на: 20 Декември 2022, 14:31:37 pm »
Во лер троши околу 0,5 литри односно 5 kw. Тоа не е доволно енергија да го одржава моторот и антифирзот на 90 степени плус цела кабина да ја загрее.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1152 на: 20 Декември 2022, 14:40:45 pm »
Во лер троши околу 0,5 литри односно 5 kw. Тоа не е доволно енергија да го одржава моторот и антифирзот на 90 степени плус цела кабина да ја загрее.
Моторот ја произведува енергијата.

Јас со 5кв грејам цела куќа во најстудените денови.

Или, дури и во лер не сум го држел парното на макс, едноставно неиздржливо е во кабинчето.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1153 на: 20 Декември 2022, 18:30:10 pm »
Малку глупа споредба е да правиме на домашна клима со мотор во кола, ама пробај на хјудаито на загреана ко ќе чекаш нешто, отвори џамови ако не се седи, и закачи на максимум вентилаторот и температурата, ќе видиш за неколку минути дека ќе ти падни температурата на моторот.

А тоа со стрелката дека е закована на 90°, за повисока важи некое правило да не се покачува за да не се напнуваат многу одредени луѓе, ама за пониски не ми се верува дека на 70 ќе кажува 90.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1154 на: 20 Декември 2022, 20:05:06 pm »
Во лер на 0 степени надворешна, нема дизел шо ќе држи температура на 90 со парно на максимум. Во возење по не треба да паѓа, ама зависи и од ефикасноста на моторот и како се гази, повеќе или помалку.

Има BMW се вика!

Еее какво парно имав на е36 ката.....