Пред некое време набавено е MOMO волан кој е претапациран од
@Deno, а начелно беше во сопственост на
@darko mk5 и сега чека монтирање во корадото штом се набави главина за истото.
Исто така бидејќи корадата се познати по тоа што имаат доста лоши фарови кај мене се инсталирани лупи, но самите куќишта внатре изгледаат доста лошо и тука ми се крши филмот. Разгледувам неколку опции за подобрување или промена на истите. Би сакал да останат што поблиску до оригиналот но во таков случај ако имате некој предлог кој може да ги прехромира леките од фаровите секоја информација е добредојдена.
Опција 1: Фабричкиот изглед но со жолта позиција.
Опција 2: Како возачкиот фар на сликата подолу, а тоа е дупли фарови во фабричкото куќиште од фарот со проѕирно стакло без текстура.