Автор Тема: Ново возило до 18000 евра  (Прочитано 62787 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #195 на: 12 Февруари 2019, 07:31:45 am »
Кај плагин батеријата е поголема, поскапа и трпи повеќе оштетување. Кај неплагин батеријата секогаш се држи во оној ранг кој е најоптимален за неа и би требало да истрае многу подолго.

Тоа е и проблемот со електричните возила, покрај рејмџот и тежината.

Со неплагин, пополнети се дупките кои може да се пополнат и се добило идеалното решение СО ОВАА ТЕХНОЛОГИЈА. Од батерии толку очекувам. За ништо не ги бива ни во лаптоп, ни во мобилен ни во бутур. Потрошен матетијал. Затоа може да помогнат делумно и да се помали за да се полесни и поефтини за промена, и згора на тоа да се држат во оптимална полност постојано.

Тој дел мене ме наведува да сметам дека неплагин е идеално сега за сега.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #196 на: 12 Февруари 2019, 07:37:13 am »
Некаде читав дека батериите на Tesla губат нешто као 10% од капацитетот за 250.000 км, или така нешто.

Тоа е за мене сосема прифатливо. Да, знам дека батериите во хибридите на Тојота и Лексус не се такви, но ќе мораат да станат ако сакаат да останат компетитивни, особено кога ќе воведат и електрични возила. Плус, јас не гледам проблем со менување на батериите кога ќе дојде ред. Трошок ко трошок. Да сме живи и здрави.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #197 на: 12 Февруари 2019, 07:37:34 am »
Технологијата е тука, само некој да ги уклопи сите елементи правилно и нема да има проблем со „убивање на ентузијазмот“ и економично возење на комбинирани погони.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #198 на: 12 Февруари 2019, 07:39:51 am »
Ехе, веќе е направено тоа...


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3241
Ново возило до 18000 евра
« Одговори #199 на: 12 Февруари 2019, 07:42:16 am »
Хибридот има поента само во експлоатација во градски услови. Електричниот мотор ја одзема функцијата “тргни-застани” од конвенционалниот мотор, односно му помага во режимот на работа кога тој е нај не ефикасен. Тука е предноста споредено со останатите возила.
На автопат хибридот троши повеќе отколку било кој соодветен конкурент со бензин/дизел мотор без хибриден систем.

И јас го делам истото мислење со членовите од погоре дека хибридниот погон и ЦВТ менувачот треба да бидат забранети во возила поголеми од Тојота Јарис. Заедно со ниско литражен атмосферец целиот систем ќе има одлична економичност и перформанси за градска употреба.

Додека возев Тојота ЦХР успеав да извадам дури и пониски вредности на потрошувачка од оние на клсниот во градски услови. Ама на отворено беше едно од нај не економичните возила што сум ги возел во последните 10 години. Во режим на возење околу 120 км/ч потрошувачката беше 7.5 литри.

Тојота можеби има добар хибриден систем ама нема добар турбо бензински мотор и менувач со двојна спојка што може да ги спои со хибридот. Дизелите веќе оддамна отидоа во историја кај Тојота па затоа не ги спомнувам. Во 2019 година да нуди некој 1.8 атмосферец во возило кое што чини над 25.000 евра е чиста измама на купувачот.

Не сум ги возел (сеуште) хибридите на ВАГ ама имам чувство дека треба да се за нијанса подобри.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #200 на: 12 Февруари 2019, 07:48:02 am »
Викендов бев до Свети Николе и назад со CH-R-от, топтан натоварени (јас + 4 патници, тие на задната клупа ги сожалувам), и генерално возено по (па и над, иако не премногу над) знаци потрошувачката стигна до 5.8-6.1. Наполнето до горе пред тргање, ресетирано.

Отсутен VW

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
  • TESLA фанатик
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #201 на: 12 Февруари 2019, 08:36:59 am »
bev skeptik pred da go zemam... but he prove me wrong!! :P
TESLA фанатик

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #202 на: 12 Февруари 2019, 09:34:43 am »
Реалноста е дека возењето хибрид (особено хибрид со CVT) не е исто како возењето еквивалентен бензинец и бара одредено учење и одредено менување на сопствените возачки навики. Секако дека хибрид може да троши исто како (па и повеќе од) еквивалентен бензинец, и баш затоа треба човек да ги смени малку навиките на возење.

Еден колега од друг медиум се пожали дека C-HR му трошел 7.5 низ град. Мене ми троши 5.2-5.3, без тегавење и пимплање и тупење. Тоа е огромна разлика.

Нејсе, генерално и јас го имам ставот дека хибриди се некаков stepping stone кон фул електрик возила. Имаат свое место (примарно низ град) и своја намена, ама се некаков „чекор кон“, да речеме.

За низ град секако дека хибридот ќе троши помалку од бензинецот, и точно дека треба малку ментална промена за да троши хибридот малце во град. Меѓутоа, од некои 50.000км кои ги вртам годишно, 10% се низ град додека останатото е по нашите прекрасни магистрални патишта и автопатите кај нас и во околината. Таму како и да го менуваш стилот на возење, потрошувачката и перформансите се тие, односно возиш бензински атмосферец со перформанси од 20ти век. Особено кога ќе дојде момент за брзо претекнување (реално често се случува по магистрала) доаѓа до израз CVT-то, возилото се дере и ништо не се случува.

Сметам дека RAV-4, па и CH-R и Auris не се возила предвидени само за градски сообраќај, туку баш за таа 90% отворена вожња, па земајќи ја во предвид цената и споредбата со еквивалентен бензинец ми нема логика целата приказна на овие хибриди.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #203 на: 12 Февруари 2019, 09:51:55 am »
Стај го у спорт и нема да се дере, еден клик е тоа, а ако има 100кс и у ракета да го ставиш џабе е.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #204 на: 12 Февруари 2019, 10:00:22 am »
Реалноста е дека возењето хибрид (особено хибрид со CVT) не е исто како возењето еквивалентен бензинец и бара одредено учење и одредено менување на сопствените возачки навики. Секако дека хибрид може да троши исто како (па и повеќе од) еквивалентен бензинец, и баш затоа треба човек да ги смени малку навиките на возење.

Еден колега од друг медиум се пожали дека C-HR му трошел 7.5 низ град. Мене ми троши 5.2-5.3, без тегавење и пимплање и тупење. Тоа е огромна разлика.

Нејсе, генерално и јас го имам ставот дека хибриди се некаков stepping stone кон фул електрик возила. Имаат свое место (примарно низ град) и своја намена, ама се некаков „чекор кон“, да речеме.

За низ град секако дека хибридот ќе троши помалку од бензинецот, и точно дека треба малку ментална промена за да троши хибридот малце во град. Меѓутоа, од некои 50.000км кои ги вртам годишно, 10% се низ град додека останатото е по нашите прекрасни магистрални патишта и автопатите кај нас и во околината. Таму како и да го менуваш стилот на возење, потрошувачката и перформансите се тие, односно возиш бензински атмосферец со перформанси од 20ти век. Особено кога ќе дојде момент за брзо претекнување (реално често се случува по магистрала) доаѓа до израз CVT-то, возилото се дере и ништо не се случува.

Сметам дека RAV-4, па и CH-R и Auris не се возила предвидени само за градски сообраќај, туку баш за таа 90% отворена вожња, па земајќи ја во предвид цената и споредбата со еквивалентен бензинец ми нема логика целата приказна на овие хибриди.
Зошто мислиш дека возиш бензински атмосферец од 20ти век? Кога всушност возиш најмодерен 5 тактен аткинсонов бензинец кој треба да е најефикасен бензинец што е моментално возможно да се направи. Згора на тоа при кочење и надолнини се полни батерија која помага во погонувањето на возилото. Згора на тоа има CVT менувач кој овозможува моторот да се држи во оптимално работно подрачје зависи во кој мод е ставен. Тоа што пречи е лоша аеродинамика на возилото како CHR и што ги убива перформансите и потрошувачката. Ама модата тоа го диктира.


Како и да е, моторот е страшно модерен и многу далеку од муабетот дека „антика од 20ти век“.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #205 на: 12 Февруари 2019, 10:13:24 am »
Теоретски звучи одлично, практично се ова е само на хартија. Систем за рекуперација на енергија имаат речиси сите нови возила, без разлика хибриди или не.

Што се однесува до CVT, пак теоријата звучи далеку поубаво од реалноста. Кај Аudi A4 или Audi A5 oд претходната генерација аеродинамиката воопшто не е проблем, па возилата со Multitronic не се ништо поекономични или поефикасни од возилата со рачен менувач (вклучувајќи го тука и DSG како тип на автоматизиран рачен менувач). Моментот на глупо чувство при возење, без разлика колку КС има возилото е присутен и тука.

Никаде не реков дека технологијата е од 20ти век, реков дека перформансите кои ги дава се од 20ти век. Ништо не ми значи теоријата со 5-тактен мотор доколку тоа јас како корисник никаде не го гледам и користам и кога еден Karoq 1.5 TSI e далеку побрз и нешто поекономичен од CH-R хибрид (и двете возила се тука некаде со неаеродинамичноста, па може да ја исфрлиме од математиката) за доста помалку пари :)

Стај го у спорт и нема да се дере, еден клик е тоа, а ако има 100кс и у ракета да го ставиш џабе е.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Спорт, неспорт, иста песна е :)
« Последно менување: 12 Февруари 2019, 14:36:08 pm andrej_111 »
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #206 на: 12 Февруари 2019, 10:27:03 am »
@andrej_111
Во заблуда си ако мислиш дека Карок 1.5тси DSG и CHR трошат исто, па и дека Karok поекономичен. Не е тоа реалноста.
7,36 просек наспрема 5,35


Односно 39MPG напсрема 58MPG

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #207 на: 12 Февруари 2019, 10:39:20 am »
@Deni пак ќе кажам, теоријата многу убаво звучи. Имам доста искуство и со Кaroq 1.5 TSI и со CH-R хибрид и затоа го земав Karoq за споредба. Во реална употреба, CH-R има пониска потрошувачка во град, тоа е неспорно. На отворено, каде што и игра улога аеродинамиката, возилата се во најмала рака идентични во однос на потрошувачка. За перформанси мислам дека не треба да стане збор.

Ова го пишувам од мое искуство, со мој стил на возење, без каталошки податоци и без сликички од интернет. Како што кажа и @zeroSignal CH-Rот кај него троши 5,3 литра во град, кај некој друг 7,5, па затоа вакви податоци од интернет ми се доста нерелевантни. Секој возач си е различен и доколку споредуваме треба да се споредуваат двете возила возени од ист човек.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #208 на: 12 Февруари 2019, 10:53:16 am »
Секако, затоа и ги возиме возилата. Затоа и има тестови на Cаrclub. Ете погоре и статистики од луѓе кои ги возат тие возила секојдневно, не се каталошки бројки.

Ако мислиш дека CHR hibrid ќе има слична потрошувачка со 1.5TSI DSG во Карок пак би сакал да ти посочам дека имаш несоодветни информации. Во град разликата е многу поголема во корист на CHR со сигурност. А на отворено би те замолил да пробаш уште еднаш ако имаш шанса. Во што е можно поконтролирани услови. Ќе увидиш дека Карокот на 120кмч троши околу 8,0-8,2л/100км, а CHR е околу 6,0-6,2л/100км. Додека Карокот на 140кмч троши околу 9,6-9,8л/100км, а CHR троши околу 7.8-8,0л/100км, според моето искуство.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6414
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #209 на: 12 Февруари 2019, 11:02:01 am »
Дени, ај малце со факти сега.

Тојота CH-R хибрид

90км/ч троши 4.2 литри
140км/ч троши 10.2 литри
градска 3.4 литри (спокојна вожња)



Karoq 1.5 tsi

90км/ч троши 4.6
140км/ч троши 9.3
градска 8.3 (спокојна вожња)


Од тука како што сум и кажувал порано хибридот во комбинација со цвт е огромен благодет за во град, и толку. На отворено ај што нема перформанси туку и си троши прописино.


Истиот проблем го имаат и нормални ацтомобили како на пример новиот Lexus ES 300h 2.5 со 220кс


140км/ч  си лапа 8 литра бензин. каде бееееееее