Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Сакам да направам промена на Антифриз за Fiat Punto Classic 1.2 2009 , имам две оригинални упаства едното на Македонски другото на Англиски и е препорачано Paraflu UP и Paraflu11 - 50% со дестилирана вода . Како што читам на форумов има црвен и плав, дали од препорачаниве два Антифриза има и од црвениот и плавиот, ако има од двете бои кој да го купам? И дали е добро да купам во "FAS-VAS" ?
Paraflu е зелен (или темно син беше не памтам..) Up е црвен. Обично во колите од овој век одат Paraflu UP (црвениот). Еве, од тука симни си упатство и терај си по него. Фрли ги тие што ги имаш да не ти праат забуни https://aftersales.fiat.com/elum/Model.aspx?brand_code=00&id_language=2&id_model=8b2275ba-2f9f-4f79-bb06-ffb22929f981&market_code=EN_EU&cat=lib&part_number=#1
Клабери, како да знам која спецификација на антифриз користи некоја кола ако не пишува во упатството?Бојата не е доволен индикатор. Иначе црвена е.Се работи за Тојота Јарис 1.4 дизел од 2008г