Фала дечки за убавите зборови, сите да си се подновите со тоа што сакате
... Седиштата не ги искоментира воопшто (или ми промакна во големиот пост). Добри се, имаат доволна странична и лумбарна поддршка?
Како се препораките на производителот за развозување на колава? Реално ќе те тера да ја "стегаш" а додека е нов моторот мислам дека не е препорачливо.
Заборавив да спомнам за седиштата.Прават ќеиф и тоа многу, релативно се удобни, добра странична поддршка имаат и не се до тој степен цврсти/спортски да те зграбат или да биде неудобно возењето.
Единствено нешто околу седиштата е моментот што немаше опција за 230-ката да се нарача со комплет Алкантара (како 245-ката), беше опција само целосно кожа или комбинацијата штоф/алкантара што е кај мене.
Околу развозувањето, добив инструкции дека не треба да се замарам и да си ја возам нормално колата како што сакам.
...Одличен spec, за чудо и мене не ми е гадна предницата кога се околу фаровите е црно.
Те разбирам, таа предница ми ја правеше најголемата дилема за колава
Кукла! Да те служи долго и да бидеш задоволен! Највеќе мерак прават седиштата и светлата
Уште не можам да си поверувам светлата колку ми прават ќеиф, навечер излегувам да ја возам само светлата да ги видам
Многу е убава. Со здравје да си се возите во неа. Јас немав храброст да купам нова кола со многу кс и турбо бензин. Некој ден, половна.
Да си купиш
Јас воопшто немав храброст за нова кола, ама жената и
@InSides помогнаа
Одлично изгледа, во секој поглед. И мене не ми се допаѓаат фаровите на обичните Октавии, ама со оваа не е така, плус како што кажваш дека во живо уште подобро изгледаат...
Браво за изборот, со здравје да си прајш ќеф
Лесно се средува во живо да ја видиш во Битола, ако се дружиш со Скопјани
Супер избор ми се свижа :Д колку кошта едно вакво опремено возило со истиот мотор ?
Околу 27,500 , без попуст секако
Игоре, честитки и од мене, милион да и направиш. Коа ќе доаѓаш накај СК не е лошо да ѕврцнеш, да ме провозиш едно кругче
Обавезно, ќе те имам во план.Нема да е лошо и една аудио сесија да направиме за стари времиња
Битолчанец а? Убо.
Да си зрав и жив.
Со здравје да се вози. Убо количе си зел.
Фала
Иначе види вака да разјасниме - Скопјанец сум, ама работам во Битола, лична карта имам Битолска, таблици Битолски, стан во Битола, жена Битолчанка, ќерка родена во Битола.... ај батали
Кажи а? И јас тоа го викам при секое влегување
Е така
Со здравје да си ја возите и доооолго да ве служи!
Да не беше твојот коментар во другата тема уште немаше да отворам тема
Фала за честитките.