Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 810487 пати)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3870 на: 18 Август 2026, 13:43:19 pm »
На враќање од Гевгелија допрев на Шел бензиската со пола резервоар полн од 95ка Лукоил, ја наполнив со нивната 98ца до горе. Знам глупа работа е што ги измешав ама ретко одам натаму па реков ај да видам дали ке има разлика. Колата иде сега ептен добро, подобро од 100ка Макпетрол а не е ни цел резервоар чист.
Гледам сеа да идам на скопската Шел ама на страната нивна не вади никаква бензиска дека имаат во Скопје? Дали ја затворија скопската?

Не е затворена, работи уште, ама знаат често да немаат 98 достапно. Пробај на ТопТрејд 98.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45173
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3871 на: 18 Август 2026, 13:45:21 pm »
Ич да не се секираш што си ги измешал. Си го подобрил горивото што ти било веќе во кола :)
Си работи скопската пред Драчево, немаш гајле.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1287
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3872 на: 18 Август 2026, 13:53:45 pm »
До пред некое време ставав само "100тка" на Макпетрол, никогаш ни приближно не одела вака добро колата, којзнае што ставаме кај нашиве преваранти

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2806
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3873 на: денес во 12:17:52 »
Koga mozam odam polnam 98mica na Top Trejd.
Osekam podobar odziv na gas i nesto pomala potrosuvacka.

Присутен Zagor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3874 на: денес во 13:47:09 »
За сите бензинци што имаат турбо со компресија до 10,5:1

Лето: 98 октани од Лукоил или Shell
Зима: 95 октани од Макпетрол

Истото може и за атмосферци

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6990
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3875 на: денес во 13:49:11 »
Хм, зошто?

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3805
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3876 на: денес во 13:50:00 »
Исклучиво али исклучиво само бс95 лукоил не зависно временски период. Тоа е во сите книги препорачано од производители па и на сам капак ти пишува бс 95
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Присутен Zagor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3877 на: денес во 13:59:59 »
Хм, зошто?


повеќе фактори, но како позначајно е етанолот кој што го има во 5 или 10 процентна форма во 1 литар бензин

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3878 на: денес во 14:04:53 »
Хм, зошто?


повеќе фактори, но како позначајно е етанолот кој што го има во 5 или 10 процентна форма во 1 литар бензин

Во зима треба да има што е можно помалце етанол. 95ките се најчесто со поголемо количество на етанол од 98/100 кај нас бар. Како што знам Макпетрол 100 е Е5 додека 95ката е Е10.

По твојава логика, јас во зима би требало да точам 95 (турбо мотор со 10.2:1 компресија) и да одам контра на препораките на производителот што се минимум 98 октани. Нема логика.

Присутен Zagor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3879 на: денес во 14:24:05 »
Хм, зошто?


повеќе фактори, но како позначајно е етанолот кој што го има во 5 или 10 процентна форма во 1 литар бензин

Во зима треба да има што е можно помалце етанол. 95ките се најчесто со поголемо количество на етанол од 98/100 кај нас бар. Како што знам Макпетрол 100 е Е5 додека 95ката е Е10.

По твојава логика, јас во зима би требало да точам 95 (турбо мотор со 10.2:1 компресија) и да одам контра на препораките на производителот што се минимум 98 октани. Нема логика.

Напротив, зимно време 10% етанол значи полесно палење (поголема густина на масло) и побрзо загревање на мотор. За топло време 5% етанол бидејќи палењето е полесно (помала густина на масло) загревањето на моторот е помало и има поголема јачина при угорнини, кога е натоварено (летни одмори).
Теорија која е проверена во пракса.