Бидејќи мене ме изненади моето искуство со Citroen Xsara, би ти препорачал да погледнете токму тоа. По огласи има примероци од последните моделски години (2004), за 2400-2600 евра, први газди. Не е којзнае што како кола, ефтин Цитроен е, ама за едноставност, поверливост и достапност на делови е можда во топ 10 половни возила за наше поднебје.
Плус, ако е за постари, плови по нашиве патишта.
Единствено нешто што ме иритира е фабрички пропишаната димензија на гуми: 195/55/15 (или 185/65/14 за помалите). И ефтините брендови се... скапи. Секако, без никаков проблем може да се оди на 185/60/15 или 185/60/14, каде изборот е ем многу поширок, а цените се понормални.