Денес почнав со растурање на Корадото, не е којзнае колку од причина што ме фати настинка и работам со температура, не ми се лежи дома.
Извадено се од багажник внатре заедно со задните седишта, дел од процесот каде што е одстранет долниот дел од задното седиште покажува колку е валкано и прашина се наголтав.
Инаку денот започна вака.
Почнав со растурање на фарови, магленки, трепкачи напред. Дијагнозата е сечен браник за ладење на 300кс под хауба, магленките се здрави и не се скршени но трепкачите се за менување.
Од она досега што можев да прегледам нема скапаници, има на места површинска рѓа како пример под акумулатор. Се надевам деновиве ќе бидам подобар за да растурам остатокот од ентериерот.