Здраво другари, за сите љубители овде ја започнувам оваа тема. Не се сите по VW знам, но сепак станува збор за доста ретко возило кое во светски рамки е произведено во 97521 примерок.
Општи информациии:
- Произведено 1991 година
- Оригинално со 1.8 G60 мотор од 160кс (моментално носи 2.0 8 вентилски мотор со 115кс)
- Фабричка боја Midnight Blue Pearl Effect (моментално е црно)
Еве неколку слики кога стаса колата кај мене на шлеп бидејќи е истечена регистрацијата, и моменталната состојба на колата. Повеќето од вас може го виделе на оглас, некој го правел Брзи и Бесни прв дел изглед.
Веќе падна одлука за бојата, еден ден кога ќе биде завршено би требало да изгледа вака:
Колата е речиси комплетна со исклучок на неколку ситници кои фалат и веќе се пронајдени и нарачани. Искрено сум изненаден од Corrado заедницата, зборам за нашата домашна но и во странство. Конкретно има еден супер дечко овде кај нас кој веќе мии се понуди за помош, ми даде цело упатство за оддржување на колата и сервисирање до намала ситница, иако се ретки деловиите за колата ми понуди и делови што има резерва ако ми затребаат за мојата. Се поврзав и со неколку луѓе во Германија, Англија и Америка кои имаат доста контакти и веќе ми пратија исто некои делови.
Бидете трпеливи кој сака да ја прати темата, ќе биде поспора но ќе стасаме до крај.