Вчера зедов од сервисот еден нов мутер за да го сменам половниот што го ставија на вулканизер. Не можев да го гледам, ептен беше зарѓан, нема трага од хромот.
Денес ми текна со новиот мутер да ги проверам навоите на штиф шрафовите на сите тркала.
Вадејки го зарѓаниот, откако претходно го олабавив, приметив дека лесно се одвртува со рака, лета
Ги проверував навоите на сите штиф штрафови навртувајки ги овие два мутера (новиот и зарѓаниот).
На сите до еден се навртуваа путер лесно, што значи дека навоите на штиф штрафовите се сосема во ред.
Значи, оштетени се навоите на старите мутери, и затоа тешко се навртуваат. Имаше 4,5 кои нешто полесно се навртуваа. Интересно е што забележав дека на почеток, 1 до 2 круга идат лесно за потоа да се јави отпор.
Ќе ги сменам сите мутери да не ме боли глава