Најбитно е да се одбере поаеродинамично возило ако веќе го правиме тој муабет Висината кај овие возила и не дава баш некоја предност, освен дека се возиш со Џип Ова е за жал доста тешка тема за објаснување на нашиот народ
А побитно и од најбитното е да не се одбере возило со CVT
Се согласувам со
@andrej_111 CVT е најлошиот мехатронички склоп што може да го купи некој потрошувач во возило.
Тојота го наметнаа како хајп и нешто фенси, со цел да го прикријат неуспехот на развојот на турбо мотори. Пред 10+ години, ВАГ групацијата се насочи кон усовршување на турбо моторите, прво дизелските, а после и бензинските мотори.
Паралелно во тој период Тојота извади Приус и слични хибриди во Лексус, ама не очекуваше дека ТДИ е стане огромен тренд кој што направи растур по пазарите, а во поново време ТСИ.
Сега Тојота се обидува да протне "нова генерација" на хибриден погон во фенси спакувани возила со атмосферски бенсински агрегат, додека конкурентите штанцаат турбо бензин и подготвуваат Хибриди со ДСГ менувач и турбо бензинец под хауба.
Ќе оставиме времето да покаже каков ќе биде исходот, ама мислам дека пазарот за хибридни возила многу бргу ќе и избега на Тојота ако не успеат да понудат пакет кој е биде конкурентен со оној на ВАГ.
Намерно ги ставам ВАГ групација во споредбата затоа што хибридните погони на Мерцедес, БМВ и останатите не се споредливи со оние на Тојота, не затоа што не чинат, туку затоа што Тојота самите одлучија да ловат клиенти на среден и низок опсег на пазар. Соодветно на тоа и возилата им се пластика+лим+батерија. Со исклучок на лексус.