Автор Тема: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V  (Прочитано 24324 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #60 на: 02 Јануари 2020, 21:13:15 pm »
Апдејт.

Поминати околу 550 километри од промената на ЕГР вентилот, од кои денеска околу 200 километри.

Никакви проблеми со колата. Спие.

Официјално го затворам поглавјето наречено "Проблем со ЕГР".

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #61 на: 02 Јануари 2020, 21:16:46 pm »
За 2020 само регистрација и бензин 😁

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #62 на: 02 Јануари 2020, 21:52:47 pm »
Не, имам други планови, ама тоа е само подобрување.

Чул те Господ, парите за дефеци да ги инвестирам во конечно завршување на овој проект, пошто сум многу, многу блиску до реализација.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #63 на: 15 Февруари 2020, 15:55:12 pm »
15.02.2020 година, 215.111 километри - заменет MAP сензорот со половен, од поново годиште (2008).

Во распон од 1500 до 2000 обртаи, прва и втора, при додавање и одземање на гаста, колата знае ситно да засецка. А некако и приметив зголемена потрошувачка, околу 9 просек.

Пошто си земав ОБД2, ми скурчи да шетам до сервис секогаш кога ќе прдне колава, рандом ми извади грешка - P0106.

Истата се однесува на проблем со MAP сензорот.

Прогуглав, сецкањето демек можно е да било предизвикано од нечист MAP сензор. Пробав со чистење, за кратко го отстранив проблемот, ама пак се појави.

Земав половен, од 9n3, 2008-ма. 1000-ка.





Вака, од прва, минимална разлика во сецкањето, а поголема во потрошњата, која се намали малку, ама ќе пратам деновиве. Ќе почекам, пошто можно е и ЕКУ-то да се прекалибрира на поинаков проток на гориво и воздух.

Ако остане вака, наредно, планирам да го сменам бензинот. Ставам на Макпетрол и на двете коли. И на двете не им е баш по ќеф.

Астрата појави мисфајр, еднаш само. Цели 5 години ставав на Лукоил, никаков проблем немав. Почнав на гомнарскиот Макпетрол, и ете маки. Пред да сменам на Лукоил, од нова, почнав на Макпетрол. Тогаш ми светна "чек енџин", со грешка - вода во филтерот за гориво. Затоа и ги сменив со Лукоил, ама ете.. Поблиску ми е Макпетрол, ама ќе ги ебам - пак на Лукоил ќе ставам.

Ќе ставам на Лукоил, и 98-ка. Па ќе видиме.

И друго - јас не знм што се случува со дихтунзиве по колава. Половниот дојде со метален дихтунг (лево на сликата), а на колава беше така закачен, без дихтунг.

Дали ги губат "мајсториве" при монтажа-демонтажа, дали толку си ја знаат работава.. Не знам. Бетер беше со дихтунзите од ЕГР-от.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #64 на: 15 Февруари 2020, 16:31:12 pm »
Дихтуваат гумените прстенчииња на мап сензорот, не ова металчево. Секако тоа не значи дека треба да биде отстрането :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #65 на: 15 Февруари 2020, 21:16:27 pm »
Така де.

Што мајстор е тој ако не извади вишок делови?

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #66 на: 07 Март 2020, 19:48:38 pm »
се разбирам, ама не ми е јасно зашто 10/40 масло, јас на фиеста од 1996, 1,3/37кв па ставам 5/40 синтетика, и тоа почнав од пред 4-5 години, пред тоа ставав и од ЛукОил а многу пред тоа дури и минерално еднаш.....
Инаку од лани купивme на керками  Polo 9N 1,4 ама 2005/јули, со ланче, со 75000лм поминати. Дадов 10,000мкд да се опраи климата, а поради изгорена Прва Брзина на Вентилаторорт на ладњакот, па морав освен него и испаривач на клима да сменам и се собра 10,000мкд, нема таков отпорник за вентилаторот на ладњакот, оди како дел само отпорник за вентилатор во кабина..
Имав и крадење на струја од радио ( и на исклучено), тоа ме чинеше 600мкд кај Дог Секурити..
Чек Енгине се јавуваше а не праеше проблеми па го бришев,   ама откако преминавме на 95 бензин веќе не ми се јавува..
Кратко резиме:
Фабрички глупости:
-тунел кај задните седишта, гледам има и на Шкода, не знам зошто ??
- глупави штопови кој замаглуваат во округлиот дел со двојни ѕидови, ќе чекам да затопли ако не помогне и тој дел ќе го издупчам..
Поради нископрофилните гуми, 185/60, ја штедам при дождови, сепак фиестата е 5х помалку пазарно вредна и со неа по дождови и дупки ...
Ќе видиме понатака, всушност малку возиме, може 4000км со двете коли..
Па и во град не е за возење, гужви и  дебили колку сакаш а и паркинг проблеми...
Веројатно летоска ќе треба да се извози до Охрид, да се продува малку на  Стража....

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #67 на: 07 Март 2020, 22:02:39 pm »
Зошто не 10w40? Не го троши, не сум наидел на проблем од уљето.. Ипак, веќе има 215.000 километри, и мислам дека таа градација е сасвим ОК.

Бар не сум свесен за проблем од уљето.

Убаво викаат - ФВ дизел, Опел бензин, а не обратно. Ама, тоа е..

Мислам дека механички бензинците не се толку кварливи, колку што им е промашен и неусогласен софтверот на ЕКУ-то. И јас бришам грешки, пошто буквално ништо не и фали на колата, а светка чекот. Поточно, веќе и не бришам, сам се гаси..

Се става само 95. Пробав од 100-ката на МП, никаква разлика не осетив.

Ставено на ЛукОил 95, осетно намалена потрошња. Истото и на Астрата - со на ЛукОил бензин, помалку троши.

Тоа е.. Ама ќе ја средам.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #68 на: 28 Април 2020, 13:18:48 pm »
28.04.2020 година, 216.772 километри.

Заменето маслото, филтер за масло и филтер за воздух.

Користено:
- Mannol Defender 10w40, ACEA A3, VW 501.01 / 505.00, 4l, 1.000,00 денари;
- Филтер за масло Filtron OP 641, 250,00 денари;
- Филтер за воздух Comline EAF407, 200,00 денари.

Успат заменети заштитните гумици (или како-и-да-се-викаат) на задните амортизери, неплански. Амортизерите изгледаа како амортизери за ѓепек, скроз беа голи. 400,00 денари парче.



Работна рака за се - 600,00 денари.

Вкупно - 2.850,00 денари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #69 на: 30 Април 2020, 10:12:23 am »
Малце пред-празнично плакнење...









Carpro Perl, 1:3 раствор.



Страшна работа. Се заборавам да сликнам "пред", ама трансформацијата секогаш ме остава подзинат. Уствари, ене ги бришачите, така избелено, пута 3.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #70 на: 25 Јуни 2020, 13:01:19 pm »
23.06.2020 година, регистрирана. Трошоци:

Околу 4.700,00 денари автоодговорност;
2.201,00 денари трошоци на технички;
2.818,00 денари јавни патишта, и
50,00 денари административна такса.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #71 на: 13 Септември 2020, 13:47:52 pm »
09.09.2020 година, 219.281 километри.

Заменета електро-хидрауличната серво пумпа со половна, Koyo HPI.



Пумпата кошташе 6.300,00 со достава, уљето внатре (900мл собира) 700,00 денари и работна рака 800,00 денари.

Вкупно - 7.800,00 ме кошташе задоволството за мини-Бентливо дома.

Симптоми - кога сака работи сервото, кога не. Свети жолт волан на шалт-таблата. Колата е невозможно да се вози без серво. Пробав, и по 50-100 метри возење "на сила", знаеше и да добие серво, само од себе.

Не беше лесно да се најде половна пумпа по таа цена, исправна. Повеќето ми бараа од 150 до 200 евра, што за половен дел е нон-сенс.

Друг проблем на што наидов е потешкотија во дијагностицирање на проблемот. Имено, наводно истите симптоми се кога не е исправна пумпата и кога не е исправен некој сензор што го мери аголот на вртење и се наоѓа на летвата.

Истиот тој сензор, не само што е огин и пламен (цирка 150 евра), наводно бил доста тежок и скап за калибрирање по замената, требало специјален алат. Во Порше, тој зафат чини негде околу 10.000,00 денари (само калибрацијата).

Беше во комбинација да се земе цела летва, која заедно со сензорот кошташе 60 евра.

Пошто дијагностиката не го покажуваше воланот (вадеше ерор некој), а и веќе ми чуреше главата, одлучивме со сервисерот да ја замениме пумпата, па ако испадне дека не е, да се врати таа, па да ја замениме целата летва. Дечкото што растура Поло, ми излезе во пресрет за замена.

И така, веќе 5 дена е се во ред со колата, пу, пу.

28.07.2020 година, 218.598 километри.

Физичко чистење на дизните. Првата и третата покажале затнување.

Колата сецкаше при ниски обртаи и испуштање на педалот за гас.

Дијагностика вадеше МАП сензор, заменет со половен, ама не го реши проблемот.

По чистењето, 1000 плус километри веќе извозени, колата е сон за возење. Пошто успат е и се исчистено или заменето (ЕГР, МАП, клапната, граната, задниот лонец) колата работи мирно, тивко, рамномерно и супер повлекува за снагата.

Нов проблем - со мењачот. 3 од 10 пати не сака да чуе да влезе во прва и рикверц. Сака прво втора па прва, или само да бирам накај втора, па влегува во прва. Нешто сајлата ја чачкаше мајсторот, нешто се подобри, ама не е тоа-тоа.

Прашање - дали со промена на нова сајла би го отстранил проблемот, или можно е нешто внатре во мењачот се има сјебано?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #72 на: 13 Септември 2020, 16:00:23 pm »
Јас би ти рекол да ги провериш сајлите или шипките на шалтерот најпрво. Ако се сајли, проверете ги во какво стање се и исчистете ги внатре, потоа подмачкајте ги со некое ретко масло (да не се затестува). Ако се шипки/полуги, проверете ги гумиците помеѓу нив.

Од поголеми инвестиции, пумпи (примарна и секундарна) за куплунг, друк лагер, потисна плоча би биле многу поверојатни причинители отколку самиот менувач.

ЕДИТ: Сфатив дека збориваш за сајлата за менувач, не тааз а куплунг. Пре би играл на таа карта :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #73 на: 13 Септември 2020, 17:41:54 pm »
Куплунгот, како и менувачот кога ќе се погоди, кога работи, се перфектни.

Затоа и мислам дека не е проблемот внатре во менувачот, ама пошто не сум имал искуство до сега, прашав за совет.

Фала ти. Ќе се провери деновиве.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #74 на: 14 Септември 2020, 18:21:49 pm »
Апдејт - го решив проблемот со мењачот, тоа што нејќеше прва и рикверц чат-пат да влезе.

Имено...



Ова е внатре во кабината, под кожата од шалтерот.

Жолтото што е изронето, фактички е гумица која го стега држачот кој излегува од шалтерот за крајот од сајлата на менувачот, односно го држи на местото кое е наменето.

Без тоа, шалтерот е лабав на спојот со сајлата, а тоа значи потешкотии при избор на прва, втора и рикверц.

Јас имав проблем со прва и рикверц (нејќеше воопшто напати да влезе) и "завлекување" при шалтање на останатите четири брзини, односно се осеќаше некое како триење пред на убаци во брзина.

Вака треба да изгледа...



Пошто не најдов никаде воопшто да се продава ваква гумица, ни како рипеир кит, морав да интервенирам сам.

Во меѓувреме, нарачана заменска од Али експрес, ама кога и дали ќе стигне е прашање.

Ова е моето реднек решение. Градинарско црево 1/4, штраф со мутер и пластична стега. Морав да го растурам долниот дел од централната конзола, што за среќа беше доста едноставно.





Сељачки, ама функционира. Менувачот е сон низ цел распон од брзини, плус рикверц. Прекрасно шалта.

Еве ја глумицата, распадната.



Не оставам вака, ќе го поправам како што треба, со заменска гумица, ама дур ја набавам, ова решение е солидно. Колата ќе може да се вози нормално.

Кога гуглав синоќа, ова се провлекува низ речиси сите модели на ФВ и Ауди од 2000-та наваму.
« Последно менување: 14 Септември 2020, 18:52:18 pm Diesel »