Автор Тема: Project VW Corrado  (Прочитано 26382 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #30 на: 09 Февруари 2019, 17:01:27 pm »
Првата слика со поглед на изолацијата на шалтаблата ме потсети кога на моето југце му шибнав изолација.
Потоа, кој како се возеше во југото се чудеа колку е тивко моторчето.Се зафркавав дека е спешл едишн еволушн ;D  Младост\ лудост :)

Шала на страна, секоја чест на посветеноста и темелноста во работата :)

Отсутен nikolaben

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 881
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #31 на: 10 Февруари 2019, 21:13:05 pm »
LB5R е прекрасна боја, ја имам на бората и би те советувал што е можно поскоро после фарбање керамичка заштита да и ставиш, или во најлош слушај восок Soft99 Fusso .

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #32 на: 11 Февруари 2019, 13:57:06 pm »
Благодарам дечки, @nikolaben бојата не е од Фолксваген групација на таа слика за пример што ја имам објавено ;D инаку и таа е одлична боја.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #33 на: 19 Февруари 2019, 18:43:03 pm »
Нов пост, немам слики за жал но ќе објавам деновиве. Активни неколку дена околу викендот во набавка на делови. Успеав да најдам некои нешта то фалеа кај мене на колата.

  • Даска за у багажник
  • Серво летва
  • Рачки надворешни за врата
  • Пластика кај осигурачи
  • Панелот кај контролите за парно-клима

Викендов сум во план да се вратам и да го симнам моторот од кола, да се очисти кошот.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #34 на: 28 Февруари 2019, 22:12:06 pm »
Конечно го симнав моторот од колата, досега немам видено толку мака за вадење на мотор.

Ладно минатиот викенд па почнавме со работа внатре во сервисот. Боксот резервиран како и секогаш  ;D





Се растури напред колата, челниот лим се симна заедно со браникот. Хаубата ја извадивме целосно исто да не смета. Следен чекор вадење на се што смета за да се извади моторот. Е тука имаше најголеми потешкотии, штрафовите на долгата полуосовина на самата фланша беа провртени и не излагаа, следен чекор отидов на одвртување на надворешниот штраф од зглобот па си реков надвор кога ќе биде полесно е за вадење на провртените. Арно ама и тука проблем, ставен несоодветен штраф, комбинација од ситен и крупен навој  :-X и откако скришвме два клуча, свиткавме хебла, бренерот не помогна отидов на оваа опција:



Бонус за крај, паркирана надвор во сервисот до уште еден добар проект од пријател мој БМВ Е30.


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #35 на: 12 Март 2019, 14:55:40 pm »
Изминатиот викенд користев убавото време да се поработи надвор и на Корадото, откако се симна моторот и се растури ентериерот генерално не беше ништо друго чепнато.

Остана без врати, штопови, крилата се одштрафени дел од инсталацијата ја одстранив сега дел остана кога ќе дорастурам она што остана во кошот и внатре околу парното.











Спакувано се во кутии што е одстрането од колата засега, ваљда ќе памтам кое од каде е  ;D





Кога конечно почнав да вадам работи од багажен простор можеше убаво да се види состојбата на задни рогови и амортизери.







Добро е што нема никаде скапаници назад.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #36 на: 25 Март 2019, 17:17:12 pm »
Последниов викенд повторно работев на Корадото. Имаше останато ситници доста, така да сега шасијата е во состојба кога е спремна да се започне со работа на лимаријата.







Додека го растурав претходно бев задоволен што нема скапано или рѓа на вообичаени места, но ме загрижуваше какво ќе биде во поткрила бидејќи пластичните подкрила ги немаше воопште. Среќа иако открив 2 тона земја нема скапано.





И потпис на шасијата со името на фабричката боја Dark Grau Metalic.





Немам слики од последната состојба, внатре остана мн залепена волна од изолацијата која сега е зачистена и внатре изгледа по спремно за работа.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #37 на: 03 Септември 2019, 01:41:02 am »
Епа другари наздравје готово е Корадото :D  8)



Мала шала, не се лутете одма што не сум постирал од процесот на работа.

Инаку доколку класниот @zeroSignal е ок во иста тема ќе Ви презентирам две Корада. Стаса уште едно Корадо на МК табли во возниот парк, беше долг процес додека да се финализира се.

Детали за колата:

1. VW Corrado 1992 facelift модел
2. Електрика на прозори и сончев кров
3. Клима
4. Кожен ентериер
5. 2.0 16В мотор 150кс АБФ од тројка ГТИ
6. Активен заден спојлер
7. ФК штелки
8. Порше Куп или како и да се викаат реплика бандажи 17ки кои не беа по мој вкус во замислата за колата, мразам од профил кога ја гледаш колата и само бандаж и гума да гледам

Претходниот сопственик е исто голем љубител и колата е доста пазена, одржувана и нема премногу работа по неа. Не е возена година дена па сега поминувам низ основни проверки и поправки (испуштање воздух од кочници, промена на термички давач и сл) па спремно да биде за регистрација.

Оваа "несреќа" на сликата сум јас во прашина вечерта кога си ја земав колата.



Чисто да не мислите дека уште ве лажам и не е истото Корадо  ;D



Малку да фати сонце и да се испере.





Ентериерот целосно го земав во кутии, бидејќи колата е недовршен проект донекаде. Не била целосно склопена после фарбање, па сега тоа ми е главна преокупација заедно со средување на детали и секако 16ка бандаж како што личи на тој отвор за гуми.






Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #38 на: 03 Септември 2019, 22:39:00 pm »
Тука во оваа тема чекав новости :D
Колата е страшно добра и сакам да ја видам во живо.Се радувам како моја да е

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #39 на: 15 Јануари 2020, 01:22:52 am »
Падна одлука за бојата и моторот што ќе одат во првото Корадо. Чисто да направам едно разграничување, првото корадо кое го земав во добар "тунинг" стил е пред фејслифт верзијата која се произведува до '92 година, по таа година е фејслифт моделот кој се разликува по тоа што има странични трепкачи на крилата, предниот браник заедно со магленките и трепкачите напред и секако самиот ентериер.

Значи постарото Корадо кое сега е растурено и чека на фарбање ќе добие фабричка боја која одеше на Голф 2 но не и на самото Корадо, а за моторот одлуката падна на 1.8Т со 150кс бидејќи гаста е на сајла на овој модел и не би сакал да одам во преправки до таа мера за другите изведби на тој мотор каде гаста е електронска.



Во меѓувреме имав еден малер со новото Корадо.



ДИСКЛЕЈМЕР: За лицата кои се членови на форумот а работат во МВР километражата лаже  ;)

Иако не се гледа на сликата тој ден истураше дожд, со оглед на причината поради која брзав возев доста брзо во никакви услови и паднал штраф од предниот држач на моторот. Поради тоа моторот доста скокаше па дојде до искривување на плехот со перката и со тоа самата перка углави па на враќање дојде до покачување на температурата до 100 степени и казанчето внатре дотрајало па пукна и цел антифриз ми заврши внатре во кола.

Е сега, кој растурал за да менува казанче знае колку работа има.







Па си отворив работа со средување на инсталацијата и кастрење на непотребното.







Па повторно се назад.







Пред да се склопи се што беше измрсено и впиено со антифриз беше однесено на хемиско.

Сега после новогодишно се спремаат некои измени кај новото Корадо, ќе ве оставам малку во неизвесност да почекате  ;D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #40 на: 22 Јануари 2020, 01:45:59 am »
Епа другари се спрема една измена на поновото Корадо, сликата подолу ви е хинт:



Бидејќи колата има хауба од ВР6 која што е поразлична од другите мотори што ги вози Корадото и секако пошироката предница за вкупно 3,2цм во нагазна површина (Корадото кое излегло од фабрика со ВР6 мотор носело предница од Голф 3, другите се со предница од Голф 2) решив дека кога ги имам сите услови подобро е да го заменам моторот и да ставам уште 2 клипа плус.

Начекав мотор со 126000км на саат или поточно да се изразам со 78000 милји (моторот е од амерички пазар). Го земав комплетно со менувач, сите аксесоари околу мотор, инсталација, компјутер и секако црева за вода комплет.





Она што е интересно е од мое искуство првпат среќавам ВР6 12 вентилски мотор кој што има секундарна пумпа за воздух вградена ради еко стандарди. Катализаторот на колата од која што дојде моторот беше стакло Панчево. Заборавив да напоменам дека со моторот ја добив и издувната грана комплет со ламда сонда.



Сега останува уште ја сменам инструмент таблата со оригинална од ВР6 Корадо со цел да не правам преправки со отпорници за обртомерот да покажува точно.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #41 на: 25 Јануари 2020, 17:55:48 pm »
Операција ВР6 започна.







Изваден фреонот од системот по пропис, предницата е растурена за да можеме полесно да го извадиме стариот и да го наместиме новиот мотор. Како што ќе има прогрес во текот на неделата ќе се потрудам редовно да ве информирам со напредокот :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #42 на: 27 Јануари 2020, 20:19:27 pm »
Понеделнички да продолжиме со работа  :D

Продолживме со растурање на се што е потребно за да се извади моторот, брза инспекција што како се случува и гледам треба да си сменам манжетна на внатрешен зглоб  ;D



И моторот е надвор.



Моментот кога мразиш шпагети воопште:



Сега за сега вака изгледа кола со 1 коњ  ;D  ;D  ;D


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #43 на: 27 Јануари 2020, 20:49:14 pm »
mnogu li vreme se gubi da se sredi kosot dazalici da se zacisti motor....just sayin, veke koga se e nadvor... :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4217
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #44 на: 27 Јануари 2020, 20:55:35 pm »
човеку, како знаеш после што со што да поврзеш од каблине? сигурно си имаш свој начин, ја вака кога гледам од слики ладна пот ме облива :)))