Автор Тема: Project VW Corrado  (Прочитано 26386 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #45 на: 27 Јануари 2020, 21:30:35 pm »
човеку, како знаеш после што со што да поврзеш од каблине? сигурно си имаш свој начин, ја вака кога гледам од слики ладна пот ме облива :)))
Обично сите имаат различни приклучоци.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #46 на: 27 Јануари 2020, 22:49:11 pm »
mnogu li vreme se gubi da se sredi kosot dazalici da se zacisti motor....just sayin, veke koga se e nadvor... :)

И така на прво возење се ќе стане лом, а колата ми е за возење така да не планирам да посветам многу внимание на тоа. Да ми беше за изложби да.

човеку, како знаеш после што со што да поврзеш од каблине? сигурно си имаш свој начин, ја вака кога гледам од слики ладна пот ме облива :)))

@ficomk ептен е лесно со каблите, осигурачката табла назад е обележана со букви исто и секој кабел кој што треба да се стави, Голф 2 произведени по 88ма година, Голф 3 и Корадо возат иста осигурачка табла и инсталација, така да секоја комбинација со мотори и инсталација функционира. Подолу ти е прикажано како изгледа тоа:


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #47 на: 29 Јануари 2020, 18:07:59 pm »
И да врне и да вее, ВР6 мора да пее  8) 8)

Шала на страна, вчера не стасав да направам апдејт со прогресот. Генерално немаше некој прогрес вчера, се намести инсталацијата од тројката се правеше споредба у каблите за некои работи и слично.

Дополнително додека е моторот надвор извадивме менувач за да не ми е шубе за ламела, потисна и замаец. Исход... ламела и корпа сменети пред извесно време ставен сет Лук, ама замаецот беше во ептен "солидна" состојба.





Мајстор Тони од Жданец го среди експресно за да може денес да се монтира моторот. Е тука пак се трчаше на 400 метри со препреки, кога ја земав колата разбрав дека цел преден трап е од Голф 3 не само вилушките, и како по обичај претпоставката е мајка на сите зае*анции па држачот на мотор заден кој што го земав нов не одговараше. Експресно најдов траверзна и мислам дека од моментот кога разбравме каде ни е проблемот, да најдеме траверзна, да ја донесеме и замениме не минаа повеќе од два часа.

Надвор старата.



На кола новата.



Многу битен момент...





Преродбата продолжува... утре  ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #48 на: 29 Јануари 2020, 19:35:31 pm »
Т.е воскреснување 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #49 на: 29 Јануари 2020, 21:26:35 pm »
uf, toa kosot i motorot eden vap i 2 minuti, edno krpce i ke sveti  ;D ;D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #50 на: 07 Февруари 2020, 00:06:11 am »
Моторот променет, речиси е завршено се околу колата. Има уште некои ситници кои треба да се досредат со инсталацијата, најбитниот дел... му го чувме гласот на моторот.





Намонтирана е и граната со катализаторот и двете ламда сонди.




Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1636
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #51 на: 07 Февруари 2020, 16:25:33 pm »
Браво, струја сте :)

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #52 на: 07 Февруари 2020, 18:56:14 pm »
@Ordevski уште минатата недела запали колата ама ме фати мрза да направам апдејт на темата  ;D ;D ;D

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #53 на: 27 Февруари 2020, 23:17:14 pm »
Те видов денес низ Струмица со Корадото, колата е бомба :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #54 на: 03 Март 2020, 18:07:35 pm »
@andrej_111 атест правев на моторот и да ја пробам колата како ќе се однесува после промената, не беше тестирана. Се помина во најдобар ред без проблеми и дефекти и плус сега е 2.8 во сообраќајна 😎

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20112
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #55 на: 03 Март 2020, 18:18:23 pm »
Ист мотор имаш ставено? Ако не е ист може да пишеш што се е потребно за промена на мотор да се атестира?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #56 на: 04 Март 2020, 02:38:23 am »
@DarthJe5us не, сменив тип на мотор. Стариот беше ABF 2.0 16V додека новиот е AAA 2.8 VR6. Конкретно на твоето прашање може да настане голем оф топик разговор на мојава тема, но ќе се потрудам да објаснам она што по закон и правилник може.

Дозволена е промена на тип на мотор, само доколку тој тип на мотор бил фабрички вградуван во шасијата (знам оти некои може овде да полемизираат и упатуваат на Машински Факултет), има ставки во законот каде се дозволени исклучоци. Доколку моторот бил вградуван фабрички во шасијата, тогаш соодветно мора да бидат поставени фабрички држачи на мотор, соодветни сопирачки клешти и дискови и издувен систем и секако доколку е променета тежината амортизери кои ќе соодвестуваат со носивоста препорачана од фабрика кога возилото било ново.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20112
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #57 на: 04 Март 2020, 08:15:49 am »
Ми имаат кажано дека може да се стави и мотор што не доаѓал фабрички во некоја кола ако моторот се направи да може да се монтира на фабричките места, за ова знаеш нешто?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #58 на: 04 Март 2020, 17:17:15 pm »
@DarthJe5us како што реков има исклучоци ама за тоа веќе треба на машински да си прашаш оти на технички нема да може да атестираат.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #59 на: 04 Март 2020, 19:15:43 pm »
Омилена спорЦка кола ми беше корадото како мал 😁,само напред.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk