Автор Тема: Возило до 3000е (Услужен оглас)  (Прочитано 5276 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Возило до 3000е (Услужен оглас)
« на: 03 Јануари 2018, 10:20:10 am »
Клабери,

Би сакал да ве замолам за помош. Блиски мои бараат возило до 3000 е. Начелно не спомнаа што возило и карактеристики, но мое мислење е со оглед на тоа дека нема да се вози премногу и луѓето се во поодминати години, отприлика да е со следниве работи:

1. По можност неувезувано, од прв газда :) каде имате инфо како е одржувано (најтешкиот момент)
2. Бензинец
3. Безбедносни системи АБС, воздушни перничиња
4. Серво
5. Класа на Поло, Корса, Фиеста, Пунто итн.
6. Клима

Мислам, дека би се нашло нешто околу тој ценовен ранг, па ако знаете некој што продава или на оглас некое возило што ви оставило впечаток, ве молам пишете.

Фала


Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #2 на: 03 Јануари 2018, 16:07:58 pm »
Малце е помало и нема нешто многу опрема али бензинец неувезуван и од прв газда со малце километри јас би идел со сејченто, кога барав за мене гледав пунта со по 8 газди.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2733018
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2690025
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2668070

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #3 на: 03 Јануари 2018, 16:16:09 pm »
Џорџ, у сеиченто 4ца возрасни не собира


Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #4 на: 03 Јануари 2018, 16:23:55 pm »
Знам јбг, поготово двометраш како мене на задни седишта треба да си ги скрати нозете  ;D ама сепак за таа цена тешко да најдеш друго возило од прв газда.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #5 на: 03 Јануари 2018, 17:56:03 pm »
Фала на предлогот, ќе се проследи.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #6 на: 05 Јануари 2018, 14:40:35 pm »
До 3000 евра C1 со 4 врати, врши работа ...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #7 на: 05 Јануари 2018, 15:21:45 pm »
Бидејќи буџетот е ограничен, јас би барал нешто што се вози доста кај нас и соодветно на тоа е лесно за одржување.

Би размислувал во насока на Fiesta, Polo, можеби Corsa. Интересно е што по огласи има примарно дизелчиња, бензинци скоро ич.

Ако разберам за нешто добро, секако ќе пренесам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #8 на: 05 Јануари 2018, 15:22:43 pm »
Бидејќи мене ме изненади моето искуство со Citroen Xsara, би ти препорачал да погледнете токму тоа. По огласи има примероци од последните моделски години (2004), за 2400-2600 евра, први газди. Не е којзнае што како кола, ефтин Цитроен е, ама за едноставност, поверливост и достапност на делови е можда во топ 10 половни возила за наше поднебје.
Плус, ако е за постари, плови по нашиве патишта.

Единствено нешто што ме иритира е фабрички пропишаната димензија на гуми: 195/55/15 (или 185/65/14 за помалите). И ефтините брендови се... скапи. Секако, без никаков проблем може да се оди на 185/60/15 или 185/60/14, каде изборот е ем многу поширок, а цените се понормални.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #9 на: 05 Јануари 2018, 15:34:00 pm »
Не сум ја видел темава, ама има искуство со Hyundai i10.
Другар мој купи година дена после мене (2009-та) Hyundai i10 од првите модели кои се покажаа многу расипливи и многу скапи за сервисирање. Сервисот на i10 беше дупло од сервисот на Спаркот.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #10 на: 05 Јануари 2018, 22:58:22 pm »
Фала на инфо, ќе биде пренесено.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #11 на: 05 Јануари 2018, 23:05:10 pm »
Фокус од најпрвата генерација фејслифт (околу 2002-2004та година) со 1.6 мотор бензин.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #12 на: 08 Јануари 2018, 02:18:22 am »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2694269
Клиово е мое, проверено е во рено овластен сервис ги има оригиналните километри има сервисна книшка каде што е заведено само 3 сервиса (во Италија на бензин им прават сервис на 30 000), направен редовен сервис потребно е да се сменат сет каиши и да се санира гребаница од десна страна, регистрирана до ноември. Го возам 4000 км до сега одлично е.

Отсутен K92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 717

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Возило до 3000е (Услужен оглас)
« Одговори #14 на: 08 Јануари 2018, 08:37:18 am »
https://www.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=2742126
Не се бара возило за поодминати со памет, туку поодминати години ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.