Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 804751 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3855 на: 22 Јули 2026, 21:34:41 pm »
Ja у глобала пунам на Лукоил, а ако немам Лукоил у близина, на Макпетрол...
Ај едно потпрашање на темата... Од кога е земен Лансерот, ставам 98ца... Има ли поента да пробувам со 95ка, за да би се уштедил некој денар, или не баш? Дали стварно има осетлива (реална) разлика?

јас кога го купив ставав скоро 8000км се 98 ца.....ми трошеше рамно 10 литри градска....сега еве 30000км скоро 22000 км возам 95ка  ....по малце ми троше со 95ка околу 9 литри градска.....каа по експолозивна ми е......по тивка .......никад више нема да ставам 98 ца.......со 100ка може е по друго....не сум пробал до сеа
Благодарам за споделеното искуство! Сега и јас ќе пробам само 95 за Лансерот, изгледа дека нема никаква корист од 98.

Со 95 октански бензин секако помалку ќе троши, тоа е позната работа.

Откако го ремапирав бравото, последниве две недели сум стрикно градска, закована е потрошувачката на 9.5 литри просек со 100 октани од Макпетрол со постојано вклучена клима.

Претходно на фабричката мапа исто со постојано вклучена клима, мегу 10 и 11 литри беше градска.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34526
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3856 на: 22 Јули 2026, 22:38:42 pm »
Мали се разликите за да се извлече заклучок, има еден куп фактори. Но да, со 95 октански бензин треба моторот да работи поефикасно.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3857 на: 23 Јули 2026, 00:46:07 am »
После ремапот, на пожешко време каде при полн гас имам над 50 степени на усис, со 95ка ми го носеше палењето и до 10 степени после ТДЦ, мерено на логови и осетно чувствував дека колата снемува сила иако турбото набива 1.36 бари притисок (со фабричка мапа е околу 0.9 бари максимален притисок)

Со 100 октани е доста подобра ситуацијата, немам сеуште мерено со дијагностика, ама е осетно подобро отколку со 95ката.

Вероватно заради поголемиот број октани, кнок сензорите не детектираат дека толку предвремено детонира како 95ка и затоа најверојатно не го носи толку степени после ТДЦ.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6956
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3858 на: 23 Јули 2026, 12:28:20 pm »
Важен е и компресиониот сооднос.
каков компресионен сооднос?
Слаб сум со време и не сум активен на форумот, па еве го одговорот од Гемини:


Еве преглед од праксата како се поврзани компресијата и октаните (според европскиот RON стандард што го имаме на бензинските пумпи):
Општи правила според компресијата
 * До 9.5:1 (Ниска компресија)
   * Кои коли? Постари автомобили, едноставни атмосферски мотори (на пример, постари 1.2, 1.4 бензинци).
   * Кое гориво? 95 октани. Сосема доволно. Нема никаква корист ако ставиш 98 или 100 октани — само ќе фрлиш пари.
 * Од 9.5:1 до 10.5:1 (Средна компресија)
   * Кои коли? Повеќето стандардни бензински автомобили од последните 15–20 години.
   * Кое гориво? 95 октани за секојдневно возење. Во лето или при долги патувања под оптоварување, 98 октани може да му дадат малку постегната работа на моторот.
 * Од 10.5:1 до 12:1 (Висока компресија)
   * Кои коли? Модерни атмосферци со директно вбризгување (како Mazda SkyActiv) или полу-спортски мотори.
   * Кое гориво? 98 октани. Моторот може да работи и на 95, но компјутерот (преку knock-сензорот) ќе го врати аголот на палење за да спречи детонации, што значи дека ќе изгубиш малку од коњските сили.
 * Над 12:1 или Турбо мотори со висока компресија
   * Кои коли? Спортски мотори, тркачки коли или силно „набиени“ турбо-бензинци (каде што турбината дополнително го дига притисокот).
   * Кое гориво? 100 октани. Тука притисокот е толку голем што 95-ката лесно прави предвремени детонации.
Што е најважно да знаеш?
 * Фабричката препорака е закон: Модерните коли на капачето за гориво точно пишува што бараат (на пр. min. 95 RON или min. 98 RON).
 * Турбото го менува делот: Дури и ако турбо моторот има ниска „статичка“ компресија (на пр. 9.0:1), кога турбината ќе дувне воздух под притисок, ефективната компресија станува огромна. Затоа турбо бензинците речиси секогаш подобро работат на 98 или 100 октани.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1600
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3859 на: 24 Јули 2026, 13:57:17 pm »
По мое мислење џабе се дискусиите дали 95 или 98/100, па мала компресија па голема компресија. 2 денари мислам е кај нас разликата и затоа не гледам зошто некој би ставил 95. Колку повеќе октани толку по прецизна работа на моторот. Жими мајка трошело помалку со 95. 95 постои само зашто е поефтино. А кај нас не е. Е сеа прашање е дали добиваме премиум гориво за тие неколку денари плус. Тука треба да е дискусијата.
In an Alfa Romeo, looking good is more important than looking where you’re going.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2566
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3860 на: 24 Јули 2026, 14:04:27 pm »
По мое мислење џабе се дискусиите дали 95 или 98/100, па мала компресија па голема компресија. 2 денари мислам е кај нас разликата и затоа не гледам зошто некој би ставил 95. Колку повеќе октани толку по прецизна работа на моторот. Жими мајка трошело помалку со 95. 95 постои само зашто е поефтино. А кај нас не е. Е сеа прашање е дали добиваме премиум гориво за тие неколку денари плус. Тука треба да е дискусијата.

Генерално да, добиваме 98 октанско. Макпетрол “100“ е исто 98 октанско, што сакаат може да кажуваат. А го правевме муабетов за Шел 100 октанско зошто не носат, дека не им се исплати, дека сите горива над 98 октани се ограничени со истата максимална цена од Регулаторна.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3861 на: 24 Јули 2026, 20:08:44 pm »
На обичен атмосферски мотор 1.2 до 1.6, освен олеснет паричник, друга разлика со 98/100 октани и нема да видиш.

За тие мотори 95ка си е сосема коректно гориво со кое нема да имаш проблеми.

Бидејки октанскиот број е само спецификација на горивото колку е отпорно на притисок во цилиндерот без да детонира заради големата топлина, наместо да деторнира од свекицата.

Милјарда пати правен истиот муабет, октански број нема никаква врска со квалитет или мокност на едно гориво.

Чист доказ за тоа е плинот, има преку 100 октани, ама енергетски е послаб од бензинот, а за да ги добиеш истите перформанси како бензин, треба најмалку 30% повеке плин да троши моторот од потрошувачката на бензин за да ги даде истите перфоманси како бензин.


Мада согласно октаните што ги има плинот и доколку ремап на еден турбо бензинец се прави исклучиво на плин, мислам дека и многу повеке перфоманси би се извлекле од плинот отколку од бензинот бидејки плинот многу подобро согорува од бензинот, особено ако смешата е речиси во целост бутан затоа што мешавината се прави како гас која доста подобро се соединува со воздухот, а не капки како кај бензинот.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45131
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3862 на: 24 Јули 2026, 21:40:55 pm »
По мое мислење џабе се дискусиите дали 95 или 98/100, па мала компресија па голема компресија. 2 денари мислам е кај нас разликата и затоа не гледам зошто некој би ставил 95. Колку повеќе октани толку по прецизна работа на моторот. Жими мајка трошело помалку со 95. 95 постои само зашто е поефтино. А кај нас не е. Е сеа прашање е дали добиваме премиум гориво за тие неколку денари плус. Тука треба да е дискусијата.
Na Shell во Хрватска, ~1.6 евра е 95, 2.05 е 100. Солидна разлика е тоа.  Во Србија на ОМВ 200дин. 95, a 230дин. e 100ka.

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9573
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3863 на: 25 Јули 2026, 08:05:49 am »
Ima nekoja razlika ama neznam shto e, mene KTMot so 100ka ne mi raboti isto kako so 95ka epten e primetlivo posebno na palenje. Isto 95 od MP mu odgovara od Lukoil nikako

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4695
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3864 на: 25 Јули 2026, 13:33:36 pm »
Полнев овие 3 недели и во Хрватска, Србија, Македонија, Босна и Австрија, секогаш 95ка, во Австрија беше 95 Е10, и не приметив никаква разлика во последните 5500 км кои ги извозев. Цело време се возеше или по автопат брзо или регионални патишта, само 2 дена низ Скопје, и веројатно заради тоа не приметив ништо поразлично.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45131
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3865 на: 04 Август 2026, 15:39:21 pm »
Koa ќе напуниш на пумпа што на форум тврдат дека „има најбоље гориво у МК“:

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.